150-200 грама пилешки гради 2 јајца корнфлекс сол и зачини по избор тартар сос или друг по желба Пилешкото месо се сечи на неколку парчиња и се зачинува (може и да се истолчи), па се става во претходно изматените јајца и на крај во иситнетиот корнфлекс (исто зачинет како пилешкото). Се става во плех на хартија за печење и се пече на претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Масло ни капка не употребив а баш беше сочно, вкусно и крцкаво месото.
Повели Старински реден колач со јаболка и гриз Состојки (чаша = 200 мл) Суви состојки 2 чаши брашно 2 чаши гриз 1 чаша шеќер 1 пакетче прашок за печење 1 пакетче ванилин шеќер 3/4 чаша масло Водени состојки 2 кг јаболка 1 чаша шеќер 1 пакетче ванилин шеќер 1 полно лажиче цимет 1. Јаболката се лупат и се рендаат и се мешаат со останатите водени состојки. Оваа смеса се дели на два дела. 2. Измешајте ги во друг подлабок сад сувите состојки и поделете ги на 3 еднакви дела. 3. Во тава 30х20 се реди прво сувиот дел, па јаболката, па повторно наизменично до крај. 4. Се пече 45 мин на 180С Откако ќе се испече наросете го со шеќер во прав.
1 црн патлиџан, 2 тиквици, 1/2 главица кромид, 3-4 помали пиперки ( ставив мешани зелени, црвени, жолти ), магдонос, босилек, малку лукче и неколку лажици доматно пире на крај. Се’ се сече на коцки и се пржи на маслиново масло. Зачини можеш да си ставиш по вкус.
Прво пржам палачинки ( 3 јајца, брашно, млеко, малку маслиново масло ). Смесата за полнење е исецкана шунка, кашкавал, сирење, кисели краставички, магдонос, маслинки и павлака колку да се соединат сите состојки. Не мерев ништо така да не знам количински колку ставав, ми излегоа 30 пирошки. Се полнат палачинките, краевите се премачкуваат со белка од јајце за да не се одлепуваат. Се валкаат во брашно, јајце па презла и се пржат во загреано масло.
300 грама млечно чоколадо растопено на пареа, кога ќе се растопи се меша со 3 жолчки. Во друг сад 3 белки да се изматат со миксер да стане пена и после се заедно се меша. Се става во плехче 18 ама јас ставив во 22 бидејќи неам 18 и се пече 10-15 мин на загреана рерна на 150 степени. Одозгора ставив шеќер во прах а може и кокос ако некој сака.
Овој рецепт го правев https://reporter.mk/hrana/chokoladen-kolach-med-jabolka/. Нема на што. Баш е вкусно.
По овој ги правев. И мене ми испаднаа 2 ролати, околу 40 кругчиња извадив. Ко што не ми успева секогаш тесто за киснење, ова ептен го погодив.