Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
  2. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Посуво :) Ако сакаш внатре посочно исбоцкај го пред да ставиш глазура. Така и јас друг пат ќе направам:D Хаха труднички маки:inlove:
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.785
    @AngelOfArh рецепт за косовската пита?
     
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.961
    Допаѓања:
    37.017
    Пол:
    Женски
  5. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.789
    Пол:
    Женски
    тесто (брашно, квасец, сол, зејтин, вода) од око, средно замесено, стасано полчас
    фил -јајце, печеница, урда.
    увиткано во ролат, исечено на парчиња и прелеано со изматен путер, магдонос и лук.
    дури и без филот, само со преливот ептен е вкусно.
     
    На LejlaD, tinka-mace, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.270
    Пол:
    Женски
    500гр. Брашно
    250мл топла вода
    3 лажичиња сол
    2 лажици масло

    Се меси тесто и се одмара 15 мин. Се дели на две и се сука кора, се мачка обилно со маегарун се засекуваат краци од сонце така што да има замислен круг внатре и се преклопуваат краците врз кругот така што на крај со најголемиот крак се завиткува цела топка тесто. Се повторува со другата кора. Одмара тестото уште 15мин. Се расукува едната кора и се става во тава намачкана со маргарин (путер или маст) и се става фил по желба. Се сука у втората кора и се става одозгора. Краевите се виткаат за да се затворат и се мачка пак со маргарин (путер или маст). Се пече на 200 околу 40мин. Многу е убава, лисната, мислиш од пекара излезена. Убава е и следниот ден.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cinderella7

    cinderella7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2014
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    1.606
    Пол:
    Женски
    Паша локум

    Состојки:
    - маргарин/путер за премачкување на тавата
    - 100 гр. кокосово брашно
    Темна кора:
    - 150 гр. шеќер
    - 1Л млеко
    - 120 гр. брашно
    - 4 лажици какао
    - 2 ванила шеќер
    - 50 гр. маргарин/путер
    Бела крема:
    - 150 мл. млеко
    - 1 шлаг крем од ванила

    Подготовка:
    Се премачкува тавата со маргарин/путер и се поросува рамномерно целата тава со кокосовото брашно. Брашното, какаото и ванила шеќерот се помешуваат во еден сад и се разредуваат со помал дел од млекото да нема грутки, со мешалка. Шеќерот се карамелизира на најголема температура на ринглата додека не се истопат сите гранули и потоа се додава остатокот од млекото (поголем дел), додека не се изедначат со шеќерот на средна температура. Откако ке се изедначат (се добиваат ситни меурчиња) и се додаваат брашното, какаото, ванилата постепено со постојано мешање со мешалка (исто како пудинг кога се прави) додека не се појават меурчиња. Се исклучува ринглата и се додава маргаринот и се меша додека не се растопи. Така добиената врела смеса се истура на тавата рамномерно и се става најлон фолија да не се направи кора и се остава во поладна просторија да се излади. Откако ке се излади, се прави шлаг кремата (упатство има на самата ќесичка). Се премачкува тавата и се сече на ленти и се рола.

    Мене ми излегоја 12 ленти. Прво ја поделив на пола од едната страна и потоа уште на пола од другата страна и потоа по 2 пати од едната четвртина. Кората е мека кога се рола и може да пукне, но не е страшно се покрива со кокос и воопшто не се познава.

    Многу брзо се подготвува, само јас опширно го напишав рецептот.
     
    На MiAmor и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    29.157
    Пол:
    Женски
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.691
    Допаѓања:
    175.393
    Пол:
    Женски
    Имав неуспешен обид за чоко чизкејк.
    Не ми се погоди.
    Па после измутив пандишпан ( тој со белки и ореви) па го ставив филот од чизјејкот и печев.
    За жива глава не можам да ти дадам конкретен рецепт оти и јас веќе не знам што све ставив.
    И во филот дотурав жолчки:tmi:
     
    На eliesaab, victoria и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.521
    Пол:
    Женски
  12. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Повелете женски.
    Многу е убав,иако филот ми излезе малку потечен,не стои баш така цврсто. Можеби требаше подолго матење на филот,а можеби и така излегува. Како и да е,многу е убав и филот има ист вкус како Монте пудинг.
    Само мислам дека би било подобро кората да се пече на хартија,па откако ќе се испече да се извади хартијата и да се врати во тавче,па да се става фил. Вака печена на брашно ( иако е печена во Делимано нелепливо тавче) на некои места се рони и е потешко да се извади убаво колачот.


    Немав чоколадо во прав,па ставив какао и наместо печен лешник ставив печен бадем.
     
    На eliesaab, Nevenche26, hermosa и 4 други им се допаѓа ова.
  14. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Оваа тава ми е помала и употребив пола пакетче лазањи т.е 250 гр.
    Околу 400 гр спанаќ го обарив кратко и го измешав со 300 гр дробено сирење. Направив бешамел со пола коцка путер и една голема полна лажица брашно, 2 чешнина лук и околу 800 мл до 1 кг млеко. Од зачини само малку сол ставив. Нека биде малку потечен бешамелот за да примат корите од течноста.
    Лазањите ми беја зелени со вкус на спанаќ ама и со обични ќе биде убава.
    Корите не ги обарив.
    Редев ред кори па бешамел па од филот и се така додека не се потроши се. На средина ставив еден ред кашкавал за побогат вкус но и не мора.
    Од горе се завршува со бешамел и се пече 20 минути под фолија и се боцка со вилушката ако се меки корите се трга фолијата и се стави кашкавал и се враќа во релна додека се растопи кашкавалот.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    @theowndemon каков е тој леб со убава љиљакова боја? Ептен јако:)
     
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.200
    Допаѓања:
    175.847
    Пол:
    Женски
    Ма од ефектот испадна така и светлото чудно падна врз него, инаку е кафен, обичен чоколаден леб од банана. :D
    IMG_20201125_150430.jpg
    Јас го сакам обичниот леб од банана ама дома го сакат чоколадниот така да секогаш чоколаден се прај. Не е лилав, ама многу е вкусен, високо препорачувам. Некогаш нарочно се тргат банани настрана за да се прај.
     
    На Frosty! и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    И ти знаеш како да живееш. Звучи вкусно:l:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    @deskarada
    Ќе може рецептот те молам?
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
  20. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.487

    Повели :D
     
    На BabyD0ll му/ѝ се допаѓа ова.