Ова е најмногу од око праено, така да со среќа. Да, има сварена леќа, од око ставам колку шо ќе ми се јади. Во меѓувреме карамелизирам кромид, ако имам морков рендам малку. Овој пат изблендирав веган виршла и ја напрајв "мелено" и зачинвав како да е месо. Ама други пати не сум праела вака ама значително повкусно е. После доматен сос, си крчка дур е готова леќата, користам црвена. Ја ставам и неа, уште малку да крчка и готово. Е сега топчињата се "плескавици" од црвена леќа шо со тешко срце ќе речам не памтам како ги праев оти ги си ги имав замрзнато. :') Сега ќе треба да барам нов рецепт за плескавици со леќа ама од било кое зрно би било добро ( наут, леќа, грав). Од зачини религиозно користам мајоран, рузмарин, лук во прав, кромид сув и сув магданос и нормално сол и пипер. Некогаш одземам нешто, некогаш ставам друго ама некако "шема" ми е ова. Ова за од прилика шо ставив од зачини оти генерално зачинвам, пробвам, зачинвам. Некогаш ако "барам" некој вкус менвам зачини и така ...
Ахам, значи леќата варена иде во сосот. Постапката ми беше битна, и други состојки дали и какви имаше. Во четврток на мени имам паста за ручек, ќе го пробам сигурно но со прасечки ќофтенца фала ти
Мм да, деној покасно праев како лисансто со леќа, тогаш во сосот се вареше леќата ама искрено, јас сакам барем да ја подварам пред да ја додам да се допрај со сосот, не сува. Кажи како ќе се допадни.
250 гр стопен еурокрем (ја на пареа го стопив), 1 јајце, околу 140 гр брашно (ќе видите да не е течно тестото, ама да виде меко) и 1 пециво. Се меша јајцето со еурокремот и се додава брашно и пециво, па со рака се замесува. Се прави баш како тесто за колачи, со сукало го издолжив и со чашка вадев колачиња. Се пече 10мин на 180 степени. Излегуваат околу 25 колачиња. Супер се за со кафе/чај.
@TeddyGrey тартот после колку време во фрижидер ти се стегна? Дали утнав нешто во филот, ама еве веќе два часа уште е ко бааги течен
-240 гр маргарин -240мл млеко -4 јајца - 50 гр какао -300 гр шеќер -320 гр брашно -1 прашок за пециво, 1 ванилин шеќер Прво се соединуваат маргаринот и шеќерот. Потоа се додаваат јајцата и сите суви состојки. На крај млекото . Се пече на 170степени 40 минути. Тепсијата ја подмачкав исто со маргарин. Глазурата ја направив со Кандит чоколадо од Стокомак кое е убедливо најубаво за глазура. 150 гр чоколадо истопив со 2 ипол лажици зејтин.
Несквикот има шеќер. Ако не ти смета екстра шеќер, стави. Само мислам дека нема да биде толку темен пандишпанот како со какао да е правен. Пошто во несквикот нема голем процент какао, повеќе е шеќер.
Тепсијата е број 28. 5 јаболки се лупат и сечат на кругови и се редат во тепсијата, од горе на нив се поросува цимет ( ова по желба ако сакаш) и една рака шеќер. Се печат додека не поруменат. Пандишпан 4 јајца 4 лажици шеќер 4 лажици масло 4 лажици млеко 4 лажици брашно 1 пециво и еден ванилен шеќер. Се мати се со миксер прво јајцата и шеќерот па се додаваат останатите состојки. Се тура пандишпанот врз печените јаболка и се пече. Од како ќе излади малку се премачкува со 2 шлаг пени изматени. Едит: откако ќе се испече се превртува на чинија и јаболката да дојдат од горе. Ако сакаш поголема количина зголеми се со по 1 состојка и плус уште јаболка. Многу е убава и брзо се прави. Можеш и ореви да ставиш.
Кремасто испаѓа или посуво? Ми изгледа онака по кремасто и ми се пријаде сега, у 1 саат мајку му. Ако ме разбираш што сакам да кажам