Ништо посебно како рецепт немаАма за да јадат децата измислувам Сварив палента (јас на 200 мл вода ставам 3 полни лажици палента. Сега ставив околу 500 мл вода и 9 лажици палента), откако ја сварив изрендав сирење и измешав убаво. После со лажица за сладолед ставав на хартија за печење. Печев на 250 степени некаде околу 20тина минути, да поруменат, зависи колку сакаш да бидат крцкави од надвор. Ама искрено вкусни се, јас што не можам да смислам палента, сега јадев
Не не, овие се ептен здравиЈас сакав да пробам и некоја сецкана маслинка да ставам, ама децава не сакаат па не експериментирав. Пробај, многу се вкусни
Од време на време подметнувам семе од коприва,рендан морков,пасирана брокула и карфиол,нешто што послабо ми јадат. Али со сирење и многу сусам,подиспечени ми се совршени со таратур.
Ајдеее 2 чаши (од 200 мл) овесни снегулки се блендираат со 1 чаша јогурт, се мешаат заедно со 2 пасирани банани, 2 јајца, 150 гр мелени ореви, 50 тина гр. путер, 3-4 лажици мед, 1 ванила, 1 пециво, и 1-2 чаши брашно (ставив 1,5 чаша). Се меша се заедно и со лажица се зема од смесата и се редат на хартија за печење во тава. Одозгора се ставаат кршени парчиња црно чоколадо. Се печат во загреана рерна на 160 - 180 степени околу 15 минути.
Мислам дека моево е отприлика 40ка ама можеш во било кое . Ако е поголемко ќе си зголемиш доза ако е помало ќе си намалиш . Секој пат ми е во различно тавче
Не е ништо посебно искрено. Јас заменив некои од состојките подолу. Макароните прво се варат, па се мешаат во маслиново масло, пармезан и зачини, и се печат во Air fryer