За основата ставете 200г бадеми, 15тина урми без семка и две лажици какао во сецко или процесор за храна. Обработете додека бадемите се сомелат и да се соедини смесата. По потреба додајте уште урми. Смесата треба да биде леплива и се додава на дното од калап за торта (20цм). Оставете во фрижидер да се стврдне. За филот треба: 400г индиски ореви претходно киснети во вода преку ноќ и исцедени, 100мл стопено кокосово масло, 1 лажичка нескафе растворено во 30 мл вода (оладено), лажичка ванила арома, 1 конзерва кокосов крем или млеко - се користи само цврстиот дел (треба да биде стоено во фрижидер) и 120мл јаворов или агаве сируп. Сите состојки се додаваат во high-speed блендер и се обработуваат со паузи додека да добиете мазна и кремаста смеса. Додајте ја смесата во калапот за торта врз подготвената основа и ставете ја тортата околу 2 часа во замрзнувач да се стегне убаво. Откако ќе се стврдне може да ја чувате во фрижидер. Едит: Одозгора е украсена со струганици темно чоколадо. @Berguzar
@Anika55 може рецепт за здравите бадем колачиња? Те нападнавме, ама супер изгледаат благцава, па и здрави
Ќе го пишам тука. 3 банани, 50г какакао и 120 гр кикирики путер се блендаат, па смесата се става во калап 30 цм, се пече 25 мин на 180. Се прелива со 100 гр топено чоколадо, во рецептот е млечно, јас ставив црно. Доста е горкичко, нареден пат ќе ставам помалку какао.
200г бадеми 30мл јаворов или агаве сируп 50 мл кокосово масло (стопено) 2 лажички ванила арома прстофат сол 100г кокос 250г темно чоколадо Прво бадемите треба убаво да се осмелат во сецко или процесор. Па се додаваат останатите состојки (освен чоколадото) и се обработуваат додека да се добие изедначена смеса. Од смесата правиме форми како на сликата со рака. Ако е премногу мека, може да се стави кратко во фрижидер да се стегне. Вака подготвена смесата се става во замрзнувач десетина минути. Чоколадото треба да се стопи. Стегнатите "чоколатца" ги мацкаме во чоколадо и ги враќаме уште 10 минути во замрзнувач. Потоа најдобро е да се чуваат во фрижидер во сад со капак. Јас ги украсив со вишокот чоколадо и по еден цел бадем одозгора
200г путер (убаво омекнат) 420г брашно 80г какао 1 лажичка сода бикарбона 1/2 лажичка сол 100мл млеко 100мл јогурт 300г шеќер 4 јајца 1 ванилин шеќер 100г чоколадо за готвење 50мл слатка павлака 1 лажица путер плус путер за премачкување калап Брашното, какаото и содата просејте ги и измешајте ги во подлабок сад. Млекото и јогуртот измешајте ги во чаша. Путерот матете го со шеќерот и ванилата 3-4 минути. Додавајте ги јајцата едно по едно со постојано матење. Додајте сол, а потоа додавајте ја мешавината од брашно и какао дел по дел, наизменично со мешавината млеко и јогурт, со постојано матење. Богато намрсете калап за куглоф со путер, па додајте ја смесата во калапот. Печете во загреана рерна на 160 степени 40-45 минути (проверете со чепкалка, сите рерни се различни). Оставете го колачот да се олади во калапот, а потоа извадете го. Чоколадото стопете го со путерот и слатката павлака и истурете го врз оладениот колач. Јас декорирав со сецкани лешници @Acka22
3 јајца 100 гр.шеќер Прстофат сол 1 ванила 80 гр.јогурт 150 мл.масло 110 гр.брашно 1 пециво 4 јаболка Јаболката се лупат и чистат од семки, се сечат на половина и се редат во плехот обложен со хартија по 4 во 2 реда, да се потпечат додека се прави пандишпанот. Јајцата,солта,шеќерот и ванилата се миксираат. Се додава јогуртот и маслото и на крај брашното и пецивото мешајќи со лажица. Готовата смеса се истура врз плехот со јаболката и се печи 20 мин на 180 степени. Штом е испечена се премачкува со мармалад и се враќа во рерна уште 2-3 минути
@Ginger^ ти лајкнав една стараааа слика од рендана мусака. Ми изгледа превкусна. Дали можеби имаш рецепт сеуште? Или да се сеќаваш на него Инаку @Anika55 после секое ставање слика во таа тема одма доаѓај овде и пишувај си рецепт да не те цитираме по 20 пати Превкусно ти изгледаат сите јадења. Можеби треба да си отвориш профил каде што ќе споделуваш рецепти
Основа: - 250г мелени орео колачиња (без кремот) - 100г стопен путер Ганаж: - 120г темно чоколадо - 100мл слатка павлака Чизкејк: - 450г крем сирење - 200мл слатка павлака - 50г кисела павлака - 100г шеќер во прав - 1 ванилин шеќер - прстофат сол Лимон прелив: - 6 јајца - 220мл цеден сок од лимон - 220г шеќер - рендана кора од 5-6 лимони - 125г путер - прстофат сол Мелените колачиња измешајте ги со путерот и додајте ги во калап за чизкејк (23цм). Стиснете ја и израмнете ја основата на дното и од страните на калапот. Печете ја основата во загреана рерна на 180 степени 10тина минути. Оставете ја да се олади по печењето. За ганажот, стопете ги чоколадото и слатката павлака, додајте ги врз основата и израмнете. Оставете го калапот во фрижидер да се стегне чоколадото. Изматете го крем сирењето со ванилата, солта и шеќерот додека убаво да се соедини смесата. Додајте ја и павлаката. Во посебен сад изматете ја слатката павлака па додајте ја кај крем сирењето и измешајте добро со лажица (не со миксер). Додајте ја смесата во калапот, израмнете и повторно вратете го калапот во фрижидер. За преливот, ставете ги шеќерот и кората од лимон во мало тенџерче. Протријте ги со прсти за кората да пушти мирис. Додајте го и сокот од лимон во тенџерето. Во посебен сад изматете ги убаво јајцата и солта со вилушка па додајте ги во тенџерето. Измешајте добро и ставете на рингла (на средна јачина). Гответе со повремено мешање додека смесата да почне да згуснува. Потоа тргнете од оган и процедете ја низ цедалка. Додајте го путерот исечен на коцкички и мешајте додека целосно да се растопи. Додајте го преливот врз спремниот чизкејк и оставете во фрижидер најмалку 6 часа.