Ти благодарам Повели за тортичката: За основа - 50г лешници - 50г бадеми - 50г индиски ореви - 50г кокос - 120г урми без семка За фил - 450г индиски ореви - 1 конзерва кокосово млеко - 100г бело чоколадо (стопено) - сок од 1 лимон - агаве сируп - 50г кокосово масло (стопено) - 1 лажичка сина спирулина *индиските ореви за филот треба да отстојат во вода преку ноќ *урмите треба да отстојат во вода 1-2 часа *за основата може да користите јаткасти плодови по желба, треба да бидат 150г вкупно *кокосовото млеко треба да биде отстојано во фрижидер најмалку еден ден, и се користи само цврстиот дел. Доколку е течно, нема да одговара за овој рецепт Сите состојки за основата обработете ги во процесор за храна или сецко. Потоа натапкајте ги на дното од калапот што ќе го користите. Оставете го во замрзнувач додека го подготвувате филот. Сите состојки освен сината спирулина ставете ги во high speed блендер. Обработете додека да добиете кремаста смеса. Агаве сируп додајте по вкус. Пола од филот истурете го врз подготвената основа и оставете во замрзнувач 20-тина минути. Во остатокот од филот додајте ја сината спирулина и обработете додека да добиете изедначена боја. Потоа додајте го синиот фил во калапот и израмнете. Оставете во замрзнувач преку ноќ или најмалку 6 часа. Потоа може да ја чувате тортичката во фрижидер.
Пита со тиква За тесто: 200г брашно 125г путер 80г шеќер во прав прстофат сол млеко по потреба За фил: 400г пире од тиква 1 конзерва засладено кондензирано млеко 2 јајца 1 лажичка цимет 1/2 лажичка мушкатно оревче прстофат ѓумбир прстофат сол За тестото измешајте ги брашното, шеќерот и солта, па додајте го путерот исечен на коцки. Втривајте го путерот во брашното додека се изгубат сите видливи парченца путер и смесата да почне да изгледа како песок. Додајте лажица - две млеко додека да добиете тесто што ја задржува формата. Не треба да биде лепливо. Формирајте топка, замотајте го со најлонска фолија и оставете го во фрижидер најмалку пола час. На набрашнета површнина, расукајте го тестото во кора, малку поголема од калапот што ќе го користите. Потоа ставете ја кората врз калапот и наместете ја убаво по рабовите, отстранете го вишокот тесто. Избоцкајте на неколку места со вилушка и ставете го калапот во фрижидер. За тоа време подгответе го филот. Во подлабок сад измешајте ги сите состојки убаво со жица. Потоа истурете го филот во калапот. Печете во загреана рерна на 160 степени околу 40 минути.
- 2 зрели банани - 180г шеќер - 120мл зејтин - 1 ванилин шеќер - 1 лажичка јаболков оцет - 250г брашно - 40г какао - 1 лажичка пециво - 1/4 лажичка сода бикарбона - прстофат сол -120мл млеко - 50г чоколадни капки (или сецкано чоколадо, ореви, лешници..) Бананата изблендирајте ја со шеќерот и ванилата. Додајте зејтин и оцет и измешајте со жица. Брашното, какаото, пецивото и содата просејте ги и додајте ги со постојано мешање. Додајте сол и млеко и измешајте добро. На крај додајте чоколадо или сецкани ореви по желба. Оставете дел за одозгора. Смесата префрлете ја во намрсен калап за печење (јас користев со димензии 10х20). Одозгора додајте чоколадо или сецкани ореви и печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.
Повели Вафли со јаболки - 230г брашно - 1 лажичка пециво - 3 јајца - 50г омекнат путер - 5 лажици шеќер - 1 ванилин шеќер - малку цимет - 150мл млеко - 1 поголемо јаболко - шеќер во прав за одозгора Брашното и пецивото просејте ги. Путерот изматете го со шеќерот и ванилата. Додајте ги јајцата едно по едно. Додајте ги млекото и брашното дел по дел со постојано матење. Јаболкото излупете го и исецкајте го на ситни и тенки парченца (може и рендано), додајте го во смесата и измешајте. Печете во загреан апарат за вафли по 2-3 минути. По желба, откако ќе се оладат поросете со шеќер во прав.
Здраво здраво! Дизајнираме платформа во Македонија која ќе ги соедини сите оние кои сакат до купат домашни производи/храна и оние кои имат желба да готват и произведуваат. Платформата ќе биде бесплатна само вашето успешно готвење може да ви носи профит. Ќе ве замолам кој има време и желба да ја одговори оваа анкета бидејќи многу ќе ни значи. Од вас ќе зависи колку би била успешна оваа идеја. Сакаме да ги поддржиме сите хоби-готвачи и љубители кои сакаат да си ги промовираат своите домашни рецепти. https://forms.gle/B2a7nsPgg2J68Gih6
@QweenSM ,обична пица,со мастраф #сештоимаво фрижидерот Тесто го месам од око.За 2 пици оваа големина,околу 600 гр. брашно,лажичка сол,во прстофат шеќер,филџанче јогурт,пола филџан зејтин,замесуваш,да надојде и расплескуваш во плекче.Фил што сакаш,јас ставив рендана шунка,рендан кашкавал,парчиња кулен и сланина,тркалца пиперки и оригано.