Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.627
    Допаѓања:
    61.601
    Пол:
    Женски
    1 чаша јаткасти плодови (ореви, бадеми, индиски ореви - по избор)
    2 лажици какао
    1 лажичка чиа семе
    15тина урми без семка
    1-2 лажици стопено кокосово масло
    150-200г чоколадо

    1. Најпрво сомелете ги јаткастите плодови. Потоа додајте какао, чиа семе и урми и обработете во процесор за храна или сецко. Кога се е убаво измешано, додајте мала количина растопено кокосово масло додека да добиете структура на тесто.
    2. Истурете го добиеното тесто врз хартија за печење и покријте го со уште едно парче хартија. Расукајте во подебела кора. Дебелината е по желба, може да биде 1-1,5цм. Со калапче за колачиња извадете форми и наредете ги на чинија обложена со хартија за печење. Реоформете го тестото, додека да го искористите целото. Ставете ги срцињата во замрзнувач 30 минути.
    3. Чоколадото растопете го. Јас користев комбинација од темно и розево чоколадо.
    4. Извадете ги срцињата од замрзнувач. Во секое срце протнете по едно стапче за ражнич и мацнете ги во стопеното чоколадо. Вратете ги на хартијата за печење додека да се стегне чоколадото. Декорирајте по желба.

    20220203_164628.jpg

    20220203_165203.jpg

    @PositiveVibes
     
    На PositiveVibes и mal.ecka им се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.073
    Пол:
    Женски
    @lovemme за макарони рецепт?Обожавам баш такви кажувај има сос некој и зачини?
     
  3. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.627
    Допаѓања:
    61.601
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aerodromka

    Aerodromka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    117
  5. La.RagazzaMisteriosa

    La.RagazzaMisteriosa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    10.844
    Пол:
    Женски
    На simoncelicius и Anika55 им се допаѓа ова.
  6. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.627
    Допаѓања:
    61.601
    Пол:
    Женски
    Еве го рецептот. Совршенство од вкус :)
     
    На mamaJana, Resana и simoncelicius им се допаѓа ова.
  7. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.970
    Пол:
    Женски
    Варените макарони ги ставам во тавче, ги попрскувам со масло па доматен сос после 5 минути салама и кашкавал рендан им ставам па мешам додека не се растопи кашкавалот од зачини лук во прав и оригано.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски
    На simoncelicius, joy1 и tincemajmunce им се допаѓа ова.
  9. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.334
    Допаѓања:
    28.264
    Пол:
    Женски
    На simoncelicius, joy1 и Poppins им се допаѓа ова.
  10. Baby-Blue

    Baby-Blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    155
    На simoncelicius и Anika55 им се допаѓа ова.
  11. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.627
    Допаѓања:
    61.601
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :)

    - 250г пишкоти
    - 150мл сируп од малина
    - 500г маскарпоне
    - 300мл слатка павлака
    - 150г шеќер во прав
    - ванила арома
    - 300г малини
    - 50г рендано чоколадо

    Изматете ја слатката павлака. Во посебен сад изматете го маскарпонето со шеќерот и ванилата. Додајте ја и изматената слатка павлака и измешајте добро.
    Секоја пишкота натопете ја кратко во сирупот од малини. Како замена за сируп од малини може да користите овошен сок, млеко или нескафе. Наредете ги пишкотите на дното од калапот што ќе го користите. Јас користев округол калап од 23цм. Врз тоа додајте половина од филот и израмнете. Половина од малините изгмечете ги со вилушка и распоредете ги врз филот. Потоа наредете уште еден ред пишкоти. Додајте го и вториот дел од филот. Украсете со рендано чоколадо и остатокот од малините. Оставете во фрижидер најмалку 6 часа.
     
