Според овој рецепт го направив https://www.coolinarika.com/recept/mramorni-kuglof-sa-bundevom-i-cokoladom/
Повели Ели https://skopjeinfo.mk/se-topat-vo-usta-brzi-chokoladni-kocki-0 Колач е, ама јас го правев во округол калап за торта Извини што почека, дури денес гледам дека си ме тагнала
Проја, според рецептот треба пола бело, пола пченкарно брашно. Тука е само со пченкарно. Со бело поубава излегува.
Малку каснам со рецепто, сега видов. Кифли кроасани - 1 квасец - 1 рака шеќер - 250 гр. јогурт - 250 гр. млако млеко - 3 јајца - 1 филџан масло - 1 мало лајче сол Брашно по потреба (замесено понамеко). Се замесува убаво и се остава да кисни.Откако ќе скисни тестото се дели на 5 дела и од секој дел се вадат по 3 топчиња. Секое топче се сучи малку и на секоја кора се става маргарин (1 маргарин за сите 5 дела да се искористи), откако ќе се намачкаат со маргарин се става тестото во фрижидер 30 минути. После секоја кора се сучи голема и се премачкува со растопен маргарин. Фил по желба (еурокрем, мармалад, сирење, изворка, пица фил или било што). Одозгора се премачкуваат со жолчка од јајце измешана со малку масло. (Јас тие шо ги прам благи само ги премачкувам со жолчка и откако ќе се испечат му турам шеќер во прав, додека пак солените ги премачкувам со жолчка и му ставам сусам, ленено семе или пак ким, по желба можи било што да ставиш.)
Секси, кремов што треба да иде над пандишпанов го чекаше да се олади малку или веднаш го стави над пандишпан? И дали ти беше течен? Правам сега ама многу течен ми се гледа, не знам дали да го ставам така или да почекам да олади и да се згусне малку.
Таков е течен, не се плаши, ќе се стврдне во фрижидер (најдобро остави да преноќи, па утре сечи). Инаку оставив малку да се подолади, да не е врел.
Лепчињата се готови. Пресечени на пола задолжително ги потпекував врз мрснотијата од плескавиците и сланината. За плескавкците 1 јајце 1 кришка средина од леб натопена во млеко, 300гр мелено мисиркино, кромид, морков, пченка, кашкавал и зачини по вкус. Мешаш, формираш и печеш. Јас печев на грил тава. Количини по желба. Бургерите ги редев по овој ред! Лепче Сенф Бургер Сланина пропржена на истото тавче со бургерите Кромид кругови Салата зелка до малку мајонез во неа да се спои, да не биде разлетана на сите страни Кечап, мајонез, сенф или други сосови по желба Затвараш со горно лепче Количини одокативно!