Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.890
    Допаѓања:
    89.379
    Пол:
    Женски
    Вода ,брашно сол по вкус,малку шеќер и малку зејтин.
    Се прави смеса како за палачинки ,таа густина а биде и на загреано нелепливо тавче ги пржиш коричките колку можеш по тенки :)
    Откако ќе ги направиш и ќе се оладат малку редиш коричка премачкуваш со зејтин и дробено сирење :)
    тоа е тоа , и многу се вкусни :)
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Мислам дека овде е грешката. Купот од кори го расукуваш на огромна кора и го делиш на 4. Потоа само продолжуваш да сечеш - од секоја четвртина по 7 триаголници. Значи тие 4 не ги расукуваш и секое од кроасанчињата не го расукуваш, само сечеш и виткаш. Вал-Дим ќе ти каже подобро.

    @Val-Dim јас имам друго прашање. Мене тешко ми се сучеа корите, тестото не беше доволно еластично. Да не треба да се остават тие 8 топчиња малку да нараснат пред да ги сучиме? Или баш треба да е вака, малку поотпорно тестото?

    Инаку јас не можев да ги издржам тие 2 часа на нараснување, ги оставив нешто повеќе од 1 час и пак многу нараснаа. Ама беа крцкави како од пекара, не толку меки како вашите. И вака беа добри, можеби наредниот пат ќе правам пола крцкави (и премачкани со јајце), пола стасани 2 часа и мекички ко вашите. :D
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    @Shelea рецептче за пченкарните погачки?

    Многу убаво ми изгледаат.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Многу се едноставни!

    Потребно е:
    1 јајце
    1 шоља (за чај) јогурт
    2 шољи (исто) брашно - можеш било какво, јас сакав клот пченкарно
    1 лажичка сол
    1 лажичка пециво
    1 лажичка стопен путер
    по желба дробено сирење (јас ставив ептен малку, за да ми ги живне)
    куркума,
    семе од сончоглед
    сусам

    Се’ се меша да добиеш глатко тесто не многу течно и со лажица на хартија за печење, си ги редиш погачичките. Се печат додека не заруменат убаво одозгора.
     
    На joy1, Annath и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    61.355
    @Rubiii „грешката“ ако така може да се нарече, е што откако си ја поделила големата кора на четири дела повторно секој дел си го сукала!!! Тоа не е потребно!!! Откако ќе добиеш 4 дела, секој го делиш на седум и формираш кроасани (4х7) - големи кроасани!!! Но, јас понекогаш секој од четирите дела го сецкам на помали делчиња, па наместо 7 добивам повеќе помали кроасанчиња - 10,12... Секое исечено парченце за кроасан не треба дополнително да се расукува со сукало... Доволно е нежно да се „развлече“ со рака, да се филува по желба и да се смотка како кроасанче!!!
    Инаку кроасаните јас не ги премачкувам со јајце одозгора, тоа исто како и мајка ти, го правам само на кифлички!!!
    @LivingGlam ако се си ставила по рецептот тестото е меко и лесно за обработување!!! Тестото не се остава да „стасува“ пред да се обликуваат кроасаните, одма се размесува и обликува, а стасувањето е кога ќе се формираат кроасаните!!! Но, понекогаш и покрај правилното мерење на состојките, се случува да се добие „тешко“ тесто, најверојатно од видот на брашното!!! Некои видови на брашно сакаат поголема количина на течност, па проблемот со нееластичност на тестото го решавам со додавање на млеко/јогурт!!!

    Девојки, не се обесхрабрувајте ако некој рецепт од „прва“ не Ви испаднал совршено 8)!!! Сите ние сме имале по некоја „утка“ 8)!!! Понекогаш се потребни неколку „проби“ за да се добијат совршени форми и вкусови!!!
     
