Ќе пробам да го пренесам, го правев од ѓутуре )) Матиш со миксер 4 јајца, 200 гр кафеав шеќер, 1 ванилин шеќер, рендана кора од лимон + портокал и 100мл сок од портокал цеден сосе пулпа. Потоа откако ќе стане пенесто, додаваш 100 мл јогурт, 140 -160 гр стопен путер и мешаш пак. На страна промешуваш 340 -360 гр брашно со едно пециво, рамно лажиче цимет, малку морско оревче и прстофат сол. Добро промешуваш сувиве состојки и ги додаваш во мократа смеса и мешаш добро. Додаваш рака сечкани лешници. Калапот за куглоф го премачкуваш со масло и истураш пола од смесата. Во остатокот од другата половина, ставаш лажица какао и 3 реда грубо сечкано црно чоколадо. И го истураш врз белата прва половина, како ќе ти дојде. И со чепкалка за заби праиш шарки навнатре за да ти излезе шарен внатре Печев прво 30 мин на 180 степени, и после уште 20 на 210. Со чепкалка се проверува дали е печен, а откако ќе го исклучиш, го оставаш скроз да се олади. Јас го превртев малку топол, па ми се скрши на едно ќоше. Го посипав со шеќер во прав и вуала
Поедноставна подготовка нема Рафаело бомбички 250 мл вода 1 пудинк од ванила 1 ванилин шеќер 5 лажици шекер Се вари густ пудинк, се додава малку маегарин (30 гр) и 100 гр кокос, убаво се воедначува. Кога ке се олади се зема од смесата, се расплескува, се става потпечен лешник и се формита бомбичка. Се провалкува во кокос. Урма бомбички 250 гр пресувани урми 150 гр сецкани ореви 3 лажици какао 3-5 лажици вода Во блендер се ставаат оревите и кратко се "свртуваат" за да се исецкаат. Се додаваат урмите, какаото и водата. Се блендираат кратко за да се воедначи смесата. Се формираат бомбички и се валкаат во какао прав. Брзо, лесно и превкусно
@Sexybaby86 , повели: 2 средно големи, добро узреани банани 30мл. растопено кокосово масло или сончогледово масло 50мл. мед (течен, некристализиран) 1 јајце, на собна температура 1 кафена лажичка екстракт од ванила (ако немаш, 1 ванилин шеќер ќе заврши работа, ама тогаш нема да се мафини без шеќер ) 110 гр. брашно ( јас си експериментирав, па ставив само 50 гр. стандардно, саморастечко брашно и 60 гр. брашно од овесни снегулки. Во оригиналниот рецепт е обично брашно) 3/4 кафена лажичка сода бикарбона 1/2 кафена лажичка цимет 1/4 ѓумбир во прав (тоа немав при рака, па заменив со мускатно оревче, ама претпоставувам дека рецептов ти е за дечињата, па мислам може да ги скокнеш зачиниве. И онака не се осеќаат на крај, преовладува вкус на банана и чоколада) 1/4 кафена лажичка сол 80гр. ситно исецкана чоколада 60% (ставив од 85% и искрено сметам дека ова е премногу чоколада за оваа доза. Следен пат би ставила 50 гр. Ти сама прецени си) Рерната ја загреваме на 180 °. Во длабок сад се пасираат бананите, па се додаваат маслото, медот, јајцето и екстрактот од ванила. Се разбркува до изедначување на смесата. Со засебен сад се мешаат брашното, содата и зачините, па се додаваат во садот со банани. Повторно разбркуваме и на крај ја додаваме и чоколадата. Ги полниме претходно подготвените калапчиња (со 2/3 од смесата). Ако калапчињата се силиконски, нема потреба ни од подмачкување, ниту од хартиени кошнички. Излегуваат 8 - 10 мафини, во зависност од големината на калапчињата. Се печат на 180° околу 20 -22 минути (тестот со сува чепкалка за заби ). На здравје. Спојлер
Леле предобро звучат, мора да ги направам деновиве. Цимет ќе ставам јас, јаде големава, мислам дека ќе ги бендиса ептен. А и ние богами Фала ти
Сварен пилешки стек (јас ставив 3 парчиња, колку што беа во ќесата), потоа откако ќе се свари се дели со вилушка (shredded) 200гр крем сирење пола ќеса замрзната златна мешавина, одледена и сварена рендан кашкавал (од око ) лажичка сол и црн пипер 1 лажичка лук во прав 1/2 филџан мајонез 1/2 филџан павлака Рендан кашкавал и магданос за одозгора 8 тортиљи 1 јајце Се мешаат заедно пилешкиот стек, крем сирењето, златната мешавина, кашкавалот и зачините. Се полнат тортиљите со мешавината. Се мотаат како на сликата и се ставаат во подмачкан плех за печење. Се подмачкуваат одозгора со јајце и се печат на 180 степени 10тина минути додека не поруменат и не станат крцкави. Потоа се мешаат мајонез, павлака, кашкавал и магданос, се вадат тортиљите од рерна и се истура од сосот одозгора. Се пече уште неколку минути да се растопи кашкавалот, а бојата да биде златно-кафеава.
Margarin i zdenka na dolnoto lepche, senf na gornoto, kaskaval, spanak i maslinki i kecap proprskano, tolku
100 гр. урми 100 гр. ореви 100 гр. индиски оревчиња 30 гр. какао малку каранфилче рогач во прав 2-3 лажици вода (ако затреба- не е задолжително) Прво во блендер ги ставив оревите и индиските оревчиња, потоа урмите и водата. Со рака правите топчиња. Јас ги валкав во какао.