Повели @oblace1 Се замесува тесто од 100 мл.зејтин,220 мл брашно,1 пециво,1 лажичка сол и околу 450гр.брашно. Тестото се дели на точиња(зависно колкави сакаш да ти бидат,јас од ова тесто направив 10 помали). Секое топче се расукува,се става фил по желба и се затвара на половина. Се премачкува со јајце,сусам и се пече на 200 ,зависно од рерната 15-20 мин.
1дел. 300г кафени бисквити или обични со 3лаж какао 1 цеден лимон 200г путер 2дел. 560г крем сир или маскарпоне 85г шеќер во прав 470г нутела 1лаж екстракт од ванила 1лаж какао ^ се се миксира. 3дел. 100мл слатка павлака 200г нутела ^ се топли павлаката, па се меша со нутелче. Тешка е, ама како и не со 700г нутеличка Баш е торте да се облажиш
Јас од око ќе готвам ама ќе пробам јасно да објаснам. Многу повкусно е со хопла ама денес праев со крем сирење. Обично пржам печурки малку, турам хопла, додавам песто и сенф малку ( на пола тегле песто клавам лајче сенф). И зачини по вкус. Пробваш и шо ти фали тури. Денес поќе песто кладов и ништо не додадов. Во ова со крем сирење праев млеко + крем сирење па мешај, па песто, мешај. И тураш тестенини внатре, мешаш и +/- тое.
Колач со суво овошје и сецкани ореви. 4 јајца 1чаша шеќер 1чаша млеко 1 чаша масло 3 чаши брашно, 1 пециво, кора од еден лимон. Сецкани ореви околу 100 гр. Суво овошје по желба околу 300 гр (јас не го мерев, од око ставив урми, сливи и грозје). Чашите се од 200 мл. П.с Ако ставиш повеќе овошје, шеќерот може да го намалиш да не биде многу благо.
Јас овде динстав телешко и свинско месо додека водата не испари, го динстав на тивко, со морков, кромид и лук. Откако го пропржувам, истурам во земјена тава го мешам со мала тегла печурки, ситно сецкана сланина, доматен сос, си додавам по желба зачини и одозгора редам кашкавал. Го печам околу 20-25 мин на 180 степени, во зависност од фурната на 200 ми е многу јака. Можеш да си додадеш и мали топченца мелено месо.
Тестото го направив вака : Скршив едно јајце во тава за печење го изматив и додадов 30 грама овесни снегулки и 125гр. Грчки јогурт се мешаат состојките и се додава малку оригано и пола ќесичка прашок за пециво, се тоа го измешав да се соедини и да се рашири на цела тава да се распореди па одозгора се реди доматно пире и сѐ што сакаш да има, моето испадна вкусно ама се распаѓа при сервирање, ама ти пробај па ако ти се допадне ќе си видиш сама.
1дел. 350г мелена плазма 250г путер 1 цеден лимон Се топи путерот и се меша се заедно. 2дел. 500мл хопла 150г шеќер во прав 300г маскарпоне (може и крем сир) 2 желатини Се матат првин хоплата и шеќерот, па се додава маскарпонето и на крај претходно растворените желатини според упатството од кесичките. Блиска ги растворила желатините (просто со 4ри лажици инаку некои 5-7мин да постојат) ама не ги ставила малку на огин за да се растопат, да знаеш и ти, не знам искрено како баш гласи упатството 3дел. 2 желатин 6лаж. шеќер 200мл вода Околу 300-500г замрзнато овошје (ова зависи и колкаво ти е тавчето, има и пониски или колку сакаш да ставиш. Ако ставаш помалку 1желатин и упола од шербетот е доволно). Првин се раствараат желатините, па од шеќерот и водата се вари шербет, кога ќе се свари се додаваат желатините и се меша. Се реди овошјето врз чизкејкот и на крај се посипува со кутлача/лажица од преливот.