1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    А така де, замеши малку прсти во кујна, не само на готово, хаха, се шалам.По овој рецепт ли е правен.Сум гледала многу рецепти но вака е подруго кога ке видам овде како испаднало.Сепак фала ти :D
    Пс::clap: за мајкати :D
     
    На PogbaPol му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    61.354
    Леди сега го видов ова... Понекогаш не ми стасуваат известувања кога некој ме цитирал...
    Од осумте кори поставени една врз друга и развлечени до максимум добиваш огромен круг... Е тој круг го делиш на четири (исто како што бурекот се дели на четвртинки)... Потоа секоја четвртинка се дели на седум дела т.е добиваш 7 големи триаголници!!!
     
  3. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Да, да сватив.Не ми беше јасно баш дали дека тестото кога ке се подели на 4 нели не е кружно, ама све ми е јасно сега тоа.Фала ти.Уште да си прашам пошто прочитав дека киснат 2 часа, дали нараснуваат многу, па да оставам повеќе простор меѓу нив?
     
  4. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    61.354
    За два часа нараснуваат, но не стануваат џинови :lol:... Остави простор колку што оставаш за кифлите да не ти се залепат една со друга - отприлика 2 - 2,5 сантиметри!!!
     
  5. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    @Winter Lady dali se snajde so receptot na Pol ili da buricnam ja da go najdam receptot od moeto trilece oti kuznaj kaj e? :D
     
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    iskreno nemav nisto blago pa ona sto mi se najde niz doma,pravev obicna aravanija ja mesav so mikser od kako se ispece ja secev na polovina I vo sred ja mackav so nutela pa odozgora na del imav seker vo prav na del ne :) nisto posebno ama kako za padnat seker dobra bese:)
     
    На toogood и VladeMila им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.891
    Допаѓања:
    132.566
    Се извинувам за доцнење, немав време :)

    Рецептот требаше да е следниот: http://moirecepti.mk/post/лесен-колач-со-бисквити

    1. Половина од млекото заедно со шеќерот ги ставаме да почнат да вријат.
    2. Во другата половина ги додаваме останатите состојки, освен путерот и лешниците. Убаво ги промешуваме и кога млекото ќе почне да врие ги ставаме во него.
    3. Со постојано мешање постепено ги додаваме и мелените лешници.
    4. Кога смесата ќе се згусне, ја тргаме на страна и го ставаме путерот. Мешаме додека да се стопи.
    5. Кремот го оставаме да се излади, ама може и топол да биде, па потоа ги ставаме мелените и кршените бисквити. Мешаме и потоа ја формираме смесата по желба, кај мене беше во форма на ролат.

    Прочитај повеќе: http://moirecepti.mk/post/лесен-колач-со-бисквити/#ixzz3rJDaIMVh
    И затоа што во точка 2 вика „сите состојки“ ги ставив сите состојки, вклучувајќи ги и бисквитите мелени и кршени, за во точка 5, на крај, да сфатам дека се стааваат на крај :( И кога видов дека утнав, решив да си правам глупости и ставив пола портокал(сокот), па 100 грама сецкано желе, па пола паковање смокви, па уште малку кршени бисквити. Па црно течно чоколадо. Па кршено чоколадо за готвење. Да имав урми, ќе ставев и тоа.

    Откако завршив со фрижидерот и се што има во него, ставив во чинија за салата фолија и во неа ја истурив смесата, наредив кругчиња банана (не требаше, грдо беше, може требаше ресани или нешто слично) и оставив да се лади во фрижидер. По некој саат ја превртев и добив торта :) Не ја украсив, немав со што :)

    Значи, рецепт вистински немам, импровизирам секогаш. Треба да е цврста и да се јаде со раце, мене ми испадна малце мека, па се јаде со вилушка :) Се надевам тебе подобро ќе ти успее. :)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Леле Винтер и јас како тебе ја имав истата дилема од сликата што си ја постирала на претходните страници.\
    Ја поделив кората на 4 и потоа гледав, гледав, се мислев како да ги сечам никако не ги гледав тие 7 големи триаголници:D и пробав и на двата начини што си ги постирала погоре, значи наместо да сечам од аголот, јас почнав од центарот кај едната четвртина, другата пак, ја поделив на пола во хоризонтала, па потоа правев триаголници, абе што да ти кажам:$:lol: .
    Затоа кроасаните ми имаа нетипична форма и тоа ме нервираше и цело време се мислев кај ми е грешката, а всушност дури сега после постот на @Val-Dim укапирав како треба.
    Таа всушност го кажа истото од претходно, ама мене дури сега ми светна:tmi:.