    На Espadrila, kjukli, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Абе не рецепти, треба да има "Пробајте ги јадењата од ФИ директно" и замисли стварно пробаме :D Џаст кидинг, секоја чест за работата девојки и жени!
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Штрудла

    Сосотојки

    500гр. брашно
    1 сув квасец(10гр.)
    60гр. путер
    1 јајце 2 жолчки
    60гр. шеќер
    250мл.-300мл. млеко
    100гр. оревикора од пола лимон, и прстофат сол

    За полнење на штрудлата по желба, слатко од смокви, мармалад, мед..

    Прво квасецот разматете го со млако млеко и лажичка шеќер. Просеаното брашно ставете го во пластичен сад за месење, посолете додадете го јајцето и жолчката разматени заедно со млакото млеко, растопениот путер, шеќер, кората од лимон и стасаниот квасец. Замесете средно меко тесто кое ќе ви се одлепи од пластичниот сад.Тестото покрите го со стреч хартија и оставете да стаса.
    Откако ќе стаса расукајте го во правоаголна форма,премачкајте го со мармалад или слатко (по желба), ролувајте и премачкајте со жолчка.
    Печете 40-50мин. на 180мин во првоаголен плех од рерна.
    Кога ќе се излади посолете со шеќер во прав по желба.
    CYMERA_20151030_125822.jpg
     
    На DVAANGELA, Annath, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    61.355
    @vitamina истава штрудла ја правам и јас!!! И тоа со години наназад, најчесто во петок вечер... Дел се конзумира одма, дел за викендот, а остатокот го смрзнувам, па кога некој ќе добие желба за нешто благо набрзина си одмрзнува!!! Мојот рецепт се вика „Штрудла ролат“ и разликата од твојот рецепт е што наместо путер ставам 100 мл зејтин!!!
    Лесно се прави, а е превкусно!!!

    DSC00090.JPG
     
    На DVAANGELA, Annath, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    10.188
    @SuperGirl24 се настрвив скроз, обожавам десерти со вишна. Би те замолила за рецепт кога ќе бидеш во можност, преубаво и сочно изгледа ^_^:mm:
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.461
    Пол:
    Женски
    Џована штрудлава е со оние готови кори на пазар што се продаваат (знаеш на кои мислам). Вишните мислам дека се околу половина килограм ,точно не знам бидејки имаме дома замрзнати неколку кесички од тие малите за замрзнување што се .Мајка ми секоја кора или на две кори зависи какви се ако се потенки или искинати првин ги премачкува со зејтин малце па става од вишните или јабуки зависи со што прави.Вишните се исчистени од семки (нормално нели) ги поросува со ванилин шекер и понекогаш става или презла или мусли за да ја соберат течноста за да не бидат гњецави ако овошјето е посочно. И така ги реди корите на премачкан со зејтин плех ,т.е ко што гледаш првин ко ролни ги мота и после една до друга ги реди . Точно на колку степени се печат не знам искрено пошо стар ни е шпоретот и избришани се бројките (facepalm) а она си го знае по осет на памет. Се печат околу 20тина мин на предгодно загреана рерна. Коа ке се испечат ги поросува со шекер во прав и тоа е тоа. Се надевам убаво ти објаснив ако имаш некое прашање слободно пиши ми во лп па ке ја потпрашам нејзе ако сум заборавила нешто да напишам.
     
    На theowndemon и Giovanna им се допаѓа ова.
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    10.188
    Не не, уживај си, таман ми објасни. Ме интересираше само постапката во чекори, да не утнам нешто таму, а за точни количини не се замарам и онака голем дел од работите од око си ги правам, според вкус и досегашно искуство. Ќе ја направам најбрзо што можам, слаба точка ми се вакви работи.
    Инаку јас најдов едни многу добри кори во маркетот кај мене, мислам дека се кочански, не сум сигурна, околу 60 денари се 500 гр. Ептен се тазе и меки, сигурно убаво ќе е уклопат во ова.
    Фала ти за брзиот одговор :f:
     
    На kukla21, do-re-mi и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  12. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    @AngelOfArh рецепти за се молим лепо :*
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.166
    Допаѓања:
    102.132
    Пол:
    Женски
    Колешке денес сум заглавена на работа, утре ќе ви пишам рецепти ;)
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Гледам сите ти ги фалат кроасаниве, па се спремам утре да ги правам :) Ме интересира, квасецот се спрема на страна па после се додава, или се се меси, па си стасува на крај откако се е готово 2ч?
     
