Keto Chocolate Cookies 35гр=141 cal/3,9 carbs Потребни состојки: 100гр брашно од бадеми(може и кокосово брашно) пола лажица пециво 21гр какао 48гр заменски шеќер(јас користев xlyitol, а може и стевиа, erythritol, или ако нема дитетски ограничувања кафеав шеќер) 60 гр путер на собна температура 1 средно јајце 30гр сецкано црно чоколадо Се меша во сад со спатула брашното со шеќерот, какаото и пецивото. Се додава јајцето и путерот, се меша додека да се добие мека смеса и на крајот се додава исечканото чоколадо. Ако е ептен лепливо, се додава уште малку брашно. Тестото се дели во форма на топчиња и се става на хартија за печење(или се става во калапи, ова е по желба). Се печат колачињата околу 12 минути на 200 степени.
На маслиново масло пропржуваш ,додаваш зачини и лукче,залеваш со малку бело винце и водичка.Крчка на тивко,при крај додаваш малку брашно за да се згусне.
Рецептот е прелесен, а тие поубави од купечки. Иначе не ги правев со тесто туку на тортиљи ( ако се викаат така) За смесата: 300гр мелено месо, 2 црвени 2 зелени пиперки,2-3 кромида, китка магдонос, 2 домати, 2-3 лажици доматен сос, оригано сол .. и се у блендер. Брзо и превкусно
Јас ја правев по овај рецепт, само преливот го направив со вишни од тие смрзнатите во Кам маркет, ја имам праено и со миксот шумски овошја и многу е вкусна и така и не користам шлаг за декорација зошто не сум љубител. Иначе е многу освежителна