@anggell Повели рецептот мила и многу ти фала за коментарот навистина се превкусни и брзи за правење. 1 пециво 1 ванилен шеќер 2 јајца 150гр шеќер 200гр путер 450гр брашно 100гр какао капки ( јас ги купив од кит го) Растопете го путерот и измешајте го со јајцата, шеќерот, пецивото и ванилката. Измешајте ги убаво па додадете ги брашното и какао капките. Направете тесто и оформете колачиња. Печете ги во загреана рерна на 180-200 степени, 10 до 12 минути. Наздравје и ако ги направиш, пушти ми сликце.
Ова е смрзнат купечки зеленчук. Испржив кромид една главичка па додадов зеленчук, малку вода,зачини и малку сенф.На крај ставив томато сос. Можеш што сакаш да ставиш,морков,брокула,пиперки,грашок..
Чиа пудинг и овесна каша може ли да се направи со вода? И замрзнатото овошје го додавате од вечерта на чиа за да се одмрзне до сабајлето, или така замрзнато го јадете?
Овесната каша може да се направи со вода така што ќе го вариш овесот,ќе додадеш мед,какао или путер од кикирики. Да се згусне така ко пудинг и после можеш да додадеш овошје одозгора. Смрзнатото овошје можеш да го одмрзнеш ако го ставиш во топла вода и да го сервираш. За чиата знам дека се остава преку ноќ да отстои ама за подготовката на пудингот нека каже некој друг.
Повели Оваа најчесто ја правам, и пази при печењето. Дозава што излегува е голема, дури и за стандарден плех од рерна, и треба на два пати да ја печеш, да биде во потенок слој за да стане крцкава. Ако ја печеш одеднаш целава количина, на дното може да остане непечена, а одозгора изгорена.
: ↑ Види го прикачениот фајл 747103 Види го прикачениот фајл 747104 Види го прикачениот фајл 747105 @joyful јас сакам рецепт за чоколадните.
Смесата е за 8 мафини. Внатре има и корпички за мафини. Додаваш само 2 јајца и малку млака вода. Јас ја купив од тинекс, цена не ми текнува 80ден или 100ден.
Да може. Потребни состојки: 3 јајца, 1 чаша бел шеќер и 1/2 кафеав шеќер, 1 лажичка ванила, 1/2 чаша брашно, 1/4 чаша какао, 200гр. Чоколадо за готвење, 115гр. Путер или маргарин. Прво се става на пареа путерот со чоколадото да се стопат, се мешаат шеќерите во посебен сад и се додаваат едно по едно јајцата, па растопеното чоколадо и се меша да се добие кремаста смеса. Се додава какаото и брашното, ванилата па се меша и се претурива во тава за печење. Се пече 180 степени, 30 минути. И тоа е се.
Рецепт за лепчево: Состојки: 500 гр бело брашно 1 кесичка сув квасец 2 лажички шеќер (една за во брашното, една за во квасецот) 1 каф. лаж. Сол Прстофат сода бикарбона 350 мл млака вода ( ова од око, најискрено ВРСКА си немам од вакви мерни единици) ставив поточно 2ипол вакви чаши проценете сами… Начин на подготовка: 1.Во чашава до пола наполнив млака вода, додадов лажичка шеќер, па го додадов квасецот.Промешав и оставив да нарасне. 2.Во меѓувреме, во длабок сад го истурив брашното, ги додадов шеќерот, солта и сода бикарбоната и убаво измешав. 3.Откако нарасна квасецот, напраив дупка во брашното, го додадов и промешав. Прво промешав со лажица, е потоа постепено почнав да додавам млака вода и да мешам со рака.Кога веќе заличе на тесто, на работната маса ставив брашно, па тестото го префрлив. Уште беше ронливо па додавав брашно. Го месев додека не се соедини сѐ.Моево испадна лепливо. 4.Веќе готовото тесто го враќам во садот, го покривам и го ставив во близина на парно.Тестото нарасна за 15/20минути. 5.Повторно наросувам брашно на раб. маса и овој пат ставив и зејтин малку, го месев тестото 5минути можеби и пак назад во садот.Чекав уште 15мин за да стаса.Е кога стаса, пуштив рерната на горе-доле и на макс (ваљда 275 степени е тоа бидејќи пред него кај мене е 250) и ставив тањирче со вода внатре. Додека се грееше рерната јас убаво го измавав и измесив тестото бидејќи нешто ми се двоеше, и додавав повремено брашно. 6.Кога се изгаси сијаличката, го обликував тестото во форма на круг, горе наросив брашно.И го ставив во плехот за печење во кој имаше хартиј за печење (не беше намрсена хартијата). Го наместив, и го премачкав со маслиново масло и сусам.Уште малку нарасна.Пред да го ставам во рерна, го поделив на 4 и го извадив тањирчето од рерната, а го ставив плехот.Ја намалив температурата на 220• и печев 30 минути. Крајниот резултат како за прв пат, брше совршен. Не сте виделе полошо објаснет рецепт, знам, ама читав од 2 места, се збунив сто пати, ама не се откажав.А и дудук сум за објаснување @lovely91 наздравје