Секако Две млади кромидчиња, една црвена пиперка и еден морков ги запржив додека не омекнат, потоа додадов наут, една шака бејби спанаќ и малку томатело. Од зачини користев сол, бибер, оригано и малку копар. Кога се ова беше готово го додадов претходно сварениот ориз и тоа е тоа. Брзо, здраво и вкусно. Се надевам ќе ти се допадне
Може,секако 4 јајца,1 шоља јогурт,пола шоља зејтин,1 пециво,1 лажиче сол и 2 шољи брашно(една обично бело 1 пченкарно или само со бело како сакаш). Тоа е основата.Внатре ставаш што сакаш сирење,сланина,праз,спанаќ,комбинирај што сакаш.Јас сега имам само сирење и спанаќ. И печеш на 200 отприлика 20 мин
@theowndemon Може да ми кажеш како го припремаш фалафелот на дм? Јас го направив со вода колку што пишуваше на опаковката, но пишува да се повари малце. Веднаш се соедина, не остана вода за варење. Убав беше, но не знам дали е правилно така.
Да, зборав со другарка шо читаше на германски и било уствари грешка во превод. Треба да одстои 15 минути после соединувањето, не да се вари.
За пандишпанот: 5 јајца 5 лажици брашно Блитва Во нутрибулет блитвата и јајцата ги изблендирав заедно, ги префрлив во сад и го додадов брашното на крај. Таа смеса ја ставив во плех со хартија за печење, 20 минути отприлика Потоа се чека да се олади малку, мокра крпа ставам за да не се исуши Овојпат ставив урда, сирење и шунка. Можеш павлака, кисели краставички, јајца... Спојлер Сум правела и црвен ролат 5 јајца, 5 лажици брашно, 5 лажици ајвар Преубав е Спојлер
Фала сонце, обавезно ќе го пробам. По рецептов ова може и здрава варијанта со пет лажици овес измиксани на нутрибулентот, може и со спанаќ, значи стварно секакви здрави варијации... Многу сакам солени ролатчиња, обавезно го правам оваа недела.
@Hortenzija 3 јајца 3 мали филџани шеќер 3 големи лажици мед 3 филџани зејтин (не скроз полни) 1 ванилин шеќер или екстракт ванила 1 мала лажица сода Брашно по потреба се додава во месење (околу 800г-1кг, зависи од јајцата колкави се и филџаните, но ќе си додаваш најубаво постепено, кога ќе биде нелепливо и добро за размесување, тоа значи доста е брашно). Јас за полесно вадење си го размесувам на хартија за печење. Си вадиш какви имаш форми такви, може и со обична чашка. Печеш на загреана рингла на 180, ако ти е слаба и 200 може. Кога ќе оладат ги мачкаш со каков сакаш џем и ги оставаш неколку часа за да се стегнат и соединат со џемот за да не ти се лизгаат при ставање на чоко глазурата. Јас вечер ги печев и мачкав со џем, сабајле со глазура ги доправив. Глазурата ми беше од око, 100г чоколадо за готвење, малку путер, малку млеко, лажица зејтин, лажица шеќер, лажица какао, ја стопив на пареа и ја ставив во чашка за да можам полесно да ги брцкам до пола. Им посипував одма по мачкање глазура кокос/мелени ореви и ги редев на послужавник и ги ставив во фрижидер 40тина мин. После ги извадив и ги ставив во сад со капак. Преубави се, лапни голтни, едно не ти е доста, па ни две Се надевам убаво објаснив
https://fitlife.com.mk/ovesni-palacinki/ Тоа горе е путер од кикирики и лешник, посебно ги растопив и малини.