Продолжување од серијалот ручек за кумови Вчера морав да одам па не ви допишав. Рижото со печурки половина главица кромид 10тина печурки сецкани на листови 2 шољи ориз, од помалите за кафе 1 шоља мешан зеленчук зачини пилешки бујон магдонос Кромидот и печурките да се испржат да се кристализираат со малку маслиново и малку путер, путерот го ставам откако ќе се запржи малце кромидот за да омекнат после одма. Се додава оризот и мешаниот зеленчук и се продолжува да се пржи уште кратко. Се става од бујонот и се динста кратко на отворено, потоа се затвара и се остава рижотото само да се дозготви така што течност веќе нема ни да има. Го тргам на страна и додавам магдонос ситно исецкан и доколку ви е суво уште малце путер врз врело рижото, само ќе се растопи и кога ќе промешате ќе добиете супервкусно и супер меко рижото. Јас го готвев во вок тава. Пилешка супа со зеленчуци 2 пилешки батачиња 2 моркова парче целер парче пашканат една главица кромид неколку лукчиња едно компирче фиде вегета бибер вода магдонос и лист целер Во голем лонец ги ставам сите зеленчуци и батачињата и го полнам со вода до горе. Вари отприлика час, час и половина се убаво да се развари. Морковите и компирот ги сецкам а останатите зеленчуци ги гмечам и ги враќам во тенџере, месото некогаш го додавам а некогаш го печам, овој пат го исситнив и го додадов. Додадов зачини, фиде и откако ќе свари убаво фидето се додаваат иситнетите магдонос и целер. Супава е најдобар пробиотик, најдобар поттикнувач на имунитет и просто ја обожаваме дома. Од оваа количина излегува голем лонец кој го делам на 2-3 пари и само пред јадење ја одмрзнувам и додавам фиде, зачини, магдонос и целер. Салата од кинеска зелка половина главица кинеска зелка две лажици мешавина од 4те златни семиња, интегрален сусам, лен, сончоглед и семки шака маслинки шака јатки, индиски ореви и кикирики сол и бибер оцет од калинки или обичен маслиново масло магдонос Зелката ситно се сецка, одозгора се додаваат семките јатките, маслинките и се зачинува, се меша и се наросува со магдонос. За виситински вкус јатките и семките најубаво е да се истостираат на оган, да фатат боичка. Тирамису ала Ангел 3 јајца пола литар хопла 6 лажици шеќер едно пакување пишкоти едно пакетче кафе инстант 3во1 Пишкотите се редат во модла или во тавче така што ќе се обложи долниот дел и страничниот, претходно натопени со кафе. Јајцата се матат посебно белките посебно жолчките со по една лажица шеќер на секое јајце. Јас не го сакам многу благо. Хоплата посебно се мати и се спојуваат, прво во жолчките белките па заедно со хоплата. Се става во калапот обложен со пишкоти и се остава да се упиле убаво. Одозгора се наросува цимет или какао и се сервира
Многу лесно тирамисуто, и слатко изгледа.Ке го испробам @QweenSM Бомбиците? @lunicka Китникес првпат го гледам оваа ? @Val-Dim 15 пати се навраќам на темава за твоите кроасани за конечно да ги укупирам.Значи кога ке се подели тестото на 4 нема да е во вид на круг туку баш како оваа и наместо на 4 дела на 7 ке се дели.Или како овде наместо на 20 дела колко е поделено на 7 дела исто сечени така? Како е подобро да се сечат?
Сподели рецепт ако не те мрзи Лунке.Имам дуњи ако е мала доза може да го направам.Досадна сум веќе со рецептиве ама и ги правам.
