Подлогата:околу 300-350 гр.бисквити замесени со пола стопен маргарин или путер и малку сок од портокал ако е суво.Треба да дојде да може кога ќе фатиш ,стегнеш со рака да се направи како топче. Бел дел:300 гр.крем сирење(јас вивис ставив)изматено со 100гр шеќер во прав.Настрана матено 400 мл хопла и споено со крем сирењето и еден растопен желатин.(може а и не мора). Црвен дел:300 гр малинки проварени со малку вода и шеќер ,избледирани и откако ќе се подолади 1 растопен желатин.Веднаш се полева врз белиот дел. Се остава до наредниот ден добро да се стегне. Ја правам во тавче од тие со обрач.
Вакво тегнето е малку тешко да го погодиш, од старт да ти кажам. Јас не се осмелувам да го направам. Оставам на искусни и вешти жени.
https://nmd-zdravje.com/posni-pogachitsi-ala-vednash-gotovi-za-vkusen-pojadok-ili-vechera/ Ептен се брзи и превкусни, ги лапнавме сите наеднаш. Пред да го сечиш тестото, кората направи ја подебела ако сакаш да бидат помеки, а потенка ако сакаш покрцкави. Ако имаш опција на рерната само вентилатор, таа одбери ја, како за лиснатици и кифлички. Инаку, прв пат ги правам, ама нареден пат би експериментирала со плус маслинки, печурки. За мрсна варијанта може и кашкавал, сирење, сувомеснато...
Нема да биде многу. Од една доза мене ми излегоа 30тина парчиња, не многу големи (дијаметар ~6-7цм). Следен пат би ги правела подебели, оти ептен мекани душа беа внатре. Пробај ги сега една доза, па за следен пат ќе знаеш.