Прв слој 1 паковање Орео од 264гр 70гр растопен путер Се меша и се распоредува во калап со димензија 25см и се става во фриз 30тина мин Втор слој 1л Хопла се вари со 500гр црно чоколоадо од вечер и се остава до нареден ден. Пред да се составува тортата се мати со миксер. Ова се истура врз првиот слој. Трет слој 200мл хопла 200гр млечна чоколада со сецкани лешници Се вари заедно и се остава кратко да се излади и се прелива врз филот од вториот слој. Се става во фризидер. Доволни се 3 4 саати за да се стегне смесата.
@mssuniquee знам дека беше твој рецепт ова, беколку пати го имам правено ама сега скриншотот не знам зошто е ваков. Ти текнува ли на рецептот?
Здраво јас идам по рецептот на фемина, повели линк http://www.femina.mk/рецепти/популарни-јадења/американски-палачинки
Moite se kinoa palacinki. 50gr pokisnata kinoa preku nok 1 jajce Pola jabolko Lazice cimet Pola lazicka soda Malku voda za reguliranje na gustinata. Kinoata se cedi i se mie i se se stava vo nutri bulet. Se peci na tava premackana so kokosovo maslo. Namazot e domasen dzem od slivi. Prelivot e proteinski prasok i puter od kikiriki.
@QweenSM дај рецепт за тестото за мекици,совршено ти изгледаат А @Kasiopaja221 да даде рецепт за лиснатите со јаболка Преубави
Фала ти Преубави се, премеки и секогаш го правам истото тесто и не ми се утнале до сега. 500гр брашно 320мл вода 1 квасец 1 мала лажичка шеќер 1 мала лажичка сол Вака ги правам кога сакам помалку како што беа на сликата, а за дупла доза: 1кг брашно, 620мл вода, 2 ќесички квасец, 2 сол и 2 шеќер. Кога ќе го замесиш тестото обавезно ќе си го намрсиш со зејтин, исто така и вангличето во кое ќе го оставиш да се дуплира Ако ги направиш пушти ми слика
Јас само да се убацам со сугестија за американски палачинки - додавајте ¼ мало лажиче сода бикарбона во состојките, многу менува, ги прави екстра "плишано" меки.
Повели https://www.kafepauza.mk/zivot/ruzhi-od-jabolka-koi-se-vkusni-kako-shto-izgledaat/ Лесни и едноставни,а превкусни.... само еден хинт: јаболката да ги насецкаш најтенко што можеш, како лист хартија, полесно ќе се виткаат
Фала ти многу, повели рецепт 3 јајца 150гр шеќер 80гр растопен путер 180мл млеко 300гр брашно 1 пециво 1 ванилка 3 јаболки (можеш и друго овошје - праска, круша..) Прво јаболките ќе си ги изрендаш и потоа сите состојки ќе ги ставиш во сад и убаво ќе ги соединиш. Намрси со путер или масло тава бр. 24, печи во загреана рерна на 180-200 степени околу 30-35 мин, ќе си провереш со чачкалица. Само да знаеш дека смесата е за помала тортичка, а ако сакаш повеќе само дуплирај си ја дозата Остави малку да се излади и нароси горе шеќер во прав и перверзијаааа
Благодарам. Морам да кажам дека е многу вкусна. Кога ќе се подизлади по желба може да се пороси со шеќер во прав, а НАЈВКУСНА е откако ќе отстои еден ден. Повели рецепт (Лења пита со јаболки)
@Balerinata Ќе ти го пишам тука рецептот, а тоа е: 200гр чоколадо и бадеми. Ова јас ставив, а место бадеми ти што сакаш можеш, дали јатки, дали некој џем, што имаш дома тоа. Ќе го растопиш само чоколадото на пареа и ќе ги полниш корпичките, после во фрижидер околу 30мин до 1ч да се стегнат и тоа е