@Anika55 Аника свака час!! Една цела тетратка испишав со твои рецепти . Како готвиш жено алал да ти е ! Поготово па блачките работи ти се рај за очи Браво, браво , браво !!
@sani99 Многу вкусна и лесна за правење: - 250г кршени плазма кекси - 300г кисела павлака - 300мл слатка павлака - 2-3 лажици шеќер во прав - 20 крем бананки - 150г бело чоколадо - 100мл слатка павлака Изматете 300 мл слатка павлака со 2-3 лажици шеќер во прав. Додајте кисела павлака, кршени кекси и сецкани крем бананки. Измешајте се убаво со лажица и целатата смеса ставете ја во калап за торта. Белото чоколадо растопете го со 100 мл слатка павлака и истурете го врз тортата. Оставете во фрижидер да се стегне, најмалку 6 часа. Декорирајте по желба. На здравје
БРЗИ ГОНЗАЛЕС - 3 јајца - 12 лажици шеќер - 1 ванилин шеќер - 100мл зејтин - 120мл млеко - 1 пециво - 12 лажици брашно - 150мл вода - 150мл млеко - 10 лажици шеќер - 60г путер - 100г чоколадо за готвење Белките изматете ги со 6 лажици шеќер. Во посебен сад изматете ги жолчките со останатиот шеќер и ванилата. Додајте зејтин, млеко и пециво со постојано матење. Додајте го брашното дел по дел и матете на најниска брзина. На крај, додајте ги изматените белки и измешајте со лажица. Додајте ја смесата во намрсено тавче. Печете во загреана рерна на 180 степени 20-25 минути. Оставете да се олади. Во тенџере ставете вода, млеко, шеќер, путер и чоколадо и гответе додека чоколадото целосно се растопи. Оладената торта исечете ја на коцки и прелијте ја со жешката смеса. Оставете најмалку 6 часа да впие.
@АничеБананиче повели - 120г овес - 250мл жешко млеко - 2 зрели банани - 2 јајца - 3 лажици какао - прстофат сол - 1 лажичка пециво - јаткасти плодови (по желба) - 100г темно чоколадо - 50мл млеко *доколу сакате поблага тортичка додајте засладувач по желба. Овесот попарете го со млекото, измешајте убаво и оставете го 10 минути. Во посебен сад испасирајте ги бананите па додајте ги јајцата, какаото, пецивото и солта и измешајте убаво. Додајте го и омекнатиот овес и уште еднаш измешајте. Истурете ја смесата во калап за печење (20цм). По желба, одозгора додајте сецкани јаткасти плодови по избор. Печете во загреана рерна на 180 степени 35-40 минути. Чоколадото стопете го со 50мл млеко и додајте го врз оладената тортичка Спојлер Спојлер
Па ништо посебно, 2 печени компири, половина тиквица, 2 пржени јајца и ставив тостирани семки на крај. Брзо и едноставно ама држи ситост.
Мислев професија ти е да праиш слатки, ептен врвно изгледаат. Туку, тортава смее да се направи во металниот кружен калап (како тој подолу во рецептот на здравата торта што го имаш користено)? Дали филот со плазма и крем банани треба да се држи во фрижидер да се стегне пред да се посипе топеното чоколадо? И дали чоколадото топло се става врз филот?
Не, само хоби. Ти благодарам Може било каков калап со отстранливо дно. Јас користев силиконски бидејќи воопшто не лепи и многу полесно се отстранува (23цм). Инаку филот кога ќе се измазни убаво во калапот е доволно густ за веднаш да се полие со чоколадо ама може и пред послужување. Јас го ставив веднаш, и уште беше топло чоколадото (не жешко).
Повели. Изгледај го видеото за појасно. https://nmd.mk/achmi-turski-gevrechina-prevkusni-pamuk-meki-se-topat-vo-usta-za-merak/
Пита со афион Тесто 300г брашно 1 лажичка пециво прстофат сол 130г крем сирење 80г шеќер 6 лажици млеко 5 лажици масло за јадење Фил 250г афион 100г шеќер 80г путер 100мл млеко 1 јајце 50г суво грозје малку рендана кора од портокал Друго јајце за премачкување малку шеќер во прав 1. За филот во тенџере на оган ги загреваме путерот и млекото додека путерот не се растопи. Во друг сад ги мешаме афионот и шеќерот и врз нив го истураме загреаното млеко со путер. Мешаме добро, додаваме малку кора од портокал и суво грозје и оставме да се олади. Кога ќе се олади го додаваме и јајцето. 2. Во подлабок сад ги мешаме брашното, пецивото, шеќерот и солта. Ги додаваме крем сирењето, маслото и млекото и формираме тесто. Го делиме тестото на 3 дела (1 малку поголем и два еднакви дела). 3. Поголемиот дел од тестото го расукуваме во кора со пречник малку поголем од калапот што ќе го користиме (23цм). Ја префрлуваме кората врз калапот, ја местиме убаво на дното и од страните, го отстрануваме вишокот тесто. Врз првата кора додаваме половина од оладениот фил. Потоа ја расукуваме втортата кора со пречник колку калапот и ја местиме врз филот, па врз неа го додаваме и вториот дел од филот. Третиот дел од тестото го расукуваме во кора, сечеме ленти со дебелина по желба и ги редиме врз филот. 3. Ги премачкуваме лентите од тесто со разматено јајце и печеме во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути (додека не зарумени убаво). 4. Откако ќе се олади, поросуваме со шеќер во прав. @Kasiopaja221
- 400г свежи шампињони - 400г пилешки стек - сол, бибер по вкус - 1 лажичка кари - 500мл неутрална павлака *мерките се отприлика Печурките испржете ги на масло. Треба да пуштат вода, кога ќе почне да испарува водата додајте го пилешкото сецкано. Пржете 10-15 минути. Додајте сол и бибер по вкус и 1 лажичка кари. Измешајте добро и гответе уште неколку минути. На крај додајте ја неутралната павлака и гответе уште 5 минути. @Aerodromka