Спржив грав, печурки, спанаќ и пченка, малку микс зачини и ..... Кечап. Основата е чили сенф од Томи.
Женски, извинете што каснам со одговор. Рецептот го најдов на фб, повелеле линкче: https://www.facebook.com/262890483725597/posts/3550705641610715/ Брашното само го менувам, користам интегрално. Превкусни се, шанса нема да не ви се свиѓаат
@Hellobeautiful рецептот е од тука https://fitlife.com.mk/fit-pizza-testo-spanak-ovesni/ јас само не ставив вода
8 јајца, ги делам белките од жолчите. На белките додавам 250гр обичен шеќер и матам. На жолчките додавам ванилин шеќер и матам. Потоа ги мешам заедно, а во посебно брашно 350гр и пециво. И во смесата од јајца и шеќери додека матам со миксер додавам постепено беашно и пециво. Се добива бела лесна смеса, ретка. Потоа се пече на 180 околу 20мин, ќе видиш по изглед. Отккао ќе се испече во плехот ставам замлачена хопла и ја ставам печената смеса, од горе правам дупчиња со чечкалица и додавам млако млеко обично 1литар и кондензирано млеко цело. Потоа чекам да се здрви, отккао ќе се здрви премачкувам со карамела. Толку
Ќофтиња со мелење месо ( свинско и телешко). Од кога ќе се испржат во истата тава каде што се пржеле ставаш томатело, лукче малку и магданос свеж. Кога ќе почне да крчка ги ставаш ќофтињата, да се покрчка се заедно мн малку колку да примаат на вкус ќофтињата.
Состојки: • 1 средна главица брокула (или 300гр. замрзната брокула) • 1 мала главица кромид • 2 средни моркови • 2 лажици сушен магдонос • 1 лажица буковец (благ или лут) • 2 јајца • 100гр. лебни трошки • сол и/или мелен црн пипер количина по желба • масло за јадење Подготовка: Од брокулата го сечиме стеблото, ја делиме на помали делови и во тенџере со зовриена вода ја ставаме да се обари 1-2 минути. Веднаш потоа ја истураме врелата вода и ставаме студена вода да се излади, па ја процедуваме брокулата. Во длабок сад ги рендаме со ренде брокулата, морковите и кромидот (може и да се исечкаат ама поситно). Потоа ги додаваме двете јајца, магдоносот, буковецот, солта и црниот пипер. Се меша убаво со вилушка и се додаваат лебните трошки. Повторно се промешува со вилушка и со рака се меси смесата за убаво да се соедини. Се формираат топчиња со дланка и се ставаат на хартија за печење во еден калап. На секое ќофте одозгора се полева многу малку масло (маслиново или сончогледово) и се ставаат да се печат 15 минути во загреана рерна на 200 степени. Може да се сервира со кисела павлака.