@BabyT* рецептот ми е со рогач ама прв пат ставам и ставив многу малку, од прилика една мала лажичка. Претходно и без него ги правев, ок се и така.
Да, повели. 250гр омекнат маргарин 500гр брашно 400гр сирење Омекнатиот маргарин и сирењето ги гмечеш со вилушка, и постепено додаваш од брашното и месиш. Треба повеќе месење да се соедини смесата. Сукаш кора и вадиш форми. Се печат на 180 степени околу 15 - 20 минути (додека поруменат). *сирењето пред да го ставиш измиј го малку, бидејќи вака малку солени излегоа. Ама многу вкусни се
Повели 1 + 1/3 чаша брашно 1 лажица пециво 1/4 лажица сол 1 лажица цимет 1 чаша мелени ореви 2 јајца 2/3 чаша шеќер 2/3 чаша зејтин 1 лажица ванила 2/3 чаша изрендано јаболко 1 + 1/3 чаша изрендан морков 1/2 лажица сода бикарбона *чаша од 250 мл *супена лажица Се пече една кора, во голема тепсија, таа од рерна обложена со хартија за печење, во прeтходно загреана рерна на 170 степени. Фил: 250 гр путер (јас ставив 170 гр) 250 гр крем сир (јас ставив 270 гр) 250 гр шеќер во прав (јас ставив 200 гр.) Состојките од филот се мешаат со миксер. (Јас додадов и малку сок од лимон во филот бидејќи не сакав да се осеќа мирисот на путерот). Пандишпанот се сече на три ленти и секоја од нив се премачкува со фил.
@Chanell* Само да го преведам од Турски, ќе споделам и линк -Пола чаша ориз ( за погусто може и чаша ориз) 2 чаши вода 1л млеко 1 ванилин шеќер 3 чажици нишесте пола чаша млеко 1 чаша шеќер Се вари оризот со водата. Чим ќе биде сварен тс, ќе ја упие водата се додава млекото и ванилин шеќер. Се остава да врие ш заедно па се додаваат 3 чажици нишесте растопени во пола чаша млеко и чаша шеќер. Се остава да врие, и после се редат во здели и се ставаат во тепсија. Во тепсијата ќе додадеш вода до пола од зделите. После во фурна загреана на 180 степени да фатат малце коричка Не знам дали добро објаснив, но види го видеото ептен лесно се прави