Секако,повели: 5 белки се матат со 8 лаж.шеќер и се додава 6 лаж.брашно и пола пециво и се пече .Кога е готова кората додека е топла се прелива со 150 мл.топло млеко и се остава да се излади . Кога е оладено ,редиш овошје по желба.Во случајов јас имам банани и јагоди.Над нив се става филот . Фил: 5 жолки,2 кесички пудинг од ванила и 6 лаж.шеќер се варат во 500мл.млеко како крем . Додека е топол се додава 150 гр.маргарин и 100 гр.бела чоколада .Оставаш да се лади и потоа нанесуваш над овошјето. Над филот матиш 2 кесички шлаг и украсуваш по желба .
Бриош лепче, краевите се сечат на секое парче и средишниот дел се сука. Се мачка со нутела или било што по избор ставаш и го виткаш. На крај секое од нив се валка во јајца и презла и се пржат. Лесно и едноставно е
Каква е таа модла за торта? Оние округли тави дното што им се вади бр. 24? И павлака неутрална, без шеќер или слатка, па плус 50 гр шеќер?
Да, од тие, ама број 26. А павлаката со шеќер и плус 50гр шеќер во прав, дури следен пат кога ќе ја правам ќе ставам повише шрќер, не е блага многу за мој вкус
Извини за доцниот одговор https://moirecepti.mk/post/интегрален-леб повели линкче, додадов сончоглед, лен и ким
Баш со овие пропорции го направив односно 1:1 брашно : вода, и испадна потечна структура отколку кога би го месела. Го оставив во калапот некои 30тина мин да порасне и го печев 45 мин. Прв пат го правам, но не и последен. Превкусен е и многу едноставен Инаку од сликата личи на sourdough, така ми излезе, сосема случајно
1 средна тиквичка 1 јајце 4 лажици брашно по избор сол или друг зачин по вкус Тиквичката се ренда, се цеди и се остава во длабок сад. Се додава претходно изматеното јајце и зачинот и се меша со вилушка. Потоа се додава брашното и повторното се меша за да се соедини. Се пржи во тавче на маслиново масло додека порумени, па се превртува од другата страна. Одозгора се става доматен сос, кашкавал или друго по желба.
Готово тесто е за пицата. Се става растителен кашкавал, свежи печурки, пиперки и домати, маслинки и сусам. Се пече 15 мин на 220°С.
Секако За пандишпанот 2 јајца 5 лажици брашно 5 лажици шеќер И пола прашок за пециво За филовите матев две хопли од 500 г Во едниот дел истурив чоколаден дел од еурокремот и лешници А во другиот дел една бела чоколада искршена ситно и белиот дел од еурокремот . Чоколадната глазура е од загреана хопла и чоколада за готвење добро измешана.