    Еве како треба да ја поделите големата кора откако веќе сте ја поделиле на 4 дела. Значи ова е приказ на едната четвртина, поделена на 7 триаголници.
    Ја направив оваа слика, можеби ќе ѝ се најде на некоја од вас, која ја има истата дилема како мене претходно. Сега откако си ја решив дилемата дефинитивно ќе ги правам повторно:muscle:.
    111.jpg
     
    На Espadrila, kjukli, Val-Dim и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Ако едната четвртина си ја поделила на хоризонтала ти излегле значи 4 кроасани хаха.Јас ја решив дилемата и само чекав потврден одговор.Затоа и не се решив да ги правам.Како на првата слика што ја поставив и реков наместо на 4 како на сликата, на 7 ке се дели.Е убаво штом ти текнало да ја направиш сликата :clap: каде ја направи, за да знам, може ќе ми притреба.Значи и ако се полнат треба многу малку фил да се става пошто ке истече.:D Ах бе Сесии, следечи пут еве прашувај овде ке ги решаваме дилемите :lol: младите готвачки.
     
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ма какви 4, ми излегоа еден куп- еве специјално за тебе направив уште две слики од двата мои начини на сечење.:emo:
    Зошто да биде едноставно кога може да биде комплицирано(facepalm):D?

    222.jpg 333.jpg

    Абе обично прашувам кога не ми е јасно, ама не знаев како да го поставам прашањето кога цело време одговорот беше- голема кора, па се дели на 4 дела, па секој дел на 7 големи триаголници.

    Така се мислев порано како се сече баклавата како снегулка, ама и таа дилема си ја решив: си седнав и си нацртав еден круг на лист хартија, и си добив таков пресек.

    Инаку на Пеинт е правено, се гледа дека е несмасно и набрзина.
     
    На Espadrila, kjukli, Winter Lady и 2 други им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    @DVAANGELA, во оваа тема бараме и даваме рецепти. :)

    Хачапурите ги правев по овој рецепт на МиГусто.
    Со таа разлика што квасецот го зафатив со 100мл млака вода, па после додадов 400мл јогурт. И малку повеќе печење треба, кај мене не беа доволни 15 минути. За фил искористив мешано изварка + сирење. Сум ги правела само со сирење, многу се солени. Само со изварка нема доволно вкус. За мешаниот фил ми рекоа дека бил таман. :)
    Одозгора ставив биено сирење, некои со сусам.

    Прилично лесно се прават, само ти препорачувам тестото да го месиш со миксер (оние додатоци за тесто) или специјална машина за тесто ако имаш. Многу е лепливо пред да го оставиш да нарасне, нема шанси со рака. Откако ќе нарасне, го ставаш на површина со прилично брашно и малку размесуваш, па може да се работи.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу
     
  13. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    @ANGIE1 еве го рецептот од тортата мачмало, инаку не ја правев јас мајка ми ја правеше :lol: IMG_20151113_165533.jpg
     
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.208
    Пол:
    Женски
    @Kukla994
    Де рецептот од бајадерата со карамели, оти умрев :wasntme:
     
  15. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    @Annath @CrazyOne Ве молам за рецептите, слава иде па да спремиме ново, домашно, месенко :)
     
    На CrazyOne му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.285
    Пол:
    Женски
    Јас ги правев по овој рецепт. Може да ги полниш со што сакаш. Само еден совет: не го ставај целото брашно што го пишува во рецептов, почни со 800 гр, па акоима потреба, додај уште да добиеш меко нелепливо тесто.
    http://moirecepti.mk/post/мафини-кифли/
     
    На irenna и Rubiii им се допаѓа ова.
  18. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    19.640
    Пол:
    Женски
    До вечер ке го пишам рецептот, да се врати маjka ми од работа. Таа прави jас сликам и дегустирам :D
     
    На irenna и Rubiii им се допаѓа ова.
  19. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    19.640
    Пол:
    Женски
    @Rubiii рецепт за погача
    Тесто
    1кг брашно
    Малку сол
    1 шолja за кафе зеjтин
    Прашок за пециво
    2 'jajца
    Уште две jajца од кои белките одат во тестото а жолчките се за премачкуванjе
    Квасец со млака вода или млеко. Ова e со вода правено

    Тестото се меси и сече на два дела. Првиот дел се сечее на 9 топчинjа. Од секое топче се развлекува кора. Секоjа кора ссе реди една врз друга, секоja кора се премачкува со маргарин. Кога ке се стави и последната кора, се расукува голема кора коja се сече на 16 парчинja. Од секое парче виткаш кифла. Истава постапка е и за другиот дел од тестото.
    Не треба да стасува, се пече 20 минути на 200 степени во тавче бр 30. Од кг брашно излегуваат две погачи.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.026
    Пол:
    Женски
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.