Рецептче? Салатата со марула што има друго? Може рецепт од таа таблата со сусам и семки од тиква и сончоглед?
@IRBBB готов ми е купен,на германски е Knäckerbrot,а знам дека го има во ДМ,само не сум сигурна дали е со топинг од семки
Направив некоја измена. 1.ставив повеќе колачиња околку 250 грама 2.ги оделував колачите од кремот. 3. кремот од орео го матев со крем сирењето( замена за кршени орео колачиња во филот) 4.во филот ставив 100 грама стопено бело чоколадо по желба на Маже. Лично мене ми беше премногу блага, а па на Маже му била фантазија. Баш по негов вкус била.
За компирите, правиш како сос од кечап, масло и оригано и го мешаш сето тоа. Потоа компирите ги сечиш онака на ленти подебелки и со нож лесно ги засечуваш по должина, во средина неколку пати. Потоа со кујнска четка ги премачкуваш со масло, па ставаш сол одозгора и накрајот ги мачкаш со сосот од кечап, масло и оригано. И тоа е тоа, спремни се за во рерна А стекот е испржен сосема обично, ништо специјално не му направив.
Околу 45гр. овес 70-80мл млеко, јас правев со бадемово ама и со кравјо може Половина банана Пола лажичка прашок за пециво Ако не ставам чоколадо, додавам и мед за да е поблаго. И за да е кафеаво ставам какао. Се става сè во блендер, се премачкува со малку масло садот (мал треба да е бидејќи количински е малку смесата) и се става да се печат на 180 степени, околу 15тина минути. Во средина можеш да ставиш коцка чоколадо и испаѓа како лава колач. Имам правено и со шумско овошје, и така се убави. Превкусни се, како торта да јадам Можеш и без да ги блендираш, ако немаш блендер.
На ова видео многу убаво е објаснето чекор по чекор ,ќе видиш Рецептот е со малини ама јас го правев со вишњи или по желба можеш и друго овошје .
Пандишпанот е најбејзик, одбери си омилен кој ти е ахахха, овај знам имаше 3 јајца, 9 лајци вода и 9 лајци шеќер, пециво, 3 лсјци масло, ванилин шеќер. Мислам дека не заборавам нешто ама барав во тетратката на мајка ми буквално најбејзик пандишпан шо би одел со се. Филот е овошје во шербер провриено и и потопоено со желатин растопен во пудинг. Овошје пишеше 500 грама, јас има 600 и толку кладов. Треба дс е одмрзнато. Прво шеќер ставаш со вода и овошјето внатре. Исто мсм беше 250г шеќер со 9 лајци. Настрана раствораш пудингот ( 2 пудинзи поточно) во исто некоја лајца вода, и додаваш желатинот. И со полека турање, со мешање, додаваш во овошјето. Оставаш да врие дур згусни колку шо сакаш и тураш на пандишпанот. И то е то. Да здрви, шлаг од горе. Е са пингни ми покасно за да ти дам точните мерки оти ова од меморија го пишев.
Секако дека може За една порција: 3 лажици чиа 200мл билно млеко (јас оризово користам) 1-1,5 лажичка мед За горниот слој: 1 банана 1 лажичка какао Малинки по желба (може и друго, како кокос, јатки)
Ај вака на кратко како го правеше? Или некое посно рецептче за денес за ручече, стварно немам идеја веќе.
Ова е печен зеленчук само. Се е извалкано во зачини, без масло и ставено да се печи сем колбасиците. Нив ги нарачвам и таман ми се на вкус. Компирите на сликата ги праеше мајка ми, исто се со многу зачини и уште некое брашно од горе.