1 кг измиени,исчистени,нелупени на ситно исечкани дуњи. Ги ставаш во тенџере и налеваш вода некаде 2 прста над нивото на дуњите Кога ќе ги свариш ги бледнаш . Враќаш на оган и додаваш 1 кг и 200 гр шеќер, сок од еден лимон (јас немав и затоа ми излезе потемен) и вариш дури не дојде во густина на пудинг. Т.е.кога мешаш да се види дното на шерпата. Кога се свари го ставаш во силиконски модли или како што е правилно во оној ребраст плех „срнечки грб“ Спојлер: * Ако ставаш во метален плех треба прво да го навлажниш со вода,ако ставаш во силиконски калап нема потреба да навлажнуваш. Оставаш да се стегне а потоа формите можеш да ги препелкаш во мелени ореви,бадеми,лешници или кокос.Можеш и во кристален шеќер ама мене и вака ми е преблаго. Совет плус-правете го кај што нема да се нервирате што прска и треба постојано да се меша да не загори. Спојлер: / Ова е баш стрински рецепт од времето на дедо Адам.И се чувал строго високо на креденец.
Фала ти многу за објаснувањето, не сум ја пρашала баба ми дали се го пρавеле.Отпρилиκа 3 часа си го пρавела или повеќе.Не обожавам многу дуњи ама κе го пρобам.Слатκото од дуњи не ми се допаѓа ама ова сигуρно е послатκо.И да немам појма κаκов е овој сρнечκи стап јас во κалапи κе го ставам κаκо твоите само κе тρеба да доκупам нема може да ми стигнат.Топло се истуρа нели? Мислам деκа на мои ρецепти сум гледала желе од дуњи
Ѓевреци со сусам 1 квасец 400 мл млака вода 200 мл зејтин 3 големи лаж. Шеќер 1 голема лаж. Сол Брашно колку прима (околу 800 гр) 1 пакетче сусам Го ставаме квасецот во сад, ја додаваме млаката вода, зејтинот, шеќерот и солта, кога квасецот ќе се растопи го додаваме брашното и месиме пополека,се додека не добиеме меко и нежно тесто, го ставаме на маса и го вмесуваме со зејтин. Правиме топчиња, ги оставаме 15 тина мин да постасат потоа ги сукаме по свој избор, кифлите ги макаме прво во обична вода па во сусам( за да сусамот се залепи добро) редиме во плех и печиме. Ѓевреците можат да стојат 1 недела нивната мекост е секогаш иста.
@Ketchup , @rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr , рецептот за брауни колачињата: (малку видоизменет од блогот на Smitten Kitchen) 330 гр. брашно (користев пресеано интегрално брашно) 250 гр. (кафеав) шеќер (во оригиналниот рецепт - 300 гр. ) 225 гр. мек путер (на собна температура) 2 големи јајца 90 гр. какао 1/2 лажиче пециво 1/2 лажиче сол лажиче рум (во оригиналниот рецепт - екстракт од ванила) Во длабока чинија (здела) се мешаат брашното, пецивото и солтта. Одделно, со миксер, се матат путерот и шеќерот, додека да се добие убав крем (околу 3-4 минути). Се додаваат и јајцата, едно по едно и се мати до изедначување на смесата. Се додава румот. Следува какаото и на крај брашното. Во оваа етапа може да ви се причини дека е премногу брашно но, со упорно мешање, ќе се добие еднородна смеса. Бидејќи мојот миксер е слаб и почна да загрева, продолжив со силиконска шпатула и на крај и со рака. Worked like a charm . Добиената смеса ја виткаме во прозрачна (стреч) фолија и оставаме да се олади во фрижидер барем 1 саат. Кај мене преноќи и печев следното утро. Но, во ваков случај смесата мора да се извади барем половина саат пред да почнете со печење, да омекне малку. Во спротивно, нема да може да се работи со тестото. Рерната се загрева на 180 степени. Ја делиме смесата на два дела. Едната половина се враќа во фрижидер, а од другата расукуваме „кора“ со дебелина околу 1см. Со модлички се сече од кората и се редат колачињата во тавче. Користам хартија за печење и затоа не го подмачкувам тавчето. Ако немате, најверојатно ќе мора малку да го подмачкате тавчето со зејтин и да посипете какао (не брашно). Се печат 8 - 10 минути. Сум кажала неколку пати, не го земајте здраво за готово времето на печење. Раководете се од сопствената рерна. Кај мене е со вентилатор и беа готови за 7мин. Колачињава лесно може да се препечат и тогаш ќе бидат суви и кршливи, наместо сочни. Готови се кога рабовите се добро испечени, а во средината се меки и малку потренати. (не можев да смислам подобар опис, се надевам ќе ме разберете). Следува истата постапка и со втората половина од тестото. Ако сакате да ги украсите со парченца чоколада, направете го додека се уште топли. Кај мене дел се декорирани со парченца сушен ананас, папаја и чоколада, а одозгора има стопена бела чоколада. Да дополнам со фотографија:
@vitamina ѓевреците во млака или ладна вода се поливаат. И миже ли тоа да се изостане па да се премачкаат со јајце и после сусам ?
