@Annath https://www.coolinarika.com/recept/najbolje-kiflice-ikad-d/ Еве го,Сексибејби го рашири вирално во 40ка,сите ги направивме Јас го стоплив млекото дека јогуртот ладен од фрижидер беше. Дозата е за еден плех,дуплирај ако практикуваш да смрзнуваш.
Ајсингот стандард-една белка се разбива со миксер но да не биде во цврст снег, а пенаста и се става 250гр шеќер во прав и половина лимонов сок. Колку повеќе разбркуваш со миксерот толку повеќе станува бела и потоа нема потреба од правење бела боја. Ваквата смеса е доста густа но потоа со додавање на малку вода се добива потребната густина. Најубаво е за надворешната ивица да биде погуст ајсингот, а веќе за внатре поредок. Јас не ги чекав да се сушат природно слоевите, а ги сушев во рерна на 50 степени но, само одозгора. Многу ми беа мали формите и ми беше тешко за цртање, најубаво на форми кои се колку една дланка.
Рецептов тука го сподели @TeddyGrey , еве баш да и се заблагодарам ,стварно преубава и ептен вкусна торта .
не знам дали ќе ти се отвори линкот ,затоа слика ставив дополнив по мое во тестото: рибизли, боровинки ,лешници и бадеми, од кога се испече ,стопив 2 чоколади со малку маргарин и го посипував од горе постепено за цело да се покрие , и одозгора наредив боровинки и рибизли со малку бадеми и лешници искрено прв пат го правам по рецептава и многу е вкусно ,се надевам ќе ти се допадне ,еве како изгледа внатре https://sezahrana.mk/едноставен-шарен-куглоф/
Рецепт за роланата баклава плис. Лиги ми потекоа од пресекот Спојлер Што е тоа на првата слика и рецепт ако може
Тоа јадење е измислена салата - мешаница од црвена и обична киноа, наут од тегличка, морков, црн грав од конзерва, мешаница од семиња. Од зачини ставив куркума, мешан зеленчуков зачин од тегличка, маслиново и кога се се излади, му додадов и лажица јаболков оцет и целото го измешав.
@Antolinaa Филот вака се прави: 5 јајца се матат со миксер со 4 лажици шеќер. Се додаваат околу 500 гр мелени и сецкани ореви, 1 ванила, малку рендана кора од лимон, 1 пециво, 2 лажици брашно и 3 лажици какао. Се меша се убаво со лажица да се изедначи смесата. Се редат 4 кори една врз друга и меѓу нив се попрскува малку масло и на 4тата кора се става филот и се витка. Потребно е 500 гр кори. Шербетот се прави со 1кг шеќер, 750мл вода, 2-3 тркалца лимон без лушпа и ванила. Се вари, да врие околу 15 мин. Се остава да излади да биде млак шербетот на изладена баклава.