1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    982
    Допаѓања:
    17.165
    Пол:
    Женски
    Тоа л е лажица, да. Пишува во рецептот 20 лажици, ама зависи од брашното, некогаш ми се доволно тие 20 лажици за тестото да биде таман меко како што треба, некогаш додавам и плус по потреба. Од оваа доза ми испадна чинијата што ја споделив во фемина инстаграм и уште една иста таква. Можеш да си зголемиш по потреба, или да преполовиш.

    Се сечат прво поголемите кругови, со модла ако имаш, ако не можеш и со чаша со средна големина, а потоа на средина со најобично капаче од шише, па потоа ги пржиш. Декорацијата ти е по желба, можеш само со чоколаден прелив и шеќер во прав ако ти е за побрзо и топли да ги јадеш. Јас денес имав повеќе време и топев бело и црно чоколадо на пареа, па ги потопував до половина и од горе им наросив мрвици. Во секој случај, како и да одлучиш да ги декорираш - немаш промаш. :)
     
    На kjukli и rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr им се допаѓа ова.
  2. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Па баш твоите се за со чоколадо оние што немаат празно на средина се за со прелив повеќе.Баш таман дозата.Јас од мои рецепти имам правено многу излегуваат.И мнгу се меки треба да го побарам рецептот.И мајка ми што знае нејзин рецепти тие се мн.лесни.Ке ги пробам твоиве.Значи не се остава да кисни тестото? :D
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.600
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
  4. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Sakam da gi imam receptite zaedno so prikacena slika.
    Kako mozam toa da go organiziram na hartija?
    Nekoja idea!
    Blagodaram
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.792
    @Eli23 Немам рецепт:rofl:. Пред некоја година прочитав тука како се прави и сега после долго време по сеќавање ги направив.
    Јаболката ми се од свеки:angel:, био, па не ги лупев туку само убаво ги измив. Средниот дел целосно го отстранив и во празнината ги пополнив со гореспоменатите состојки. Во однос на состојките е флексибилно. што имаш во моментот тоа. Мене мигдалчињава некако не ми беа по ќеиф. Само со оревчиња е подобро.
    Знам дека и со цимт е многу вкусно, но немам во моментов.
    Се печат додека кората не фати боичка. И тука на саат не гледав многу. Околу 15 мин на 200степени ми се чини беше.
     
    На fairy88, Eli23 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.600
    Допаѓања:
    48.966
    Пол:
    Женски
    Јас мислев да не се кармелизираат јаболките од надвор.
     
  7. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.954
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    @Viktorijaaa5 Vikcee eve go mojot desert spored tvojot recept, so mali izmeni vo sloevite i ne staviv korasani :) Preeeevkusna e i prelesnaaaa, nareden pat i kroasani i stavam :P
     

    Прикачени фајлови:

    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.490
    Пол:
    Женски
    Каснам ама можеби сепак некому ќе биде од помош.
    Јас иако сакам било која тестенина да биде сварена ако не и преварена, мајка ми никогаш не ги вари.

    Кога и да пече без разлика за каква тестенина станува збор, додава во тавата кисела вода, на тој начин ем се печат ем се варат.
    И на крај излегуваат вкусни не се ни приметува дали биле варени или не, а и се заштедува на време.
     
    На joy1 и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Ама со каков сос прави мајкати или?
    Кисела вода и томатело или хопла никако не одат што знам :?::D
     
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.490
    Пол:
    Женски
    Ги потпекува прво со киселата вода, и откако ќе испари, речиси да ја нема, тогаш додава сос.
    Мислев на било какви тестенини не само на канелони :)
     
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @lovemme Ако може рецепт за последниот десерт, т.е ледените коцки? Совршено изгледаат :D
     
    На joy1 и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  12. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    5.126
    Пол:
    Женски
    Извини што каснам со одговорот. :)

    За оризот:
    Исецкав пола главица кромид така средна големина, го ставив да се динста и одма му ставив малце сол и бибер за да омекне.
    Со кромидот го ставив и морковот да се динста пошто е тврд и му треба време да омекне (тоа е произволно зависи колку морков сакаш да има толку ставаш) и малку магдонос да освежи.
    Откако ќе подомекнат зеленчуците го додадов оризот (повеќе од пола шоља) да се пржне малце едно 10 минути ама не на многу јако за да не загори, па на крај ги додадов свежите печурки и тие да подомекнат и да се пржнат.
    А во меѓувреме на страна ставив околу 3 шољи вода со 1 лажичка вегета, ловоров лист и малку копар, оригано и многу малку кари за шмек, да зоврие и кога ќе биде готов зеленчукот ја додавам водата и оставам минутка да повријат заедно.
    На крај се заедно ставам во рерна на 180-200 степени да се пече, готово е кога водата ќе испари ама да си провериш само да не е суво.
    Ако е суво ќе додадеш уште малце вода и ќе печеш уште кратко време.

