За една порција што ми стига за да намачкам три лепчиња: Пола авокадо Малку кромид, по желба ова, јас сечам отприлика секогаш Малку сол И тоа, многу е едноставно. Важно е авокадото да е зрело и убаво да го измешаш со другите состојки за да стане кашесто. Јас користам вилушка. Ако не е доволно зрело и меко авокадото, остави го еден до два дена на собна температура.
@Annath рецепт за мус тортата со маскарпоне за италијанецот мој , обожава благо со маскарпоне па да го изненадам со тортава, изгледа преубава а верувам дека е и превкусна.
Ќе ти дадам линк, ако не ти го отвора, или не разбираш нешто, слободно прашај ме. Тортава е превкусна, и јас обожавам благо со маскарпоне (тирамису ми е број еден), па го направив и ова. Малку повеќе тинтрање сака, ама вреди Еве линк http://www.likechocolate.net/2014/11/mousse-torta-od-cokolade-karamela-i-mascarponea/ Следи упатства, ќе ти излезе исто ко на сликата, може и малку повисока, зависи од калапот.
Мафини со шлаг. 1 дел 170гр брашно пола лажиче сода бикарбона 1 лажица какао малку пециво и малку сол (се мешаат) 2 дел. 1 јајце 200 гр шеќер 2 дл. млеко 1 дл. масло ( се матат околу 5-7 мин и постепено му се додава првиот дел) Се тураат во калап и се печат околу 10-15 мин. Тоа горе е шлаг со прехрамбена боја и на одозгора шеќер во зрно, цимет, мрвици, имав и со ореви. Што ми се најде дома тоа ставив и ете убаво испаднаа.
Брзи и лесни. Ги правев од ум, ама некако многу благи ми беа за мој вкус. Ако сакате можете да ги прекомбинирате, ама како, вие ќе си одлучите. За некои 20 парчиња, потребни се следниве состојки. Потребно: 200 гр. млечно чоколадо (за калапот) 10 пар. карамели со вкус на лешник 100 гр. бело чоколадо 1 коцка путер (или две полни лаж. путер) 100мл. млеко 20 пар. цели и печени лешници Карамелите, млекото, путерот и чоколадото, се ’ заедно се става на тивок оган да се стопи. Потоа се остава да излади и од таа смеса се полнат калапите. Силиконскиот калап прво се обложува со тенок слој чоколадо. Се става прво мал слој од полнежот, па се става еден лешник и се дополнува со течниот полнеж. Па повторно чоколадо. Слика . Спојлер
Јас сакам @lunicka да сподели рецепт од тартот. Не мора скроз со полнењето како, чисто ме интересира самото тесто за тарт
Тарт од јаболка 500-600 гр.брашно 250 гр маргарин или свинска маст (со маст е поубаво) 200 гр шекер во прав 1 пециво малку сол 2 јајца Се замесува тесто и се сече на 2 дела.Првиот дел се расукува и се става во правоаголна или четвртаста тава,намачкана со зејтин.Се лупат и чистат некаде околу 8-9 јаболка и се делат на половина,и се редат на тестото.Под секое јаболко насоли малку гриз а одозгора ванила и цимет.Со другата половина тесто исто расукана во таа форма како плехот поклопуваш одозгора,боцкаш со нож и печеш 25-30 мин на 200 степена.Зависи и како ти пече рерната.Испечено исечи коцка колку што зафаќа јаболкото. Кога се олади посипи со прах шеќер и уживај.
@Salome салатата со брокула,морков и компири, на кој начин ја правиш? Се е варено, додадено масло и сол и бибер, толку? Вкусно ми изгледа
Само компирот е варен, морковот е многу ситно исецкан(во сецко) може затоа изгледа така.Брокулата е само обарена ради хигиенска постапка инаку и она е свежа.И млад кромид. Зачинето е со многу јаболков оцет оти покисело го сакам и маслиново.Салатата е класичната компир салата само додадено е и морков и брокула.
6 јајца се матат со 10 л.шеќер(посебно белките посебно жолчките па се соединуваат) и се додава 6 л.брашно и пола пецивоСе пече во плех обложен со хартија. Се вади,се превртува и малку се подоладува.Настрана се мешаат 1 кг.млеко пола кг.хопла и 300гр.кондензирано млеко и а во плехот кај што се печеше тортата се тура пола од млеката па се враќа назад тортата,се боцка со виљушка и се полева со останатото млеко.Згора се мачка со карамел прелив. Ова е оригиналниот рецепт но сега немав кондензирано млеко така да може значи и без тоа и не ја вадев тортата од плехот туку веднаш ја полив со целото млеко.