40 грама овесни снегулки 1 банана 40мл млеко 1 лажичка мед 2 лажички сода 1/4 лажичка цимет Сите состојки се блендираат заедно, смесата се става во калапче за мафини премачкано со малку маслиново масло (отприлика по 3/4 полни бидејќи ќе нараснат во печењето) и се печи 20 минути на претходно загреана рерна на 180 степени.
Едно пакување готови кори 300мл јогурт 150мл масло Прашок за пециво Полнење по желба, јас користев сирење Салакис и маслинки. Прво се мешаат јогуртот, маслото и пецивото. Со таа смеса се мачкаат корите. Се зема една кора, се мачка со четка со две лажици смеса, се витка на половина, па пак се мачка. На едниот крај се става полнењето, се виткаат краевите по цела должина навнатре и се витка ролничка (се надевам ме разбра како). Се прави истото со сите кори, на крај се премчакуваат со остатокот од смесата или со јајце (по желба). Се наросува сусам и се печат на 180 степени пола саат, може и подолго, ќе видиш според бојата. Со обично ситно сирење или урда истекува при печењето, а фетава не се топи и баш убав шмек дава со маслинките.
Повели https://www.katiebirdbakes.com/easiest-chocolate-chip-cookies/ Само премногу благи за мој вкус, дека и чоколадото благо, следно би намалила шеќер макар на 1 шоља.
Ги мијам убаво тиквичките и ги сечам на ленти, не многу тенки. Се оставаат да се цедат едно 15 мин. претходно малку посолени. Настрана се матат 2 јајца во една чинија, а во друга се мешаат 2 лажици брашно, 2 лажици презла, 1 лажица сусам, малку сол и малку вегета и 1 лажица пченкарно брашно. Се меша ова убаво и се зема тиквичка се потопува во јајцето а потоа во чинијата со брашно и се реди на плех обложен со пекарска хартија. Се пече на 200 степени околу 20 минути (јас ги печев околу 30 минути). Многу се вкусни вака. Се послужуваат со павлака, таратор..
Во блендер сравам смрзната банана (исецкана и замрзната 2-3 часа). Додавам една полна супена лажица грчки јогурт (може и обичен јогурт), 1 голема праска, смрзнати капини, малини, јагоди, аронија. Сето тоа го блендирам и ставам во силиконски калапи за колачи со стапче за ражничА ставам и во калапи за сладолед за деца. Ги ставам во замрзнувач околу 3 часа.
Јас намалив на шеќер, четвртина чаша ставив и одозгора рендано црно чоколадо и наместо сода ставам пола пециво. Превкусен е