  15. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    61.355
    Кукле за квасецот - ако користиш сув го помешуваш со сите состојки и месиш, а ако користиш свеж квасец го стасуваш, го додаваш на сите состојки, па месиш... Да ти напоменам дека млекото и јогуртот што ги користиш за месење треба да бидат ладни!!! Значи, сите состојки се ладни за полесно да можеш да ги обликуваш кроасаните!!! На крај кога се е поставено во тавите за печење оставаш да стасува 2 часа!!!
    Убава работа... чекаме фотки :)...
     
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738

    По прашањава се гледа ептен домаќинка сум :)

    Млекото што ќе го ставам се брои во вкупното?
     
  17. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    61.355
    Количината што се става за стасување на квасецот е мала... Нема да има никакво влијание на тестото!!!
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Фала ти. Ќе се фалам ако излезат добро, ако не, ќе си ќутам :) хахаха :)

    Пс. Какво брашно користиш ти?
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.166
    Допаѓања:
    102.132
    Пол:
    Женски
    Рецепти од мојот маратонски готвачки викенд ;)

    Слатко кисело пилешко

    2 поголеми парчиња стек
    една главица кромид
    еден морков исецкан на листови
    10тина шампињони
    две црвени пиперки
    малку зелка кинекла или обична ама крупно сецкана
    рака индиски ореви и кикирики
    зелена лута пиперка
    магдонос и лист целер
    малку пилешки бујон
    зачин по вкус
    оцет од калинки или соја сос и балсамико оцет

    Кромидот, морковот и шампињонитесе динстаат во вок тава, не да се испржат туку да станат стаклести, да омекнат, да се динстаат. Откако ќе подомекнат веднаш се става месото и јатките и пиперката, да се запржи па се додава бујонот, јас го направив од две пилешки батачиња и многу зеленчук. Се динста во тавата поклопено со капак за да го забрзаме готвењето. На крај се додава зелката која може а и не мора да се стави, зачините и оцетот или сосот со балсамико, ова по вкус, но за да биде баш слатко кисело мора да го ставите, ако не нема да биде слатко кисело нормално. Откако ќе биде готово се става ситно исецкан магдонос и целер и зелена лута пиперка, јас ставив лута пиперка на еден крај бидејќи само мм јаде луто

    [​IMG]

    Свинско со зеленчук

    500 грама свинско каре или бутче
    неколку листа пршута, сланина или врат
    целер, пашканат,компир, морков, кромид, лук, печурки, пиперка, се по желба исецкано на поголеми коцки
    зачини за свинско или микс некој ваш
    црно винце малку
    вода

    Месото се витка во пршутата, јас тоа користев, мада со сланина би било поефективно, се пржи на оган од сите страни и се остава во тавата, се налева литар топла вода, се покрива со капак и се пече час и половина, односно се динста, бидејќи од соковите не се пече реално туку се динста. По час и половина се додаваат зеленчуците и вино врз месото само, се зачинува по вкус и се затвара уште половина час да се сварат зеленчуците. Потоа се отвара капакот и се остава само зеленчукот да се допече, водата да испари, а месото да одмори малку па се сече на парчиња и се враќа во тавата во сосот со зеленчуци до сервирање.

    [​IMG]

    Останатите малку подоцна ;)
     
    На macence4, Mrs.Bass и Annath им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и IronLady им се допаѓа ова.