Време ми е за Билобил. Еј, ако ми веруваш две минути ми трае памтењево. Еве да не ме потсетеше дека си ми барала рецепт, ќе го чекаше којзнае до кога. Повели.
Ти благодарам. И јас имам меморија на златна рипка, ми текна ко ги видов. Ќе постирам слика ко ќе го измастеришам рецептот.
Мајка ми ја правеше, но, по истиов рецепт ја прави што ќе ти го пратам. Многу лесно и брзо се прави, плус дека е без печење. https://moirecepti.mk/post/касато-торта-2
И превкусна е. Вака е поедноставно, но доколку сакаш еклери наместо во цел плех да го ставаш тестото правиш со шприц форми, а откако ќе се испечат ги сечеш на половинка и ги полниш и доволно е 1 тесто. Додека за торта се потребни 2 теста. Еклер торта Тесто: x2 - 250 мл. вода - 125 гр. маргарин/путер - 2 лаж. шеќер - 1 прстохват сол - прашок за пециво - 150 гр. брашно > Водата и маргаринот се ставаат на рингла да изедначат. Се додаваат шеќерот и солот, па постепено се додаваат брашното и прашокот за пециво со добивање на глатка смеса. Се остава да се излади. --------------------------------- - 4 јајца > Во изладеното тесто се додаваат едно по едно јајце и се миксира додека не се добие изедначена смеса. Се пече на пек папир на 200 C, 25 мин. Крема: - 250 мл. млеко + 700 мл млеко - 3 жолчки - 2 пудинзи од ванила - 8 лаж. шеќер - 2 ванила шеќер > 700 мл млеко се става да зоврие, а останатите состојки се соединуваат и се додаваат во зовриеното млеко и се прави како пудинг. Кремата се покрива со најлон фолија. -------------------------------------------- - 125 гр. маргарин > Во изладената крема се додава маргаринот и се миксира. -------------------------------------------- - 300 мл. хопла > Во посебен сад се миксира хоплата. ----------------------------------------------------- - 200 гр. црна чоколада (стопена) Откако ќе се изладат тестата и кремот, се филува тесто, крем, хопла, тесто. На врвот се премачкува со стопена чоколада.
Заборавив да пишам дело на Маже. Некој си нов вид на пирошка, дел полнети со руска салата, дел со врат, кашкавал и печурки.
Имаш рецепт? Многу вкусно изгледаат, инаку не јадам јас баш многу пирошки ама ме фатија за око овие сега.
Јавна благодарност за рецептов за топено сирење, ем прелесно, ем превкусно. Обавезно го правам еднаш месечно.
Секако. Потребни ти се 400г пишкоти, може и помалку, зависи од садот во кој го правиш. 500г маскарпоне 4 јајца 2 лажици марсала вино, ако немаш, може рум или коњак, јас овојпат рум ставив. 100г шеќер во прав 250мл јако еспресо Какао за посипување. Се двојат белки и жолчки од јајцата. Се матат жолчките со шеќерот да се добие крем со светло жолта боја. Се додава маскарпонето и се мати да се изедначи, најубаво со миксер. Тука се додава и виното/румот. Се прави еспресото и се остава да се олади, може да додадеш лажиче рум во него. Белките се матат во цврст снег, и постепено се додаваат во кремот од жолчки и маскарпоне, притоа се меша со шпатула/лажица. Во длабок сад се реди слој пишкоти натопени во еспресото (не ги топи многу, ќе се распаднат), потоа се става половина од кремот, па уште еден слој пишкоти. На крај се завршува со другата половина од кремот и се посипува со какао. Се остава во фрижидер да се стегне. Е сега, пошто не сакав живи жолчки да оставам, иако јајцата ми се тазе домашни, ги матев на пареа. Врз сад што врие на најтивко се матат и да се внимава да не се згрутчат. Смесата многу се згуснува кога се лади, да не те загрижи тоа. Не се меша топла со маскарпоне, барем да се олади малку. Користев и желатин според упатството на ќесичката, за да ми биде цврст кремот, а го ставив сосема на крај. Порано кога правев тирамису, не можев да го сервирам убаво, оти кремот ми беше течен. Дали до сирењето е или нешто друго, не знам. Може да се направи и во чаши, како посебни порции, уште поубаво изгледа.