Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    1.378
    Се согласувам со членката пред тебе, преубави јадења :inlove::inlove::inlove:
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    2.512
  3. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    61.633
    Пол:
    Женски
    Фил
    - 120г крем сирење
    - 150г пире од тиква
    - 1 јајце
    - 50г шеќер во прав
    - лажичка цимет
    - пола лажичка морско оревче

    Брауни
    - 100г брашно
    - лажичка пециво
    - лажичка цимет
    - прстофат сол
    - 200г темно чоколадо
    - 120г путер
    - 200г шеќер
    - 2 јајца
    - ванилин шеќер

    Сите состојки од филот изматете ги со миксер во подлабок сад. Крем сирењето, јајцето и пирето од тиква најдобро е да бидат на собна температура.
    Темното чоколадо и путерот растопете ги заедно и оставете ги да се ладат.
    Брашното измешајте го со пецивото, солта и циметот во подлабок сад.
    Во посебен сад, со жица изматете ги јајцата со ванилата и шеќерот. Потоа додајте ги стопените путер и чоколадо и добро измешајте. На крај додајте ја и мешавината од брашно, пециво и цимет, дел по дел, постојано мешајки со жица. Кога е убаво соединето, додајте го најголемиот дел од смесата во намрсен калап за печење (јас користев со димензии 20х30цм). Оставете на страна 4-5 лажици од смесата. Потоа врз тоа додајте го филот со тиква и израмнете. Одозгора додајте од смесата со чоколадо што ја зачувавте на неколу места. (како на сликата). Потоа со нож или чепкалка со кружни движења направете шари. По желба одозгора може да додадете чоколадни капки. Печете во загреана рерна на 160 степени околу 45 минути.

    20221006_132226.jpg 20221006_132325.jpg
     
    На tambelina, franca, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    33.691
    Пол:
    Женски
  5. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    46.248
    Пол:
    Женски
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    @Mishela сподели рецепт како го имаш направено мевцето? Претпоставувам е пилешко со зеленчук дистано ама ми изгледа сочно.

    @Anika55 може рецепт за сникерс тартот?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    61.633
    Пол:
    Женски
    Основа:
    - 250г мелени бисквити
    - 120г стопен путер

    Карамел:
    - 120г путер
    - 60г кафеав шеќер
    - 1 конзерва засладено кондензирано млеко
    - 120мл слатка павлака
    - прстофат сол
    - 200г путер од кикирики
    - 50г сецкани печени кикирики

    Прелив:
    - 150г чоколадо
    - 100мл слатка павлака
    - кикирики за декорација

    Измешајте ги мелените бисквити со путерот и смесата за основата распоредете ја во калап за тарт и притиснете ја убаво на дното и од страните.
    За карамелот, стопете го путерот во тенџере на рингла. Додајте го шеќерот и гответе неколку минути со повремено мешање. Додајте ги кондензираното млеко и слатката павлака, измешајте и тргнете од оган. Додајте сол и путер од кикирики и измешајте добро. Истурете го карамелот врз подготвената основа и печете 15 минути во загреана рерна на 160 степени. По печењето распоредете печени, сецкани кикирики одозгора и оставете да се олади.
    Чоколадото растопете го со слатката павлака и прелијте го врз карамелот. Израмнете и по желба декорирајте со печени кикирики. Оставете во фрижидер да се стегне, најмалку два часа.

    20220709_172729.jpg
     
    На tambelina, Acka22, manako1 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.006
    Допаѓања:
    81.343
    Пол:
    Женски
    Свинско е. :)
    Ако сè уште сакаш рецепт кажи, ќе го пишам малце покасно.
     
    На mal.ecka и simoncelicius им се допаѓа ова.
  9. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    Не јадам свинско ама ми изгледа како вкусно.
    Пиши па ќе пробам дали ќе ми се свиѓа.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    @Kasiopaja221 рецепт за крофните печени во рерна??
     
