Dali sepak toj go kopirav? Hahahaha dvata oti id tejsti ne ni vidov sho sum kopirala https://www.google.com/amp/s/tasty.co/amp/recipe/the-fluffiest-vegan-pancakes
@IRBBB Прво ги запржувам чистените ракчиња одприлика 400 гр. за две порции, со малку масло, путер и бело вино околу 100 мл. Додавам рузмарин, лук во прав, сок од лимон, сол и бибер. Настрана сецкам беби рукола, пола краставица, шери доматчиња, спанаќ, копар. Ги додавам ракчињата и ги потурувам со дресингот во кој се пржеа. По желба може да се додаде маслиново масло и балсамико оцет.
Бисквит: 350г мелени бисквити 200г несолен путер 2 сок од лимон Се растопува путерот и полека се ставаат бисквитите и се меша, на крај сокот од лимон и убаво се соединува (јас во миксер со маталките за тесто мешам, може и рачно). Па се става во тавче, кое претходно е премачкано со зејтин и убаво се распространува и изедначува низ цело дно. Со опачината од лажица убаво се набива и става во фрижидер. Фил: 300мл ладна слатка павлака 100г шеќер во прав 220г крем сир (можеш и 200, јас 220 зимам што има во пакување па цело го ставам). 2 желатин Се миксира слатката павлака, па се додава шеќерот, кога ќе се згусне се додава сирот и се миксира се дури не се соедни. На крај се додаваат претходно растворените жекатини и се миксира до нивно соединување. Па се става врз бисквитот и се враќа во фрижидер. Прелив: 2 желатин 7лаж шеќер 200мл вода 250г зрнесто замрзнато овошје (јас имам малини, капини, боровница, а може и цреши, вишни, јагоди.. Може микс, а можеш и на пример само капини, твој избор). Првин се раствараат желатините, па се вари шербет од водата и шеќерот, односно да врие некои 5мин е сосема доволно. Желатинот и шербетот се мешаат и се прелива овошјето, кое претходно е наредено врз колачот. Овошјето можеш и да го изблендираш, кога го блендам го мешам во смесата со шербет и желатин, оставам само некоја лажица плус за да измазнам на крај. Па во фрижидер да се излади неколку часа.
Еве го рецептот. За зачините јас ставив пипер, сол, малку кафеав шеќер, чили, бибер и лук во прав. Така машинка немам за сечење, користев вакво, нарачано е од алиекспрес.
Повели рецептот Јас направив неколку измени: наместо интегрално брашно ставив обично (немав интегрално) , наместо грчки јогурт ставив кисело млеко и кокосовото масло го заменив со обично. Затоа што не ми беше доволно 100гр јаворов сируп, додадов и лажица мед. Дополнително ставив една шака исецкани урми. Го имам правено и претходно и преубав е, убава текстура, не е тежок и баш ги задоволува рецепторите за кога ни се јаде нешто благичко
Здраво девојки ви предлагаме една свежа и здрава салата....можете и да додавате други намирници...авокадо,јатки....
@SofiMar_ девојко дали може рецепт од cinnamon rolls? проблеми ми направи кога ги видов како изгледаат на сликиве, феноменални
Вариш тестенини, пропржуваш со печурки(шампињони јас исецкав), ставаш зачини по желба, потоа тураш хопла, магдонос сецкан и сето тоа заедно го мешаш додека згусне. Сите мерки од око. Јас требаше и повеќе сол и бибер да ставам можеби, а мајка ми вели поубаво би било и со павлака да се проба. Жива да е Амели за рецептов, превкусно е.