Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Не добивам некогаш известувања, малку доцнам со одговорот.

    Бешамел сос е тоа (путер, малку брашно, млеко, малку мускатно оревче и сол - тоа по вкус).
    Карфиолот малку го обарив, дека ептен млад само 2 мин. со бешамелот во рерна одозгора има парчиња едамер. Се пече сосем малку, колку да се растопи сирењето.
     
    На tina2018, MissChievous и mal.ecka им се допаѓа ова.
  2. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
  3. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.734
    Допаѓања:
    140.088
    Колачиња со ресани:)

    Варам пудинг од ванила. Од 250 мл ладно млеко вадам 6 лажици во чинијата со пудинг и 3 лажици шеќер. Остатокот од млекото зоврива и истурам измешаниот пудунг. Откако скроз ќе се олади пудингот, настрана со миксер матам 125 гр маргарин Кристал, (оставен малку на собна температура) и 100гр шеќер во прав. Откако ќе се уработи убаво во таа смеса го додаваме изладениот пудинг и уработуваме уште неколку минути да се соедини.
    Потоа ги "лепиме". Една ресана сечеме на половина, од внатрешната страна на ресаната мачкаме малку од филот, ги соединуваме и на крај увалуваме во кокос. Пожелно малку да се стават во замрзнувач заради филот. Па да се јадат:D
     
    На 24.07, Love 83, Reina.Gitana и 2 други им се допаѓа ова.
  4. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Машки
    На Elen4e_sonce и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  5. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Да напоменам, не ги мерев состојките од око додавав, ќе се обидам приближно да ти доловам колку сум ставила.
    Се замесува тесто, растопен путер околу 60, 70 гр (коцка помала), млако млеко пола шолја, една кесичка сув квасец, лажица кафеав шеќер, малку сол и брашно по потреба (јас користев интегрално). Тестото да е лепливо па на набрашнета површина се меси дури не лепи веќе. Се тегне правоаголник, се премачкува со растопен путер или маслиново масло, па се додава рамномерно фил од измешан кафеав шеќер (пола шолја) и една кесичка цимет.
    Се прави ролат од кората и се сечат со кујнски конец. Се печат на 200 степени, дури не заруменат.
    Филот најгоре е со крем сирење, ванилин шеќер и ванила екстракт. Се додава дури се топли откако ќе се извадат од печење.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    18.048
    На gjoker4e и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.738
    Допаѓања:
    16.406
    Пол:
    Женски
    Рецепт :inlove:??
     
  8. Saraа12

    Saraа12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2018
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    • 2 јајца
    • 6 лажици овес
    • 1 банана
    • 1 мало лажиче какао
    • малку прашок за пециво
    • 1 дозерка протеин или сурутка
    • газирана вода по потреба за густина
    Крем за врз палачинката
    • 1 голема лажица грчки јогурт
    • 1 голема лажица мед
    • 1 мало лажиче какао
    Декорација: замрзнати малини или било кое друго овошје

    Припрема:
    Сите состојки се ставаат во чаша и се блендираат се додека не се добие еднолична смеса. Внимавај да не ставиш премногу вода затоа што треба да добиеш густа смеса како за американски палачинки. На загреана тава мачкаш масло со четка колку да не се залепат, ги пропржуваш од двете страни, ги редиш во чинија и декорираш со протеинското кремче од грчки јогурт и додаваш свежи малини
     
    На poldiaha и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.738
    Допаѓања:
    16.406
    Пол:
    Женски
    Благодарам. Многу вкусно изгледа.
     
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Женски
  11. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    28.274
    Пол:
    Женски
    @oblace1
    3 јајца
    3 финџали јогурт
    3 финџали млеко
    2 финџали масло
    3 финџали брашно пченкарно
    3 финџали брашно бело
    1 пециво
    Сол 1 лажичка
    Сето ова добро ќе го измешаш и му додаваш внатре што сакаш
    Во мојава моментално има кашкавал,салама,маслинки и срење.
    Некогаш и ставам урда и блитва,
    Урда и праз.
    Што ти е по ќејф тоа.
    Печам на загреана рерна на хартија на 200 степени околу 30-45 мин.
     
    На poldiaha и Hortenzija им се допаѓа ова.
  12. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.970
    Пол:
    Женски
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски


    Човеков ми е омилен
     
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  14. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    33.716
    Пол:
    Женски
    готови се, еве ги.
    многу лесни, брзи и што е најважно - превкусни :)
    B49A032E-949C-4010-ADF3-43FF12A7F2CA.jpeg
     
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски


    Знам дека е вкус во прашање ама мене ептен вкусно ми дојде ова.
     
    На simoncelicius, tina2018, Hortenzija и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    546
    Допаѓања:
    473
    Пол:
    Женски
    Вакаа прв пат ке фатам да месам нешто млада сум неискусна и се ова океј него затоа што не можам да и го сфатам описов. Како да го направам лебчето? Колку зејтин колку сол колку време да стаса. Не ја прашувам мама пошо сакам изненадување да биде хахахах
     

    Прикачени фајлови:

    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Го мешаш брашното со лажица шеќер и лажиче сол, и ако ставаш сув квасец, и квасецот измешај го.
    А ако ставаш свеж квасец (коцка), ќе го раствориш во млекото кое не треба да биде врело, туку топло кон млако.
    Во млекото го мешаш и маслото, 20 мл и го додаваш во брашното, замесуваш тесто, сакаш со рака, сакаш со миксер. Кога ќе се оформи, го месиш на подлога со тие три лажици брашно, и кога ќе добиеш меко нелепливо тесто, оставаш да стасува два часа.

    После расукуваш правоаголник, го мачкаш со кечап, ставаш оригано, кашкавал, шунка и го виткаш како ролат на подолгата страна. После ролатот го сечеш на парчиња, ги редиш во тавче и ги оставаш да киснат. Може да ставиш кашкавал одозгора, моцарела или што сакаш, кога ќе нараснат ги печеш.
     
    На Аничкаa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Може рецепти ве молам?


     
    На Love 83 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    @IRBBB секако, повели:
     
    На CareTee, g8lQQk, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    33.716
    Пол:
    Женски
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.