Верувај и јас ич не ја сакав , рецептов ми е животно откритие . Најпрво убаво го варам свинското месо , да биде целосно сварено . Потоа ја земам боранијата , и така замрзната ја ставам да се свари додека не стане скроз мека . Во тава пржам кромид ( јас земам поголема главица , бидејќи сите ми се јадачи на кромид дома ) па го додавам и месото да се пропржи со се кромидот ( најубаво е кога ќе зарумени малку ) , па ги префрлам во тава за во рерна . Во тавата каде се пржеле кромидот и месото ја пропржувам и боранијата околу 10 минути со промешување на 3 минути , па и неа ја ставам кај месото и кромидот . После ги ставам зачините и четвртина чаша вода во тавата . Две супени лажици брашно растворам со ладна вода ( густината како тесто за американски палачинки отприлика , ама и да не е такво , не е страшно , ќе биде или повеќе на чорба за мацкање или ќе нема воопшто чорба ) и се убаво мешам да се разлее раствореното брашно насекаде по малку . Ставаш во рерна ( ќе ја вклучиш малку предходно , да се загрее , ем побрзо ќе бидне ручекот , ем поубаво ќе испадне ) , јас печам на максимална температура , додека не се потпече убаво ( околу 20 минути најчесто на 250°С ) . Откако ќе ставиш во чинија , од горе ставаш кисело млеко / павлака колку што сакаш . Многу лесен рецепт , боранија почнав да јадам секој втор ден .
Исто и јас порано воопшто не сакав боранија. Сега слично си ја правам вака само по течна, омилено јадење ми е.
Не знам дали од тука го видов рецептов , можно е ако го имаш споделено порано , од тука да ми е , не се сеќавам каде го најдов , ама од нет е сигурна сум .. Можеби сум ти го " украла " . Искрено , мене зависи како ќе ми се погоди , некогаш потечна ми испаѓа , но вака ми е најубава , кога нема многу чорба .
Од првата не можам да ти дадам рецепт зошто го избришав, не ми беше убава, филот беше со густин, а тестото ми беше некако суво А од втората повели https://www.instagram.com/p/CNIosVpJ0-E/?utm_medium=copy_link
Можете ли да ми препорачате некој добар кашкавал што се топи, сакав да правам рецепт со макарони ама не знам добар кашкавал
140 грама шеќер во прав 140 грама мелени бисквити 140 грама мелени ореви Сето ова се замешува со 140 грама омекнат путер. Треба да се добие смеса како за бомбици правење. Од смесата ги правиш крушките, ги поминуваш низ шеќер и ги макаш во жолта и црвена прехрамбена боја. Излегуваат околу 25 парчиња.
Збричолата. 350гр. брашно, 170гр. шеќер, половина ќеса пециво, 200гр. путер, 1 јајце. Се замесува тесто, се дели на два дела, едниот дел се става на тавчето (се притиснува убаво како за чизкејк) во средина се става по желба (мармалад, нутела, слатко, па дури и јаболки ама претходно карамелизирани) Другиот дел го наронуваш одозгора, баш како ронки, колку да не се гледа филот. Кај мене тавчето е 26 см. Се пече на 180° околу 30 мин.
Дали некој го има подготвено рецептот и ако има каков вкус има? 1 филџан колку мл има а и тие лажичките се тие големите за супа?