- 250гр путер од кикирики - 2 јајца - 100гр мелени бадеми или лешници - 100гр кафеав или кокосов шеќер (многу се благи, следен пат 50гр би ставила) - 100гр сецкано чоколадо - 1 лажичка прашок за пециво Се мешаат сите состојки, се прават 12 топчиња (сплескај ги малку од горе), се редат на хартија и се печат 12-14 минути на 180 степени. Брзо и лесно.
Давам одма,печени се,да 2 средно големи компири 1 морков 1тиквица 3 јајца 4-5 големи лажици спелтино брашно(ако немаш,и обично бело може) Сол,бибер,зачини по желба Се ренда зеленчукот,се додаваат јајцата,брашното и зачините,се меша се убаво,до конзистенција нешто погуста од мафини. Се редат со лажица на плех обложен со хартија,па на печење 20-25 мин на 200ц. Јас би додала и малце фета или пармезан,следен пат така ке пробам.Со ѕаѕики или некое слично бело сосче би биле перфектни
500г кори За прелив 300мл јогурт, 250мл масло и ќесичка прашок за пециво се мешаат убаво. Се зема една кора, се прска со преливот, се витка на половина, се става фил по желба на едниот крај (сирење, урда, зденка, маслинки, пица фил...), се витка уште еднаш на пола па лентата се витка како триаголник (се надевам ме разбра како). Со сите кори така, се редат во плех на хартија и се мачкаат со јајце, се посипуваат со сусам или ким и се печат на 180 степени во загреана рерна, 15-20 минути.
@dunika варен ли компирот и морковот претходно? Јас имам правено вакви плескавички од рендана тиквичка, лукче, урда, јајце и презла...сакам да го пробам твојов рецепт ама хелп прво со прашањево
Не не,свежо е се,не е ни цедено од сокот.За 5 мин се прават буквално. @Sexybaby86 мило ми е што ви се сладиле
Тортиљите се купечки. Внатре ставив марула, домат, краставица, пилешки стек и сос. Сосот е од две лажици павлака, полна лажичка сенф, малку сол и црн бибер. Ќе ги измешаш сите заедно, ги ставаш врз тортиљата и виткаш.