Ајде да пробам да објаснам за да ја усовршиш обуката Баклава Потребни состојки: 600 мл вода 1 шише масло 2 пецива 5 јајца брашно по потреба 500 гр ореви(мелени) 1 кесичка ванила Шербет: 2кг и 200 гр шеќер 1 кесичка ванила 1 лимон 2 литри вода Подготовка: Водата, маслото(400мл), пецивата и јајцата заедно се мешаат и се оформува тесто. Тестото се дели на два дела, еден-поголем и еден-помал дел. Се почнува со поголемиот дел од тестото кој се дели на 50 топчиња и секое од топчињата се сукаат, се редат една врз друга, врз секоја кора се става нишесте и после се сукаат како една целосна. Се реди во голема тепсија, се туриваат мелените ореви со една кесичка ванила и се почнува со другиот дел. Од другиот дел 40-45 топчиња и се прави на истиот начин како поголемиот дел. Се става врз оревите кај првиот дел. Се сече како ѕвезда и остатокот од маслото се турива врз сеченото. Се пече 30-45 мин на 200ºC да добие убава боја, а после се намалува на 150, вкупно печење 1 час и 20 мин. Добар апетит
@Rabbit и јас сакам рецепт. Btw ти го озманијачив профилот многу убава храна спремаш. Сакам рецепти и од чоколадната торта со вишни и пилешкото во кари со печурки. И од салатава
Според ова видео, но ставив половина од состојките. Излегоа точно 12 на тој начин, да знаеш. Иако на видеото пишува дека е за 12, смесата е премногу за стандардни калапи за мафини какви што имав јас https://www.instagram.com/reel/CYMWSHRqgjc/?utm_medium=copy_link
Алал да ти е ако стварно од твои раце се јадењава што ги постираш. Обожавам пилешки крилца, каков е овај сос плиз?
Крилцата се купени замрзнати, само ги зачинив и печев. Така да, не се од мои раце на оваа слика BBQ сосот исто така ми е купен. (Сос со вкус на скара, од Тинекс) Пиците, мафините, салатите, и другите, генерално јас си ги приготвувам.
Да да, во апарат за крофни се печени Повели рецепт: 2 јајца 6 лажици шеќер (јас ставам кафеав) 2 ванили, рум шеќер 2 лажици рум Прстофат сол 6 лажици зејтин 170 мл млеко 1 лажица какао 260 гр брашно, 1но пециво Јас ставам и рендана кора од портокал, малку цимет Јајцата се матат со шеќерот. Се додаваат прво течните, па сувите состојки. За матење се користи миксер. Јас смесата ја ставам во кесичка за замрзнување и така полнам во апаратчето. Кај мене искачаат отприлика 4 тури. Одозгора ставам топено чоколадо, така се поубави
DM има дехидриран како мелено напраен, го кисниш 10-20 минути и набубрува х3 од големината и после го обработваш ко шо би обработвал ако беше месо. Прв пат ко пробав се збунав од вкусот. Свеж уште немам најдено, а ми се чини чуда в кујна со свеж се прат. А фалафело е lazy girl falafel купвам пакетче од дм, додавам вода, кисни 15 минути така смесено и прајш форми и пропржваш. Фалафел од скреч не прам.
Редовно го одминувам делот со храна во ДМ, а не знам зошто. Следно одење ќе разгледам што има. Може краток опис на вкусот на џекфрут? Ако не те мрзи. За фалафел одамна имам гледано рецепти и уште не сум се нафатила да направам. Може прво да пробам по твојот рецепт да направам.
Буквално еквивалент на мелено. Прв пат го праев во мусака, втор пат сега во зелник и општо по една рака намекнувам и пропржвам во зеленчук за во тортиљи. Ко пробав мусака прв пат со џекфрут станав да проверам дали од точна тава извајв. Мислам доволно опишва вкусот. А инаку во дм многу работи ќе најдиш, има тофу 2-3 вида, плус еден во маринара во тегла, сејтан, има во тегли бургер и фалафел миксој, има овај сувиот микс, еден пикантен исто итн. Многу, многу избор има, па млека, па намази, па паштети. А и виршли и колбасици. Се има.
@theowndemon сонував дека сум отишла во ДМ и ништо од ова погоре не сум нашла. Многу се нервирав. Загреваш масло во тавче на средна температура и кога ќе биде доволно загреано ги кршиш јајцата во тавчето. И постојано ги прелеваш со загреаното масло одозгора. На висока температура загоруваат од долната страна и потегави се. Вака на средна температура подолго време се пржат ама се мноооогу повкусни.