Овој ми е мој рецепт од збир на рецепти. 500 гр млеко( можеш малку повеќе или по помалку ако сакаш) 2 јајца Малку шеќер Квасец. Го загревам малку млекото да биде млако, го ставам со квасецот и малку шеќер да се стопи квасецот (пресен) веднаш ставам јајцата и брашното и месам тесто. Го ставам на стасува убаво. Стасаното тесто го делам на 5 дела, сукам мали корички, една врз друга ги редам со путер, кора -путер. На последната кора не ставам. Сукам голема кора од тестата, ја сечам кората на две па на 4 ри од 4 сечам мали тријаголници и мотам, формите не ми се исти некои се големи некои помали некои извртени на други страни и така и стасувам и печам, ставам јајце и сусам пред печење.
Извинете што доцнам со одговорот. Мелен овес- 300гр Црно брашно- една чаша (може и помалку, не сменува) Печиво Ванила Топла вода- 1 чаша Масло- пола чаша. Се меси, да се добие меко нелепливо тесто. По потреба се додава повеќе од овесот ако е лепливо тестото. Урми- 100 гр, да омекнат во топла вода. Се додава 1 лажица рогач (или какао, ореви, по избор). Од замесеното тесто се одвојува топка околу пола дланка и се замесува со смесата со урми. Останатиот дел се сука во правоаголник а втората смеса со урмите се дели на 3 дела (во форма на цилиндри, исукани со рака) и се ставаат над белиот дел, со простор меѓу нив. Белиот дел се сече на 3 дела, со по еден цилиндер од вториот фил внатре и се затвораат краевите, формирајќи ролат. На крај ќе излезат 3 ролати, се сечат на парчиња и се печат на 200 степени, 10, 15 мин да заруменат.
https://nmd.mk/prevkusni-kroasani-so-nutela-prvi-gi-snemuva-na-rodendenite/ Повели Само јас со јаболка ги правев
Во длабок сад ставам 250 мл млака вода, една рамна лажица сув квасец, 1 лажиче мед и пола лажиче сол. Мешам додека да се растопи смесата. Додавам просеано 250-270 гр 'ржано брашно и 2 лажици маслиново масло. Мешаш да се создаде густо, лепливо тесто. Оставам 40 минути да се крене на топло место, покриен садот со крпа. Потоа на стасаното тесто додавам отприлика 100 -150 гр пченкарно брашно и мешам со дрвена лажица. Смесата ќе биде леплива, такво е тестото. На хартија за печење капнувам масло, го истурам тестото и со намастени раце обликувам векна. Можеш и со хартијата да го „нишкаш" лево десно да стане како багет. И го ставам во плех, долгнавест, а можеш и во мало тенџерче. Го посипувам со крупна сол и семки по желба. Се пече 30 мин на 180 и после уште 10 мин на 220. Го исклучувам и оставам на раат, да се олади сосема.
Еве во видеово се е опишано, јас го направив првиот рецепт, ама има уште три кои исто така планирам да ги направам. https://www.facebook.com/CookistWow/videos/234489554438997/
Требаше право да ставиш рецепт тука, сите мислам би сакале Преубави изгледаaт, дај и ние да направиме
Овај рецепт го пратев https://www.elephantasticvegan.com/spinach-sesame-crackers/ ама природно го сменав малку. Лажичка сенф со малку вода растворам да дојди течно, ги мачкам од горе и прскав уште сусам и крупна сол за да дојдат убо соленки.
https://www.google.com/amp/s/gostivarpress.mk/domashna-pita-so-kompir/amp/ Тестото помеко го замесив и додека се загреа рерната покисна ...