Многу се криспи ама некако ептен малку се осеќаат зачините, нешто сум утнал. Рецептот за 1кг крилца е: 450 млеко 4 лажици оцет Зачини: Сол, бибер, лук, оригано, ѓумбир, чили. Во сад ставаш 450 мл млеко, 4 лажици оцет/лимонов сок, да отстои 15 минути. Во млекото додаваш сол, ѓумбир, лук. Ги потопуваш крилцата во млекото, ги покриваш и ги оставаш да стојат минимум 1 час. (Јас ги оставив само 1 час оти немав време меѓутоа што повеќе, тоа подобро). Ги вадиш од млекото со цедалка. Додаваш бибер, чили, сол, оригано, лук (и друго по вкус). Мешаш добро, ги покриваш и оставаш 1 час да маринираат. Потоа едно по едно ги валкаш во брашно и добро ги протресуваш за да испадне вишокот брашно. Ставаш во еден сад ладна вода, ги бркаш во водата па пак во брашното. На загреано масло ги пржиш 8-10 минути додека не станат златно кафеави. (Јас ги пржев повеќе оти некако живи ми изгледаа внатре). Изгледа некаде има грешка во рецептов, ако ги правиш пробај од зачините стави и во брашното, оти премногу блантави се вака. Или ја сум ставил малку зачини, не ги мерев од око ставав
Јас поинаков рецепт знам и преубо излегват https://www.instagram.com/reel/CY39SSsMjMt/?utm_medium=copy_link Превкусни се.
Земи си омилениот рецепт за НЕ лиснети кифлички и после ко ќе расукаш тестото ( нели од ко ќе одстои и се то), вадиш со чаша кругчиња пд кората, полниш со сирење или со шо сакаш реално се влегва, и го затвораш да дојди полукруг и со виљушка од двете страни залепи оти после киснење ќе изгуби форма ако не се убо прицнати на отворот. И после ги редиш како сакаш. Јас почнувам круг да прам од средина и одам нанадвор и ги редам во круг или наизменично да личи како демек цвеќе.
Дајте рецепт за тофу и предлози за посни јадења, ама како замена за месо (пример зеленчукови плескавици), ако може со детален рецепт, за неталентирани како мене. @theowndemon до земја, лиги ми течат од твоите јадења. Ај сега помагај.
Вакааааа Ова веџи хек, 2/3 ми влезе во голема тава мусака. Мало личи ама 15-30 минути да одстој во вода и се зголемва и си го спремаш исто ко мелено. Исто и сојата под него. Реално и фалафело така се спрема ова е се брзо на сликава ХАХАХАХХАХ. Фалафел седи во вода 15 минути и си прајш форми и пржиш/ печиш. Зеленчукови плескавици, од леќа го сакам пример во тестенини јас. Од грав ми се убај за сендвич или ко замена за плескавица. https://www.delscookingtwist.com/vegan-red-lentil-patties-with-garlic-tahini-sauce/ https://www.loveandlemons.com/black-bean-burger-recipe/ Исто прам митлес митлоуф шо е многу убав за се и доста нутритивен: https://www.avantgardevegan.com/recipes/bbq-vegan-meatloaf/ Некои рецепти ми се вегетаријански не веган, ама лесно се прат веган. Ако има јајце на пример лен со вода се прај мешавина и врзва како јајце. Млеко со растително и слично. Ако има нешто такво пиши ми ќе ти кажам замена. Ако и нешто друго ти треба пиши ми шо конкретно ќе ти дам рецепт. Сакам да ширам зборот на плент бејзд исхрана. Едит. Са видов дека и тофу пиша, јас оти не сум фан скроз изумив. Јас лично сечам тенко, го тапкаш со крпа и пржам прскано со масло од босилек. И тоето. Друго мех ми било ама јас имам проблем со текстурата, не со вкусот на тофу. За плескавици, ќебапи и колбасици замени, најубај ти се од Вердино, ги имаш Веро и Тинекс и други места во замрзнат дел. Малку ... Соленки се во цена ама незаменливи во вкус.
Леле како кажуваш “врзваш лен со вода”, како да врзам, што? Фала ти многу, ќе пробам да направам нешто од понеделник и ќе ти се пофалам (ако личи на нешто).
Па лајче лен мислам во две лајци вода беше да одстои, ама треба да проверам сооднос. И се однесува како јајце во месено на пример. Врзва состојките.
Јас ги правам вака преубави се , само ставам лут чипс Доритос и со dipped Heinz сос од лук исто како од KFC.
Јуфки е јадењето над оризот во чинијата? Или друг тип паста? Може рецепта? Исто, каков е сосот за оризот? @Izaabella може рецепт за мафините од интегрално брашно исто?
Тоа горе се морски плодови со сос од пржен лук во путер и крема за готвење. Може и за макарони. Сосот е лут чили сос од Стокомак, во црвено-црно паковање.
Кларо ќе си. У еден сад испасирав две банани, додадов четири големи лажици мед, три лажици пинат батер, екстракт од ванила едно лажиче и две големи лажици агаве сируп. У друг сад ставив шоља ипол интегрално пченично брашно, истурив малку поише цимет (моја желба), едно мало лажиче сода бикарбона, мааалку сол и додадов ситно сецкани ореви, малку лешници и бадеми. У садот со брашното ја додадов првата смеса и мешав додека не се соедини. Вкусот ептен ме потсеќа на банана бред и можеш да печеш у шо и да сакаш. Одозгора исто можеш да додадеш шо ти праи кејф, од суво, замрзнато овошје, до какви и да се јатки. Бон апетит
И од моето Само што мајка ми ја правеше со бел крем,така ја обожавам.Ама сега исполнував желба и мораше баш чоколадна да е. Незнам да ставам линк.Ако сакаш ќе ти го пишам покасно,или во лп ќе ти пишам по кој правев.