Знаев дека не го прам прв пат, скроз истиот го најдов во мојата тетратка да не отворам кај мајка ми: Мислам дека не бев многу оф со мерките од меморија.
Дуника, рецепт за плескавиците ако може. На пиперкиве плус нешто како томатело/доматен сос стави или вака директива на печење?
Имаш рецепт за ова преубаво Еве овде го имам напишано. https://www.instagram.com/p/CMpyVEjLeW6/?igshid=1cph7hhd6siqx
2 јајца 200г шеќер 250г брашно 100мл зејтин 100мл јогурт 1 пециво 1 ванилка Овошје по желба.. Се измешав заедно со дрвена лажица во сад,наполнив калапите и печев 20тина мин на 180 степени. Следен пат би ставила дупло помалку шеќер,многу благи беа од бананата. Ама ќерка ми ги бендиса за чудо и се изнајаде
@Antolinaa кускус едно длабоко тањирче 150тина гр,го потопувам со зовриена вода(1 прст над),покривам со тацна и оставам 15 мин. Можеш и класично да го спремиш,вака ми се дели зрното со сигурност. Смесата ја правам со едно јајце,малку маслиново,пармезан,микс италијански зачин,сол бибер по желба,и презла во смесата ако е премногу течна,плус и ги валкам. Ги печам на тефлон тавче со маалку масло/путер,на средна темп по 2-3 мин од страна.Важно е да не ги вртиш дур не поруменат,може да се распаднат. Ептен се вкусни. Кускус јајце ти е базата,слободно стави си зачини по желба,биено сирење место пармезан...буквално што сакаш,неутрално е па трпи варијации.
https://www.shipton-mill.com/baking/recipes/simple-sourdough-sandwich-loaf.htm @Celltica Само јас цело време отворен го печев, со тепсија полна вид на дното првиот пола саат за да створи пара. Затоа ми е поиспечен. Плус оти рерната не си ја знам уште.
Нема посебен рецепт. Брашно Жито Лукс, квасец, зејтинче, сол, шеќер и вода. Се пече со капак за да излезе вака распукано.
Кора: 5 јајца,5 лажици шеќер се матат и на крај се додава 5 лаж.брашно. Се пече на тавче намачкано со зејтин и брашно,а може и на хартија,ама после печење да се извади хартијата. Фил: Се става 750 мл ( се остава малку за да се размати пудинг) вода и 450 г шеќер да зоврие и треба да врие 3 мин,потоа се става 500 гр овошје било какво ( јас правев со шумско) и пак треба да се чека да зоврие со овошјето и да врие 3 мин. На крај се ставаат 2 пудинга од ванила помешани со претходно извадената вода и се меша постојано,исто 3 мин. Откако ќе е готов се трга на страна да се олади 15 мин и се сипува врз кората. Се остава да се стегне малку и одозгора се става изматени слатка павлака или шлаг ( јас 500 мл слатка павлака ставив.)
@ane.bella Месо во тегла Сецкаш на коцки (јас така поголеми ги сецкам пошо ме мрзи) месо по желба.. Го миеш и го оставаш да се исцеди...со водата гарант и крв ќе исцедиш, не се плаши Гледај месото да ти има и малку мрсничко, а ако нема спреми си по едно парче мрсно за најгоре. Некои ставаат парче сланина најгоре демек повеќе стоело месото, ама најдов 2год тегла и месото беше топ и без тоа.. Ама јас ставам помрсничко месо, како на пример ако е свинско од врат да е.. Земаш тегли, чисти и суви и редиш скоро до горе..оставаш едно 2 прсти место најгоре.. Додека редиш посолуваш малку по желба.. јас 2-3 пати по еден прстофат.. Можеш да ставиш бибер во зрна и зачини по желба ама јас не ставам. А најчесто гледам тука бибер и ловоров лист ставаат.. Ги затворам теглите и ги умотувам во весник за да не се чукаат демек кога се варат.. Значи..во теглите вода ИЧ не се става.. да не мислиш дека сум испуштила Вода во садот во кој ги вариш да има до капачињата и на страна вриј си вода за да дотураш жешка, иначе ќе ти испукаат теглите.. Ако е свинско едно 3 саати да врие.. младо телешко мање више тука некаде .. јунешко а особено говедско 4 ипол саати.. Ги оставаш во водата до сабајле да се изладат... Некои ги вадат и ги вртат со капаците надолу, демек мрсното да ги вакумирало ама јас не го практикувам тоа бидејќи на крај на дното ќе ти остане празно Е сега јас на дрва ги варам па гарант и повеќе од времево наведено ги варам..додека снема оган Сум ставала и со коска и без коска..исто е.. Вака правам најчесто јунешко и свинско иако еднаш поради сплет на околности добив може 20 домашни заклани коковчиња па стекот го ставив во тегли и супер беше.. Исто и зајачкото мн убаво излегува.. Пробав и со мелено, исто сплет на околности да немам каде да го замрзнам.. ОК беше за сарми или мусака.. Некои ставаат и моркови или друг зеленчук, ама јас вака си го сакам..без ништо Што не ти е јасно слободно прашај.. Имам некаде ставено слика од месото..кој знае каде
После се чува кај што би ги чувала и теглите со ајвар.. јас во фрижидер го чувам само откако ќе ја отворам теглата..АКО остане Година дена стои секако ако е добро затворена теглата.. Ма да ти реков дека и по 2год беше како вчера правено иако јас лично не практикувам ништо да чувам толку долго.. освен една година кога ми дадоа 180 кила пиперки и направивме милион тегли ајвар за 3год
Фала ☺️ Го имам напишано рецептот на инстаграм профилот овде: https://www.instagram.com/p/CN4_XVILkuD/?igshid=o80f017isxss
Се водев по овој рецепт. Намест грчки јогурт ставив кефир, тоа имав дома Од зачини употребив сол,кари, црвена пиперка и суво нане. Конзистенцијата е отприлика како за амерички палачинки. Леќата не ја киснев туку ја измив и ја сварив.