https://nmd.mk/achmi-turski-gevrechina-prevkusni-pamuk-meki-se-topat-vo-usta-za-merak/ Јас им ставив плус маслинки. Следен пат здравје со сланина ќе ги пробам.
Пржен стек со така повеќе теријаки сос и сусам, се од око, нема рецептДругото брокула и печурки пропржени и сварен ориз. Ручек за 10 минути
Малку е интензивен и тежок, ама мм прсти излижа. Инаку прво се запржува лук, 2 или 3 парчиња. Потоа се става соја сос, мед и кечап. Се пржат сите заедно околу 10тина минути, додека не се добие бордо хомогена боја, мора да се изедначи бојата. После е спремно за јадење. Инаку од око ставав, точна мерица немам. Од прилика 4 лажички мед, повеќе од пола филџан соја сос, и половина филџан кечап.
Благодарам, повели рецепт Cheesecake Тесто: 300гр мелена плазма, 130гр путер, 100мл млеко. Се топи путерот со млекото, се додава мелената плазма се меша добро и се натапкува убаво на дното од калапот (мислам дека бр 26 е мојот,ама за ова не сум 100% сигурна). Фил: 500гр маскарпоне, 200гр шеќер во прав, 500мл хопла, 100мл млеко, 1 кесичка желатин. Се мати со миксер хоплата, во друг сад крем сирењето со шеќерот па полека се соединуваат матејќи. Во 100мл топло млеко се топи желатинот кој претходно е припремен по упатството од кесичката и се додава во филот. Смесата се нанесува над тестото во калапот и се остава во фрижидер најмалку 5-6 часа (или преку ноќ) Овошен слој: 300гр црвено овошје (јагоди,малини,боровинки, капини...), 2 ќесички ванилин шеќер, 1-2 лажици шеќер, 100-150мл вода, 1 ќесичка желатин. Овошјето со водата, шеќерот и ванилиниот шеќер се става на оган да поврие 5-10минути,се додава желатинот да се растопи (претходно припремен по упатството), малку да се олади па се тура над белиот слој.Се остава неколку часа во фрижидер да желира овошниот слој.
Нема рецепт, од Кам е тестото. Само многу се сиромашни со мастраф, ако ги печеш така. Ги мачкам целите со зејтин, рендам кашкавал и редам печурки, а некогаш и маслинки ставам, сега не. Печам некои 20тина минути додека не зарумени и не се стопи кашкавалот. Кога немаш време за ништо, супер комбинација