Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    8.467
    Пол:
    Женски
  2. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    32.787
    Пол:
    Женски
    Навистина се премеки :D

    500мл млака вода
    250мл масло
    5 лажици шеќер
    1-1.5 лажица сол
    1.5 коцка свеж квасец
    Брашно по потреба за да е меко тестото. Почнав со помалку од 1кг па додавав по потреба.
    Се месат заедно состојките и потоа се прават топчиња.
    Се мачкаат со смеса од 150мл вода, две лажици брашно, 2 лажици масло и малку сол, па се реди сусамот.
    Се печат на 220 степени околу 20 мин.
     
    На mal.ecka и hermosa им се допаѓа ова.
  3. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    4.088
    Пол:
    Женски
  4. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    33.246
    Пол:
    Женски
    Прв пат ги правам и тоа од памет.
    Имав леќа за ручек а дете последно време не ја јади па направив за него.

    Леќата сварена со зачини, но без запршка. Одделив неколку лажици и ја оставив да се цеди.
    Потоа со вилушка ја изгмечив додадов малку чадено мевце на ситни коцки, едно јајце, малку вегета и брашно. Пота ги измешав со лажица и ги пржев.
     
    На mal.ecka и smooch им се допаѓа ова.
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    9.141
    Пол:
    Женски
    @Annath ,дај рецепт за браунис
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.672
    Допаѓања:
    202.261
    Пол:
    Женски
    6 презреани банани
    1/2 шолја какао
    Шолја путер од кикирики.
    Се меша убаво да се добие хомогена смеса, се истура на хартија во тавче и се пече во загреана рерна на 200 степени 15-20 минути, да фати убава кора одозгора. Кога ќе се излади, сечеш и јадеш. Дури е топло е многу меко и се распаѓа ако го сечеш.
    Може да додадеш шеќер ако мислиш дека не е доволно благо, ама нема потреба. Може јатки некакви да ставиш, околу 100 г.
     
    На CareTee, LejlaD, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  7. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    6.134
    Пол:
    Женски
    @Berguzar Молам рецепт за тортата превкусно изгледа ❤️
     
  8. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    4.088
    Пол:
    Женски
  9. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.503
    Пол:
    Женски
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    61.496
    Лили рецептот ми е "од прилика" :)
    Ноо... тебе не можам да не ти напишам рецептче :hug:
    500 гр брашно
    250 мл млака вода
    1 пакетче сув квасец
    1 лажичка шеќер
    2 лажички сол
    5 лажици маслинов зејтин
    Се замесува тесто и одма тенко се растегнува во тава. Се премачкува со истолчено лукче со малку вода, се наросува црвен пипер и сусам.
    По желба може да се додаде, но и не мора, рендано сирење, кашкавал... Се сече на ленти, се остава на топло да нарасне и се пече во загреана рерна.
    ПС По многу испробани рецепти овој ми е најдобар... состојката "тајна" е маслиновиот зејтин.
     
    На pikabu5, oblace1, hermosa и 5 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    фала :*
    ја со мед ги праам ама баш да ги пробам овие, ептен вкусно изгледаат
     
    На mal.ecka и Val-Dim им се допаѓа ова.
  13. La.RagazzaMisteriosa

    La.RagazzaMisteriosa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    10.844
    Пол:
    Женски
  14. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.404
    Допаѓања:
    126.842
    Значи дека ако маслото не е маслиново нема да го биде?
     
  15. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    4.088
    Пол:
    Женски
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.672
    Допаѓања:
    202.261
    Пол:
    Женски
    4 шолји снегулки по избор, овесни, 'ржани, јачменови - јас ставам две шолји овесни, по една шолја од другите.
    шолја јатки по избор (орев, бадем, лешник - најчесто правам со бадеми, едно ќесе непечени е доволно, само да ги исецкаш)
    шолја кокос
    мешани семиња една ќесичка (не мора)
    малку сол
    лажица цимет
    пола лажица мускатно (морско) оревче - многу го сакам како зачин

    Сето ова го мешаш во длабок сад.
    Посебно мешаш 100 г растопен путер, малку екстракт од ванила и две полни лажици мед да добиеш компактна смеса. Со таа смеса ги полеваш сувите состојки и мешаш убаво да се добие рамномерна смеса, сите суви состојки да бидат навлажнети.

    Го истураш во плех на хартија, може и на двапати ако плехот ти е мал (мојот плех од рерна е мал за оваа количина) и го печеш едно пола саат во загреана рерна на 150 степени. Оставаш да се олади и ја кршиш. Може после печењето да додадеш суво овошје (брусница, суво грозје, гоџи, суви кајсии, ананас...) и ја чуваш во тегла/сад со капак.
    Спремен појадок во секое време, со кисело млеко, јогурт, млеко, блендирано овошје...
     
    На oblace1, mal.ecka, Thallia и 2 други им се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.033
    Допаѓања:
    123.900
    На LiliBoz и smooch им се допаѓа ова.
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.404
    Допаѓања:
    126.842
    Вкусно,сочно изгледа,рецепт за последниот пост во ФИ
    @Annath
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.672
    Допаѓања:
    202.261
    Пол:
    Женски
    Тава од свинско со печурки е, ништо посебно.
    Месото го сечеш на коцки и го запржуваш да фати боја од сите страни, го зачинуваш (сол, бибер, сенф, ставаш и масло). После се трга на страна и во истата тава се запржува кромидот, кога ќе се запржи се додаваат моркови исечени на кругови и печурките сечени крупно. Зачинуваш по желба само не претерувај со солта. Кога ќе се запржст печурките, се додава месото во нив, и се става врела вода ама да нема премногу. Се покрива со капак и се остава да крчка едно пола саат. После тоа, во еден филџан ладна вода се раствора една супа од печурки или па две лажици брашно ако немаш супа, и кога ќе се измеша убаво се додава во тавата. Се додава уште малку вода, па целата смеса се става во земјена тава за печење и во рерна на 180-200 степени да се згусне течноста, 10-15 минути би било. И толку. Може одозгора да ставиш кашкавал или павлака да се запече, ако сакаш.
     
    На joy1, LiliBoz, Thallia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.