Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.891
    Допаѓања:
    171.396
    Пол:
    Женски
    Никогаш. :tmi::D

    Јас сакав да го пробам во елементарна форма, следно ќе го прам како некоја импровизирана мусака, ред вака зеленчук ред сос со вегапчич, пченка, домат нешто така, па пак ред вака зеленчук. Нешто така имам на ум ама да си дојадам она горе еднаш инаку ќе ме карат дома. :wasntme:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Дали ова се оние што ги викаме (барем кај нас) долги ѓевречиња / стапчиња? Може рецептче?
     
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.434
    Допаѓања:
    172.135
    Пол:
    Женски
    Неам поима како ги викате:)
    Нема рецепт. Од ѓутура ги правам.
    Вода ,зејтин ,квасец , брашно и сол. Ги замесувам, откако ќе стасаат ги увалкувам во многу сусам, брцкам во топла вода и печам на 220.
    За зејтинот и водата, од прилика 1:3 сооднос. Тестото замесено на 'средно', ни меко ни тврдо.

    Кој знае бев ли одпомош некако:(
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Тие се, ама мене не ми испаѓаат вака убаво мислев имаш некоја тајна :D
     
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.434
    Допаѓања:
    172.135
    Пол:
    Женски
    Па искрено мош на лик да ти се свиѓаат. Ама онака не се баш ништо посебно. Т.е јас ги јадам само топли, штотуку извадени од рерна . После тоа ми се катастрофа. Суви, тегави...
    Ама мм сака вакви 'глупости' па он си ги јаде 2 дена:)

    Јас тесто без млеко и јајца Не признавам:)
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    14.181
    Пол:
    Женски
    @deskarada рецепт може? Преубаво изгледа :P
     
  7. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.941
    Допаѓања:
    31.342

    Повели :D
     
    На 24.07, hermosa, smile:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    8.467
    Пол:
    Женски
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    6.424
    Пол:
    Женски
    2 јајца се матат со пола шолја шеќер (можеш и повеќе или помалку во зависност од тоа колку сакате да е благо)
    Потоа се додава една шолја брашно, една шолја гриз, една шолја јогурт, пециво, пола шолја зејтин (се со истата шолја) потоа се мати и се става во калапот за мафини па се редат вишните. Се печи ма 200°С, 15 мин.
     
  10. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.404
    Допаѓања:
    126.842
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.025
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    17.259
    Подлога:
    250 гр бисквити (пола мелени, пола ситно искршени)
    300 гр грчки јогурт
    1 лажица какао
    Фил:
    250 гр маскарпоне
    250 гр грчки јогурт
    15 гр желатин
    250 гр слатка павлака
    100 гр шеќер во прав
    3 лажици сок од лимон
    300 гр замрзнато шумско овошје

    Желатинот го мешаш со 7лажици од слатката павлака, па кога ќе набабри го топиш на тивок оган. Шумското го вариш додека да заврие, па го блендираш и го прецедуваш.
    Другите состојки се матат убаво па го додаваш растопениот желатин.
    Го делиш филот на 2 дела, и во едниот дел го додаваш шумското.
    Врз подлогата најизменично ставаш една лажица од белиот една од филот во боја да испадне шарено (кај мене не испадна баш така:D).
    Калапот ми е 24.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    4.290
    Здраво женски еве ви рецепт за прекрасен фил....кој можете од него и тортичка да направите и торта и од овој еклери сум полнела....
    Ако ви се свиѓа еден
     
  14. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    За тестото: брашно (зависи колку пици правиш, по потреба), мала лажичка сол, малку зејтин ставиш во тестото и вода за да се замеси. Не го правам тестото по некој си рецепт, од состојките колку сакам толку ставам али нема шанси да се утне.
    Откако ќе го замесиш тестото го оставаш да отстои 15мин па веднаш го рассукуваш во тркалезен плех (која големина си сакаш таа), го премачкуваш со кечап, па редиш шунка, кашкавал, печурки, како си сакаш така. И веднаш го ставаш да се пече.Ќе го надгледуваш често зошто многу брзо се запекува, мојава пица за 20мин беше готова. :)
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Babushka

    Babushka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    5.337
    Може :) Ова е додуша повеќе banana cake отколку bread според рецептот. Не баш здрв, прилично калоричен :worried:

    125 гр путер, омекнат
    200 гр шеќер
    2 големи јајца
    60 мл млеко
    1 лажичка екстракт од ванила
    2-3 позрели банани
    250 гр брашно
    1 ќесичка прашак за пециво
    Прстофат сол
    По желба: сецкани јаткасти плодови, суво грозје, брусница, исецкано чоколадо, урми... што сакаш

    Рерната се загрева на 180. Обложи го калапот за печење со хартија за печење и намрси го.

    Со миксер измати го путерот со шеќерот убаво. Додавај постепено прво јајцата, па млекото, екстракт од ванила.
    Брашното помешај го со прашакот за пециво и солта, и измати го во смесата. Додај ги и испасираните банани и измешај. На крај додади се што сакаш од сецканите ореви, чоколадо и сл.

    Истури ја смесата во калапот за печење. Одозгора наредив исецкана банана на кругови (оваа банана е екстра), и исецкани јаткасти.

    Печев околу 1 час и 10 мин, зависи од рерната. Проверувај со чечкалица, додека да излезе сува. Ако колчот од надвор е печен, а внатре уште не, го покривам со фолија хартија за печење, да не изгори.
    После печењето остави да се одмори околу 15 минути пред да го извадиш од калапот.

    Пријатно јадење :)

     
    На hermosa и MissChievous им се допаѓа ова.
  16. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    4.290
    Здраво девојки еве уште нешто 8д мене
     
  17. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    9.239
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    8.467
    Пол:
    Женски
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.891
    Допаѓања:
    171.396
    Пол:
    Женски
  20. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    8.467
    Пол:
    Женски