https://www.recipetineats.com/chocolate-cake/ Flower, тортата е правена според овој рецепт, филот е butter cream. Правена е со едно тесто, па сечено на пола. Ако ја правиш повели неколку совети. Филот со путер е многу благ, следен пат би идела со помалку шеќер или би го направила чоколадниот ганаш. Не ја јадете истиот ден, остави ја да одмори преку ноќ за се убаво да се спои. Може да се додадат овошки покисели, малини, боровница или вишни мислам дека би ја освежиле. (Ако смеам да предложам), ако си љубител на чоколадни торти како мене би ти ја предложила оваа од ситно сецкано https://www.sitnoseckano.com/chocolate-cake/ Многу е убава и чоколадна, само што идат живи јајца. Сум ја правела со вишни и стварно е врв, барем за мене.
Повели : Ова е попкек само овојпат повеќе дупчиња направив на тестото и повеќе е на чоколадо ама преубаво е навистина. Идат 6 јајца со 200 гр.шеќер,200 гр.млако млеко,150 гр.зејтин, 150 мл.млеко,250гр.брашно и едно пециво и се пече на тивко на 180 степ. 1 час. Кога е готово се прави дупчиња со лажица дрвена и се остава да олади. Потоа се става глазура од чоколадо: Јас имам 1 за готвење и 2 кремблок чоколади,100 гр.шеќер,2 лаж.какао,150 гр.маргарин ,1 лаж.рум и се истута врз пандишпанот.
Повели рецептот,само кремот да знаеш се користи за украсување, за пополнување на малите дупчиња( ќе видиш во рецептот).Нема многу да го потрошиш
Повели https://www.instagram.com/p/CUPX_YhM-b8/?utm_medium=copy_link Ако не го отвора линкот, кажи ми, ќе направам скриншот.
7 јајца 7-8 лажици брашно пециво ванила 1 шоља од 200 мл млеко 1 шоља зејтин 1 шоља шеќер 2 лажици какао Се измешано и во тавче. Шумско овошје замрзнато извалкани во брашно па наредено одозгоре. Се пече 20-25мин на 200 С. Одозгоре 100г чоколадо стопено со малку млеко и 1 лажица зејтин.
Повели 2 јајца, 2 пасирани банани, 1 пециво, 1 ванила, 2 чаши од 200 мл овесни снегулки, 1 чаша јогурт, 50 гр путер, 150 гр мелени ореви, 3-4лажици мед, 1 и пол чаша брашно и црно чоколадо. Овесните снегулки се блендираат со јогуртот и се додаваат останатите состојки. Потоа со лажица се зема од смесата и се става на плех обложен со хартија за печење. Одозгора се ставаат парчиња црно чоколадо. Се печат во загреана рерна на 160 - 180 степени околу 15 минути. Јас ставам на 160 прво и после појалувам на 180 степени.