    На Resana, simoncelicius и Baby-Blue им се допаѓа ова.
  12. Acka22

    Acka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2015
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    999
    Пол:
    Женски
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.627
    Допаѓања:
    61.601
    Пол:
    Женски
    @Acka22

    Повели:

    180г брашно
    80г какао
    прстофат сол
    пола лажичка пециво
    120г шеќер
    100г путер (собна температура)
    1 јајце
    1 лажичка ванила
    нутела, мармалад за филување
    шеќер во прав за поросување

    Во подлабок сад ги мешаме брашното, какаото, солта и пецивото. Во друг сад ги матиме путерот и шеќерот 3-4 минути. Го додаваме јајцето и ванилата и матиме кратко, додека да се соедини.
    Постепено ги додаваме сувите состојки кај смесата од путер и шеќер, матејќи со ниска брзина.
    Формираме тесто и завиткано во најлонска фолија го ставаме во фрижидер барем 1 час.
    Оладеното тесто го вадиме на набршанета површина (или врз хартија за печење) и го расукуваме во тенка кора (3-5мм). Пожелно е вака расукано да отстои во фрижидер уште 30тина минути, но не мора.
    Со помош на калапчиња вадиме форми по желба. Јас користев форма на срце во две големини. Половина ги правев без отвор, а на другата половина им направив отвор со помалиот калап.
    Печете во загреана рерна на 180 степени, 8-10 минути.
    Оставете ги колачињата целосно да се оладат пред да ги филувате. Јас користев нутела и мармалад од кајсии. По желба, може пред да ги лепите, горната страна на колачињата да ја поросите со шеќер во прав.
     
    На Acka22 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    @Kasiopaja221 Здраво. Дали може рецепт од тортата со овесни снегулки? Дека сакам идеи за здрави торти, а немам многу? :)
     
  15. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    46.247
    Пол:
    Женски
    Повели
     
    На Starchild, simoncelicius, dayla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    @Anika55 може рецепт за филот на тортата со готови кори?
     
  17. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.627
    Допаѓања:
    61.601
    Пол:
    Женски
    3 готови кори за торта
    150мл чоколадно млеко
    400мл слатка павлака
    400г маскарпоне
    300г смрзнати боровинки
    1 пакување желатин
    4 лажици вода (за желатинот)
    2 кесички ванилин шеќер
    6 лажици шеќер
    150мл слатка павлака
    150г темно чоколадо
    Желатинот ставете го во водата да набабри.
    Боровинките ставете ги во тенџере на оган, да се одмрзнат убаво. Додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер и мешајте да се растопи. Тргнете од оган и обработете со рачен блендер, додека да добиете пире. Додајте го желатинот и измешајте добро.
    Слатката павлака изматете ја во подлабок сад. Додајте го и маскарпонето и изматете. Потоа додајте го пирето од боровинки, и матете до целосно соединување. Од добиениот фил тргнете 5-6 лажици во сад, покријте со најлонска фолија и оставете го во фрижидер (за декорација). Остатокот поделете го на два еднакви дела.
    Чоколадното млеко загрејте го за подобро да впијат корите. Најпрво поставете една кора, натопете ја со 50мл чоколадно млеко, па ставете една половина од филот. Ставете ја и втората кора, потопете со 50 мл чоколадно млеко, па додајте го и вториот дел од филот. Завршете со кора, потопете ја со преостанатото чоколадно млеко и оставете ја тортата во фрижидер неколку часа.
    Чоколадото стопете го со слатката павлака. Истурете го чоколадото врз тортата (малку изладено) и кога ќе се стегне, декорирајте со филот што го зачувавте.
     
    На dayla и anastasijaki им се допаѓа ова.
  18. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    1.373
  19. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.627
    Допаѓања:
    61.601
    Пол:
    Женски
    @sani99
     
  20. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.627
    Допаѓања:
    61.601
    Пол:
    Женски
    150г бадеми
    100г ореви
    130г семки од тиква
    50г гоџи бери
    350г урми без семка
    250г путер од бадеми
    прстофат сол
    пола лажичка цимет

    Бадемите, оревите и семките од тиква ги ставаме во тава на загреана рингла. Ги тостираме 5-6 минути со постојано мешање. Ги оставаме да се оладат. Во процесор за храна или сецко ги додаваме урмите и путерот од бадеми. Ги обработуваме додека да добиеме изедначена смеса. Потоа ги додаваме солта, циметот, гоџи берите, бадемите, оревите и семките. Обработуваме додека да се изедначи смесата. Формираме топчиња со големина по желба. Чувајте ги во фрижидер во затворен сад или завиткани во најлонска фолија.