Со готови кори е правено? Ако да,оние за пита ли што се? Имам правено со готови,ама ептен крцкаво ми излегува,па дури и внатре не е вакво меко како тесто,туку и внатре се делат корите. Ако можеш пиши постапка,може грешам некаде.
Бурек со готови кори е да и е баш како купечки море и поубав е претпоставувам постапката ја знаеш за редење кори во округла тепсија Кисела вода,масло и пециво измешано и на празните кори прскам од течноста. Најпрво две кори на третата кечап,па празна кора со течноста од к.вода,пак кора па салама,кора,кашкавал,кора печурки,неколку измеѓу празни и постапката се повторува. Се надевам дека пишав јасно
Јасно како ден Се исто ставам,освен пециво во вода и масло може тоа е причината што не излегува како купечки . Ќе пробам и така,само сооднос на вода,масло и пециво да ми кажеш,да не се вадам после дека не сум знаела точна мерка. И пакетчето од 500 гр кори ги користиш за едно тавче,или за две?
Да од 500гр кори едно тавче средно да не е ни големо ни мало незнам број да ти кажам по околу 200гр и к.вода и масло ако ѕреба ќе си проставиш и тураш со лажица попрскуваш врз кората,кога ќе завршиш пдозгора пак му ставаш од течноста. Кога ќе испечеш веднаш го заврти обратно во тавчето за да омекне и горната страна,покриено до крпа дур не де излади и толку изгледа многу комплицирано а лесно е многу . @IRBBB погоре е веќе пишан рецептот
За манџата - варам копанчиња и кога се готови, ставам макарони, оставам да се проварат и спремам запршка. Јас правам класична запршка. На загреан зејтин ставам кромитче, брашно и запржувам малку и додавам црвен пипер и истурам во манџата. Додадов вегета, сол, црн пипер. Оставив едно 5 минути да поврие на тивко и тргнав од шпорет. Овесни колачиња - од око меркиСтавив 2 пасирани банани, 2 рендани јаболки (малку ги стиснав да им истече сокот) и овесни снегулки (дел ги мелев на блендер, дел ги ставив такви). Смесата не беше многу густа, ама ги правам така да излезат помеки заради малото. И во еден дел ид смеаата ставив малку какао @Celltica повели
Секако дека може. Ова е моево е модифицирана комбинација од некои рецепти кои сум ги прочитала во момент кога сум ги правела тиквиците, така да точни мерки немам. Нарендани тиквици (јас имав 2 помали) ги солиш малку и ги оставаш да го пуштат сокот. Ќе ги истискаш убаво, па ќе додадеш јајце, рендан кашкавал, лебни трошки, сецкано лукче, зачини по желба (моево има листови целер, мајчина душичка, копар и ѓумбир). Смесата ако е ретка, додаваш или брашно или лебни трошки, јас ставив повеќе лебни трошки. Се остава во фрижидер, ококу пола час. Ги обликуваш во помали шницли и ставаш во тава обложена со хартија за печење да се печат додека не поруменат. Тоа одозгора е цврст јогурт (овој на Збрегов), сечкан свеж власец, кари, малку сол.
Макарони со домашен 'песто' (ако можи да се наречи песто, пропржени спанаќ и млад кромид, па изблендирани), а одозгора пропржени печурки исечени на коцкички и свежи домати исечени на коцкички. Вкус, неверојатно преубав. Никогаш не мислев дека млад кромид и свеж домат може да ми биде преубав во комбинација со тестенини.