Точен, детален и во мерки и во постапка. Значи точно стави намирници колку што пишува, не додавај повеќе брашно. Одлично е тестото, само внимавај да не ги препечеш, може не треба десет минути, зависи од рерната.
Девојки ајде помош ќе ве молам - гледам српски рецепти, пишува dag, пример 35 dag шеќер. Што значи тоа? Мислам дека е лажица, ама да си прашам.
200 гр путер , 250 грама фета или урда и 200гр брашно (плус уште малку ако лепи тестото, треба да не лепи). Се меси со рака и се остава 1 саат во фрижидер. Се расукува околу 1cm, се вадат форми, се мачка со жолчка и се пече 15 мин на 200 степени. Многу се убави. Ако ставате урда, додадете сол.
Како ти успеа вака убави да ги направиш? Јас неколку пати пробав и завршија во канта, ќе може ли рецепт?
@BabyD0ll @anggell @theowndemon По овој рецепт ги правев. Искрено, првио пат ги утнав и јас, малку се деликатни за правење. Многу е битно да не ја мешаш смесата премногу, а ни премалку. Обавезно кога ќе ги правиш пред да ги оставиш да фатат коричка тепсијата да ја чукнеш неколку пати од маса да немаат балончиња воздух внатре. И најбитно воздухот во собата кај шо ќе стојат треба да биде сув. Ако е влажен воздухот кога ќе се печат ке си останат рамни. И да не ги печиш на висока темп. оти ке ти спласнат. Многу убаво објаснува дечкото во видеото изгледај го неколку пати и пробај. Едит: Јас друг фил направив. 200 мл хопла и 150 гр црно чоколадо се ставаат на шпорет да се растопи чоколадото. Се лади вп фрижидер. Се мати со миксер и се филуваат. https://www.facebook.com/thejoshuaweissman/videos/382458252863566/
5јајца 250 гр шеќер 200 мл масло 200 мл јогурт 400 гр брашно 1 пециво Се матат јајцата со шеќерот па се додаваат останатите состојки и се меша со лажица.Се истура во тава и одозгора се става една кеса смрзнати малини и 100 гр чоколадо. Се пече на 180 степени 30-40 мин
Пирошките се си готови кори 300г.кашкавал 300г.шунка (меин) 5-6 кисели краставички (зависи колку се големи) Мајонез (томи) Шунката, кашкавалот и краставичките се рендат во сад и се става мајонез да се соедини смесата (не премногу) Корите се сечат на половина (јас ги зимам кумановските) и се става околу една лажичка на почетокот од кората, од двете страни се витка кората и се моти. Излегуваат околу 30тина пирошки. Се оставаат една ноќ во замрзнувач и другиот ден се пржат. Се пржат замрзнати, се овалуваат во кисела вода, јајце па во лебни трошки.
@joy1 ќе може рецепт од тие лепените колачи? И како го правиш тестото за пица, рецепт плс ? Го оставаш да отстои или одма откако го замесуваш го редиш?
еве за колачите обавезно да ги оставиш да одседат неколу часа пицата -500 гр брашно 1 пециво 1 сув квасец една мала лажичка шеќер малце сол 3 лажици масло и 2 филџана вода да седи на топло еден час После редиш