Да убави беа. Па треба брашно по потреба. Мене не ми требаше повеќе брашно, и јас се намачив малку со месењето на тестото ама ми успеа.
Марула, пченка, кубети, стек и heinz готов сос за цезар Некогаш ставам и кашкавал или пармезан сега заборавив. И варени јајца . Супер е и малото ептен ја бендиса со сласт изеде цела чинија
5 јајца 10л.шеќер 10л.гриз 5л.брашно 1пециво се заедно се меша ,се пече на 200ст шербет:800гр шеќер,400гр вода,1ванила Рецептава е за обична раванија јас си ја менувам често ......не сакам многу благо па ставам помалку шеќер во шербетот, плус половина лимон и додадов лажица боровинки во тестото ,а одозгора ставив чоколаден шлаг
200г брашно, 120г путер, едно јајце, 80-100 г шеќер (јас 50г ставив, благи се), две ванили, малку прашок за пециво, и малку сол. Се мати јајцето со шеќерот и ванилите да се дуплира, се додава растопениот путер, се меша, се додава и брашното и прашокот за пециво со солта, просеани. Се меша убаво, јас со миксер го правев, со раце не го месам. Со шприц за тулумби се истиснуваат форми на хартија во плех, се печат десетина минути во загреана рерна на 180 степени. Ако немаш шприц за тулумби може да пробаш со обичен шприц за украсување, ама мене не ми успева, не се истиснува тестото убаво. Дозата е за 15тина колачиња. Или повеќе, ако ги направиш помали.
400 гр. плазма, 300 гр. маскарпоне или некое друго крем сирење (јас употребив abc), 500 мл. хопла, 3 филџани сварено црно кафе, 60 гр. шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, рум и какао за наросување. Се мати хоплата. Во друг сад се мешаат крем сирењето, шеќерот во прав и ванилиниот. Во оваа смеса се додава речиси целата хопла (јас оставив само некои си две лажици на страна за да не испадне многу мек филот) и рум по вкус. Во свареното кафе кога сосем малку ќе се излади, се натопуваат парчињата плазма и се редат во стаклен ватростален сад од оние правоаголните за полесно сечење потоа. Врз плазмата се става половина од смесата, па повторно уште еден ред плазма натопена во кафе и преостанатиот фил. Се наросува со какао и се остава во фрижидер преку ноќ, барем 10тина часа.
200г.шунка 200г.кашкавал 200г. Печурки Кумановски кори и ќечап. Се сецкаат шунка и кашкавал во сад, се додаваат печурки (шампињони - свежи или маринирани) па ќечапот да се соедини смесата Потоа во плех ( мора малку зејтин и брашно пред да се стават корите) на секои две кори се става смесата. Пред да се става смесата на кората се премачкува растворено пециво во газирана вода и зејтин. Одозгора се премачкува едно јајце па сусам. Добар апетит
Грчки колачи Состојки:3 јајца,3 шољи шеќер,3 лажици мед,1 шоља масло,1 шоља млеко,1 шоља свинска маст,750 гр.брашно,1 пециво. Глазура:100 гр.чоколадо,1 лажичка какао,5-6лажици млеко,1 лажичка путер. 50гр кокос,мармалад по желба. Маста се топи и се остава малку да се олади.Од сите состојки се замесува тесто,кое се расукува во кора,и се вадат колачиња со калап.После се ставаат на намрсено тавче и се печат на 200 степени,малку да зацрвенат.Откако ќе се изладат се лепат со мармалад,па се потопуваат во глазурата од чоколадо,и на крајот во кокосово брашно. За глазурата се става путерот и млекото на тивок оган,да се стопи путерот,се додава какаото и на крајот коцките од чоколадо.
Може,секако Не ја правам по некој посебен рецепт зашто моиве дома не ја сакаат со месо па ја правам со пица фил . Значи редам прво лазањи потоа ставам бешамел сос (кој го правам со 40 гр.путер да се стопи па додавам 40 гр.брашно да се пропржи па потоа постепено додавам 400 мл.млеко ,сол и мускантно оревче и вариш да добие на густина ) па претходно спремениот фил(најчесто сланина,кашкавал,печурки,кечап и оригано) пак редам лазања по истиот редослед и на последната лазања само од бешамелот и рендан кашкавал. Печам 30 мин.со фолија и после ја вадам фолијата и ставам листови топено сирење и уште малку во релна колку да се спои се заедно .