Многу едноставно,јас ова по мој вкус си го правев а може да проверите и некој рецепт. Не верувам дека ќе биде многу поразличен . Се вари леќата во коцка супа од зеленчук , со лукче. Се цади и се сервира изладена. Во неа обично додавам праз, домати, кромид, некогаш и семиња. Од страна на зачини ставам кари и куркума затоа што многу специфичен вкус се добива. Поздрав
@kjukli dusicke, ova nema nekoj recept. Jas si ja izmisliv kombinacijava na sostojkite koi gi navedov. Vaka e postapkata: Eden svez kvasec ke stavis vo 250 ml mlaka voda so mallku sekerce i brasnence da nadojde. Otprilika za edna vekna lepce treba 250 gr belo brasno, pcenicno integralno brasno okolu 2 golemi lazici (polni do vrv ) edna lazica heljdino i rzano brasno, lazica somelen len i soncogled ( ne gi stavam celi zrna, ne mi se svigjaat taka, mi krckaat unutra – koj saka celi neka gi stavi ), lazica pcenicni trici, malo lazice suva cubrica i suv ruzmarin (jas ruzmarinot go zdrobiv vo avan, zosto mi bese taka samo isusen i ne isitnet ) i pola lazice morska sol. Seto toa se mesa ubavo, onaka na suvo, pa se dodavaat dve lazici ladno cedeno maslinovo maslo ( nekoj stava obicno, nekoj stava margarin, jas sakam maslinovo zosto mu dava na lebot smek ) i stasaniot kvasec. Se mesi testo so povremeno dodavanje belo brasno - dokolku treba, pa i mlaka voda ako e suvo testoto. E testovo bara poveke mesenje poradi sostojkite. Jas obicno na testoto pravam zasek kako krst so noz, i go posipuvam so brasno odozgora, pa go pokrivam so prozirna folija i go stavam da stasuva negde na toplo. Obicno za pola cas veke e nadojdeno. Pak se premesuva i pak se ostava da stasuva, edno pola cas. Potoa uste ednas se mesi ubavo, da bide mazno testoto, se oblikuva vo vekna i se ostava pak da stasa vo podmackan sad / kalap kade sto ke se pece ( jas pravam i rezovi so noz, za estetika poveke ). Koga ubavo e narasnata veknata, se stava vo prethodno zagrejana rerna na 180 C da se pece. Gotov e za pola cas, koga ke zarumeni ubavo. Ete tolku !
@Kukla994 Рецепт за трилечето? Оддамна го меркам, но никако да пробам да го направам.Многу голема мрза сум Погба од тебе го украде рецептот или друг е? Ако е друг @PogbaPol чекам рецепт и од тебе. @rainbowec Сосот за шпагетите? Ми се допаѓаат многу.
Не го правев јас туку мајка ми,јас само јадам можеби ова ке ти помогни. https://moirecepti.mk/post/trilece-torta/