Повели СИРОВА ТОРТА Основа : 100 гр овесни трици 50 гр мелени ореви 50 гр мелени бадеми 1 лажица какао Прстофат сол 1 лажица кокосово масло стопено 1 лажица мед ( или друг засладувач за веган) 1 лажица путер од бадеми Сок од еден портокал Во подлабок сад се ставаат овесните трици, оревите, бадемите, какао, се додава малку сол, сокот од портокал, путерот, медот па стопеното кокосово масло, убаво се меша со лажица па се натапкува на дното на калап обложен со хартија за печење. Се става во замрзнувач додека се подготвува кремот. Крем: 200 гр индиски ореви, киснети преку ноќ 100 мл сок од портокал 1 лажица кокосово масло стопено 1 лажица мед 1 лажица ванила 180 гр црвено овошје ( боровинки, аронија,капини, малини) Сите состојки, освен овошјето, се ставаат во блендер додека се добие кремаста смеса. 2/3 од смесата се става во калапот врз основата и се враќа во замрзнувач, а во блендер се додава овошјето Се додава црвената смеса во калапот, кратко се враќа во замрзнувач и се остава преку ноќ во фрижидер.
Многу убаво, таман за нас скараните со шеќер Прашање, дали е доволно слатко со 1 лажица мед? Вака чисто ориентационо прашувам кога е веќе пробано, зошто немам осет многу за состојки и соодноси.
1 свеж квасец се става во отприлика 200мл топла вода со 1 мала лажичка шеќер. Кога ќе стаса се става во брашно околу 700гр со 2 мали лажички сол. Се месе меко тесто и се остава 1 саат да стаса. Кога ќе стаса се префрла во тенџере, на дното на тенџерето да има брашно. Одозгоре се става пак брашно и се засекува со остар нож. Се пече на 250 степени со затворен капак 30 мин и уште 15мин без капак. Потоа се вади од тенџере и се остава да олади. Крцава коричка, а внатре е мек. Многу е убав
А кога го размесуваш пред печење,го размесуваш на набрашнета подлога или така без ништо? И во загреана рерна се става?
На набрашнета маса. И во загреана рерна. Во рецептот што го има пишува да се става во загреано тенџере, ама јас не правам така.
@hello-kitty.90 ова е рецептот. Ама јас ставам свеж квасец. Неќна правев со сув ама не ми стаса и фрлив цел леб
@Celltica да, коцки со сирење. 500гр кори за бурек 3 јајца 500 гр сирење(јас и урда ставам некогаш наместо сирење) 400 мл. јогурт 50 мл. Зејтин 10гр сол (јас не ставам сол) Се редат 2 кори, една врз друга на намрсена тава. Во посебен сад се матат јајцата со вилушка, се додаваат јогуртот, зејтинот, сирењето. Останатите кори се превиткуваат и се сецкаат ситно како коцкички и се мешаат со смесата со јајаца. Откако ќе се измешаат се истура смесата во тавчето(уствари четвртаст плех) и се става во загреана рерна на 210 степени и се пече 30 - 35 минути. Едит : јас го немам линкот, ама @duffi го има, па ако не е проблем нека го прати да ја видиш убаво постапката. Инаку многу се лесни за правењеи многу се вкусни
Една лажица мед во основа и една во крем има. Мене вака супер ми беше, а маж и искоментира дека му недостига уште малку блажина. Може да се додава по вкус
Повели Трилече Потребно: 10 јајца 10 лажици шеќер 13 лажици брашно 1 ванила 1 пециво 1 литар хопла 1 литар млеко благо Готов карамел Белките се разделуваат од жолчките во два различни садови. Прво се матат белките со шеќерот 10 мин. со миксер да станат како шлаг, потоа се додаваат жолчките и тоа заедно се мати, после му се додава брашното во кое има 1 пециво, а ванилата се додава во белките. Смесата убаво се меша со лажица и се става на хартија за печење. Се печи на загреана рерна 10 минути на 200 степени. Потоа се намалува температурата на 170 степени и се пече уште 20минути. Откако ќе биде готово се остава малку да се излади, потоа со чепкалка се надупчува. Во плех се мешаат 1 литар хопла и 1 литар млеко благо со лажица. Пола од добиениот прелив се истура во плехот во кој претходно се печеше пандишпанот. Потоа се става изладениот пандишпан и одозгора се прелива со останатиот прелив. Се остава некое време пандишпанот убаво да ја впие течноста и на крајот се премачкува со готов карамел. Добар апетит
Сега гледам, се извинувам Пилешки стек на коцки пропржен со младо кромитче, зелена пиперка, срцето од тиквиците што ги издлабив претходно, пченка и сварив булгур наместо ориз. Од зачини ставив лута пиперка малку, лукче во прав, сол, бибер и оригано. Ги наполнив тиквичките и ги ставив во фолија да се печат 35 мин на 180-200C. Ги извадив од фолија, изрендав кашкавал и уште 10 мин на 180C. Многу лесен и вкусен ручек За прилог имавме и таратор
https://www.google.com/amp/s/tasty.co/amp/recipe/ratatouille За ова претпоставувам? Оти то последно ставив. Само во долниот сос изоставив пиперки пошто ми се yucky.
Се занесив од убавината и заборавив да ставам линк. Да од него,мхм,помислив нешто месесто да не има под нив Благодарам