    А за јаболката поедноставно здравје:
    Јаболката ги исеков на пола, ги исчистив од семки и малку ги вдлабнав за да има место за "филот".
    Ги наредив во тавче, и во влабнатината им ставив мешавина од мелени ореви, шеќер и цимет.
    Со лажица врз секое јаболко ставив по малце вода за да не изгорат оревите и + додадов во тавчето за да омекнат јаболката.
    Се печат на 180 степени околу пола саат дур да омекнат, и се оставаат малце да се оладат.
    Шлагчето изматено одозгора шлап и тоа е тоа. :)
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  13. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    29.039
    Пол:
    Женски
    elj jas pravev isto polneti potpeceni jabolka pred nekoj den.. Isto gi izdlabiv vnimatelno ostavakji gazer za da ne protece smesata... Zasekov uste eden kruc na rastojanie pola pola od dlabenoto do krajot na jabolkoto i uste nekolku rezovi na jabolkoto no ne do kraj.. Mislam deka me razbirash... Kako cvet neotvoren samo zasecen.. Kako da ti objasnam(za gosti mi bea topli se izedoa ne slikav).. Jas gi napolniv so starskite karameli na pionir onie kafenite, orevi i suvo grozje. Ma strana napraviv preliv od puter, so kafen sheker i cimet i gi priliv jabolkata ubavo da navleze i vo procepite... Pecev 20tim ma 200-220se dodeka ubavo ne se iskaramelizira jabolkoto. . Servirav so domashen sladoled vanila... Nesto prekrasno...se izede za sekunda:)
     
    На Annath и Eli23 им се допаѓа ова.
  14. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Pred nekoj den,ne se sekavam koja feminka bese,imase postaveno slika od pohovani peceni kompiri,jas se vrativ nekolku str.ama ne go pronajdov,ako ne i e tesko da pise recept:f:@Umbrella22 .sega vidov,recept pliis:)
     
    Последна измена: 22 октомври 2015
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.490
    Пол:
    Женски
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Сега решив да ги правам, само имам едно прашање: колкави се овие мали шолји? :?: :$

    По моја проценка би било 250мл млеко + 250мл јогурт?
     
    Последна измена: 22 октомври 2015
  17. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Receptot e mnogu lesen i prevkusen

    Lupenite kompiri gi secis na krugcinja, gi stavas vo dlabok sad i dodavas mnogu malku maslo i zacini jas staviv osnovni zacini (sol, vegeta, crn biber), mesas so race i ostavas 5-10 min da odstoi.
    Tavata ja oblozuvas so hartija.
    Edno po edno krugce valkas vo prezla i gi redis vo tavata (edno do drugo, nemoj da stavas od kompirite eden vrz drug, ako otkako ja napolnis tavata ti ostanat kompiri stavi gi vo druga).
    Kompirite gi stavas vo rerna da se pecat.

    Prevkusni se dodeka se topli.
    Mozis da gi macnuvas vo pire od domati ili vo jogurt. Milina
     
    На Annath, bella.s, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Еве меее ..трчам со рецептот :hai:

    За грчкава пита потребни состојки се : едно пакување замрзнато лиснато тесто ( јас користев на Полар) 300 гр. спанаќ (а може и блитва ), 250 гр. фета сирење, еден среден кромид, малку сок од лимон, мајчина душичка, (јас ставив и био зачин ) 2 кашики свежо насецкан магдонос, , пола кашиче мускатно оревче, малку сол и бибер и 2 лажици стопен путер.

    Исчистениот спанаќ прво се бланшира во врела вода околу 2 мин. Се става да се исцеди убаво и олади. Се сецка кромидот и се динста на маслиново масло додека не омекне.
    Спанаќот убаво треба да се исцеди од водата, се сецка и се става заедно со кромидот, иситненото фета сирење, магдоносот, и останати зачини (по вкус), сокот од лимон и сето тоа се меша убаво.

    Се подмачкува тепсија ( може и онаа за тарт ) и се става едната кора од лиснатото тесто на дното, ( малку поразвлечена треба да биде и преку тепсијата да и бидат краевите ) се премачкува со стопениот путер и се распоредува убаво филот на неа.
    Потоа се става другата кора од лиснатото, а краевите убаво се подвиткуваат заедно со краевите од долната кора, за да не тече филот. Се премачкува со остатокот од путерот. Јас ја избоцкав со вилушка горната кора ( еднаш кога ја правев, ептен ми се подигна, па сеа ја избоцкав на неколку места, да седи мирна :!: ). Се пече на 180 степени околу 30 минути.

    Се јаде и топла и ладна, како предјадење или јадење.
    Јас сум обично по топло тесто :pizza:, ама мене оваа пита повеќе ми се допаѓа изладена.

    Ако ја правиш, сподели тука како си задоволна.. и слики исто (zilmer)се разбира !

    Убав продолжен викенд :bow:
     
    На Giovanna, Annath, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    61.355
    @LivingGlam добра ти е проценката (y)... Под „мали шолји“ се мисли на старите шолји за кафе кои отприлика собираат 120мл течност!!!
    Успешна работа, а кога ќе бидат готови кроасаните почести не со една фотографија :)...
     
    На Annath, LivingGlam и Eli23 им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Благодарам за одговорот, така ги направив. Сега ќе ја ставам првата тура на печење, држи среќа :)
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.