Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.022
    Допаѓања:
    36.323
    Пол:
    Женски
    Тортава моја е за три минути готова. :D
    Подлогата е купечка од бисквити, има и други видови во маркет ама над оваа има слика со овошје. До сега од горе директно ставав јагоди, па најгоре тортен гус во вода без шеќер иако пишува и шеќер на упатството. А овој пат ставив шлаг пена па јагоди па тортен гус (глазура). Треба да се има и калап за да не се разлее по страните и да испадне рамна ама јас немам. А за подлогата како готова јас на германски гледам на јутјуб „Erdbeere kuchen“ таму има рецепт и за подлогата ама прекомплицирано ми е, и сега бебето се разбуди таман глазурата кога ја правев ама ок интересно испадна од горе како намерно така да сум сакала.
    Секогаш ја правам како првиот начин за три минути и ја ставам во фрижидер. Мене ми е најомилена летна торта и ја правам цело лето па и со замрзнати јагоди во остатокот од годината ама во лето е повкусна.
     
    На cooll и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  2. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Сос болоњезе - запржувам 2 главици кромид, 1 блага пиперка, 2 - 3 чешниња лук, 2 моркови, сето ситно исецкано. Потоа додавам 1кг мелено месо, откако сето ќе се испржи додавам доматен сос, зачини по вкус, јас додавам босилок, оригано, вегета, црн бибер, магдонос... Сосот го мешам со претходно сварени макарони, печам на 250С. 5 мин пред да се готови, му додавам рендан кашкавал најгоре, печи уште 5 минутки. :)
    Сервирам со павлака. :)
     
    На АничеБананиче и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.633
    Допаѓања:
    25.335
    Пол:
    Машки
    На Love 83 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Може,повели
     
    На simoncelicius и staycalm им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.752
    Допаѓања:
    172.972
    Пол:
    Женски
  6. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    14.129
    Пол:
    Женски
    У ресторан е оваа.
    Ама ако сакаш убаво и меко тесто маслиново масло it’s the secret , пробано многу пати и за пица и за лебче.
     
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.752
    Допаѓања:
    172.972
    Пол:
    Женски
    Таа тема е само за она што ние сме зготвиле :)

    Маслиново користам и јас, мкслев уште некој друг трик. Ама веројатно треба и повисока температура како во фурните по рестораните
     
    На stsmua05 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Berguzar

    Berguzar Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    7.662
  9. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    14.129
    Пол:
    Женски
    Не го лупам компирот го сецкам само и ставам маслиново и зачини (сол,бибер,вегета и лук во прав) едноставно а преубав е на вкус.
     
    На Berguzar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. smurffet

    smurffet Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    пробај 15 мин да печиш на 230С па да намалиш на 200 уште 20тина мин (зависи од релната). во последно време јас вака само ги правам и се преубај. од зачини исто маслиново, сол , бибер, лик и пипер буковка му ставам јас.
     
    На Berguzar му/ѝ се допаѓа ова.
  11. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.184
    Пол:
    Машки
    @24.07 дали може рецепт за крофните? Кога и да направам крофни ми излегуваат шупливи внатре, како за полнење, а моиве сакаат внатре да се повеќе на тесто.
     
    На 24.07 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    33.240
    Пол:
    Женски
    1кг брашно
    1 рака шеќер
    1 пакетче ванила
    1 кора од лимон ( јас не ставив немав)
    3јајца
    масло 1 филџан ( јас ставив од око)
    1 квасец
    Околу 500 мл млеко благо.

    Се замесува кисни два пати, и третиот пак се пржат.

    Јас наместо млеко ставив јогурт по втор пат и поубави се.
     
  13. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    380
    @forumce може рецепт од колачот?
     
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Оф, сама го смислив во моментот. Имав останато 2 јаболки и 2 праски и се чудев што да им правам. Изматив 3 јајца со 1 шоља шеќер (мислам дека е 150мл)и ванилин шеќер. Додадов 1 шоља кисела вода и пола шоља зејтин. Во смесата ставив исецкани ореви приближно полна рака, пола пециво, 10 лажици брашно и изренданите јаболки. Во набрашнето тавче ги ставив праските тенко сечени и наросив со шеќер и одозгоре ја истурив смесата. Печев на 220 ст додека не се испечи.
     
  15. Saraahh

    Saraahh Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    2.351
    На Love 83 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Извини за доцниот одговор.
    Повели:

    5 белки се матат со 8 лаж.шеќер и се додава 6 лаж.брашно и пола пециво и се пече .Кога е готова кората додека е топла се прелива со 150 мл.топло млеко и се остава да се излади .
    Кога е оладено ,редиш овошје по желба.Во случајов јас имам малини.Над нив се става филот .

    Фил:
    5 жолки,2 кесички пудинг од ванила и 6 лаж.шеќер се варат во 500мл.млеко како крем .
    Додека е топол се додава 150 гр.маргарин и 100 гр.бела чоколада .Оставаш да се лади и потоа нанесуваш над овошјето.

    Над филот матиш 2 кесички шлаг и украсуваш по желба
     
    На mal.ecka и Saraahh им се допаѓа ова.
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    33.691
    Пол:
    Женски
    1 пециво, 1 шолја јогурт, 1/2 шолја масло, 2 шолји брашно, 2 јајца, малку сол и сувомесно по желба - јас имав ставено шунка и кашкавал.

    Измешај ги сите состојки во густа смеса. Додади сувомесното и ставај по 2-3 лажици од смесата на плех со хартија за печење. Нароси сусам и печи на 200/220 во загреана рерна околу 20 минути.
    Инаку шолјата е од оние за кафе.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.734
    Допаѓања:
    140.088

    Ее фала ти.
    Сум ги правела, плус со пченкарно брашно, ама го изгубив рецептот .
    Многу убаво изгледаат
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  19. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    33.691
    Пол:
    Женски
    Фала ти :)
    Превкусни се и мнооогу меки, се топат во уста буквално. Често ми се на мени ❤️
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.734
    Допаѓања:
    140.088
    Утре ќе ги направам обавезно:)
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.