  11. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    46.248
    Пол:
    Женски
    1 квасец се раствора во 200 мл млако млеко и лажица шеќер и се остава да нарасне.
    2 јајца се матат со 2 лажици шеќер,се додава 20 гр растопен маргарин и 450 гр просеано брашно и рачно се меша. Се додава квасецот и се меси тесто.
    Да отстои тестото 15 мин додека нарасне,па се сучи кора. Со чаша се вадат округли форми ( јас дупка правев насреде со ракиена чаша ама може и без тоа).
    Се оставаат повторно да нараснат и се печат 15 мин на 180 степени.

    Вака е по рецептата,ама јас малку подолго ги печев, зависи валда и од шпоретот
     
    На oblace1 и Rubiii им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.006
    Допаѓања:
    81.343
    Пол:
    Женски
    Немам ниту точно време ниту мерки, од око го правам. Ништо посебно не е постапката, само треба повеќе време. Се сецка месото на парчиња и прво го ставам на рингла во вода без зачини да зоврие само. Кога ќе почне да пени фрлам вода и го мијам, па додавам зачини како ми дојде - бибер во зрно и ловоров лист секогаш, а другото по избор. Зеленчукова коцка супа ставив јас, вкусот си го добива потоа од зеленчукот што ќе се стави. Се налева со вода да се вари под капак минимум пола саат. После иде зеленчукот и тој по избор - во моево има морков и печурки. Пак ставам вода. Не многу, само колку да го прекрие целото и кога ќе омекне скроз морковот го тргам капакот и оставам да испарува водата. Кога ќе дојде веќе при крај и ќе остане уште многу малку од водата, ставам масло и го оставам да крчка во „сосот“ додека не се редуцира до крај.
     
    На simoncelicius и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    @Anika55 може ли рецепт од солените мафини?
    [​IMG]
     
    На Acka22 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    61.633
    Пол:
    Женски
    Многу се вкусни :) Повели:

    - 2 помали тиквички
    - 2 јајца
    - 200г рендан кашкавал
    - 1 сецкана црвена пиперка
    - 1 рендан морков
    - малку сецкан свеж магдонос
    - 130г брашно
    - 1 лажичка пециво
    - сол
    - бибер
    - сусам

    Тиквиците излупете ги и изрендајте ги. Посолете ги и оставете ги да пуштат вода. Потоа исцедете ги.
    Во подлабок сад скршете ги јајцата, додајте сол и бибер и измешајте со вилушка. Потоа додајте ги исцедените тиквици, кашкавал, пиперка, морков, магдонос, брашно и пециво. Добро измешајте.
    Смесата поделете ја во намрсени калапчиња за мафини и поросете со сусам. Печете на 180 степени 30-35 минути.
     
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    Нема брашно??
     
  16. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    61.633
    Пол:
    Женски
    Има, напишано е :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    126.737
    за панцеротите рецепт?
     
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Женски
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Динствувано свинско е.
    Го сечкам на коцки, го ставам во подлабок сад со капак.
    Ставам еден сечкан морков, источлена чешна лук, едно шише домашен сос од домати или едно мало томатело, една лажица масло. Вегета, црн пипер и сол по вкус. Додадам 2 чаши вода и крчкам на тивко околу 2 часа. Со покриен капак. Да остане малку сос во садот, колку еден прст.
     
    На oblace1, manako1, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    61.633
    Пол:
    Женски
    За тесто:
    - 550г брашно
    - 300мл млако млеко
    - 100мл зејтин
    - 1 свеж квасец (или сув)
    - 1 лажичка шеќер
    - 1 лажичка сол

    За фил:
    - сецкана шунка
    - рендан кашкавал
    - сецкани маринирани печурки
    - кечап
    - оригано

    За одозгора:
    - јајце
    - сусам

    Најпрво измешајте го квасецот со малку млако млеко и шеќер да се активира. Потоа од сите состојки замесете тесто и оставете го да стасува. Треба да се дуплира во волумен.
    Измешајте ги сите состојки за филот во подлабок сад.
    Стасаното тесто поделете го на 8 еднакви дела, од секој дел формирајте топче. Секое топче расукајте го во кружна кора. На средина на кората нанесете од филот и преклопете ја на пола. Краевите притиснете ги со прсти, а потоа со вилушка, за да не истекува филот.
    Премачкајте со јајце, поросете со сусам и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

    20220703_110713.jpg

    20220703_115027.jpg
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.