Девојки, ми се увртеа во глава пекарски компири, така крцкави со зачини.. барав по интернет и тука гледав по темите со компири ама некако не најдов некој рецепт што ме привлече. Во оваа тема сте по креативни и имате повеќе идеи за вкусни рецепти, Хелп
Ова е всушност како чоколадниот бакнеж, само без шербет. Ама исто е вкусно и сочно. 100г чоколадо се топи на пареа со 200г путер или маргарин. Посебно се матат 4 белки со 100 г шеќер. И 4 жолчки со 100г шеќер. Во делот со жолчките се додава растопената чоколада и 4 големи лажици брашно со едно пециво. На крај се додаваат изматените белки. Се соединува смесата со лажица и се пече во кружно тавче бр 30. Јас го печам во правоаголно. За да вадам коцки. За глазура 500мл слатка павлака се става на оган. Пред да зоврие се трга на страна и се додаваат 400г чоколадо и 1 лажица шеќер. Тестото се полева топло, со ладна глазура.
@NarCis@ повели рецепт за Кето Мафините 2 големи лажици кокосово брашно (јас користев најобичен кокос) 1/3 cup какао Пола лажичка мала пециво и сол 2 јајца 1 голема лажица путер по избор (јас користев од лешник) 1 лажиче мало екстракт од ванила Засладувач по желба ако сакаш и колку сакаш ( јас користев стевиа и еритритол) Ги мешаш на страна сувите состојки, на друга страна течните и кремастите. Ги соединуваш заедно, при мешање јас додадов и ореви (по желба ) , и ги ставаш после во плехот за мафини. Од горе ставив вишни, или можеш било какво овошје шумско.. и печеш на веќе загреана рерна 180 с. 20-25мин макс и тоа е тоа. Прати слика ако ги правиш
Тенкс Кажи ми само од кај го зеде еритритолот? Стевиа имам, ама ич не ми е вкусна. И по вкус дали би можела да го опишеш?
Еритритол има во ДМ, 185 ден. тегличка. Мене па тој ич не ми се свиѓа на вкус затоа го мешам со стевиата Не знам на вкус... благ ама чудно благ. Мене не ми е по мерак ич. Еднаш кафе фрлив од што ми се згади искрено хаха Едино мирисот му е преубав, како ванила и млеко мириса , мислам тебе ќе ти биде океј чим стевиата не ти е убава А стевиата ми е супер мене лично. Има и мешана верзија во ДМ исто , Еритритол со Стевиа. Ќе ја пробам и таа
Јас имам на Витаминка ќесички стевиа. Може тие не чинат, не знам. Ама тоа што викаш, благо, ама чудно благо Инаку, не знам дали знаеш, смееш и кремчињата од фитнес хаус да ги јадеш и мешаш во смеси за колачиња. Благи се и вкусни, а немаат многу јх и шеќери.
Истите и јас ги имам супер ми се. Ама јас со години ја пијам и навикната сум Да да, во план ми се да ги купам тие од Фитнес Хаус. Ги гледам со месеци веќе Инаку, еве го еритритолот како изгледа во ДМ:
Ќе може ли рецепт и за двете работи? Мислам дека е блитва едното, а другото риба некоја, ама ако не е не ми се смеј.
Блитва е со риба. Не си утнала ништо. Блитвата е бланширана, па на маслиново масло со лукче и чили малку пропржена. Рибата е на парчиња исечена, па на хартија за печење се реди централно, ред кромид исечен на крукчиња, парчињата риба се редат над кромидот, се става маслиново масло, малку крупна морска сол и зачини по избор (ставам обично мајчина душица, копар и жалфија) и над рибата се редат крукчиња лимон. Се собираат краевите од хартијата и се прави како торбиче и врзуваат горе со конец за готвење. Се става во некој сад и на печење во претходно загреана рерна 20 мин. на 180 ℃ . Секоја риба вака ја правам, секогаш е супер сочна – нема утка и нема мирис низ кујна.