250г мелена плазма 125г стопен путер 400г маскарпоне 400мл слатка павлака 100г шеќер во прав 250г нутела 150г млечно чоколадо 100мл слатка павлака Мелената плазма ја мешаме со стопениот путер и ја натапкуваме на дното од калап за чизкејк. Калапот го ставаме во фрижидер. Маскарпонето го матиме со шеќерот, а слатката павлака ја матиме во посебен сад и ја додаваме кај маскарпонето. Филот го делиме на два дела. Во едниот дел ја додаваме нутелата (претходно загреана за да се измеша поубаво). Филот со нутела го додаваме во калапот и израмнуваме убаво. Потоа го додаваме остатокот од филот и израмнуваме. За преливот, го растопуваме чоколадото со слатката павлака, оставаме да се излади на собна температура и го додаваме во калапот врз филот. Треба да отстои во фрижидер преку ноќ пред послужување. Јас не ставив, ама за да се сечат поубави парчиња и да не се растекува може да се стави во филот и една кесичка желатин подготвен според упатството на кесичката. Се додава пред да се подели филот на два дела.
Повели: За Тесто 220г брашно 115г путер (ладен, исечен на коцки) 100г шеќер во прав 1 жолчка 60мл ладна вода малку ванила арома прстофат сол За Бадем крем 40г путер 50г бадеми 1 јајце 2 лажици брашно 50г шеќер Останато неколку јаболки јајце за премачкување шеќер во прав Брашното, шеќерот и ладниот путер исечен на коцки ги мешаме со прсти (ги втриваме). Потоа ја додаваме жолчката, ванилата и постепено водата додека не добиеме тесто од кое можеме да формираме плочка. Го виткаме тестото во најлонска фолија и го оставаме во фрижидер најмалку 2 часа. Кремот од бадеми го подготвуваме на тој начин што ги мешаме сите состојки во блендер (путер, бадеми, јајце, брашно и шеќер). Тестото го расукуваме во округла кора врз парче хартија за печење. Кората ја премачкуваме со кремот од бадеми на тој начин што оставаме 3 сантиметри од работ празни. Јаболките ги сецкаме на тенки резниња и ги редиме врз кремот. Ги завиткуваме навнатре рабовите на кората и со помош на хартијата ја префрламе галетата во фрижидер додека да се загрее рерната. Пред печење го премачкуваме тестото со јајце и по желба поросување со шеќер. Печеме на 180 степени додека да порумени (30-40 минути). Откако ќе се олади целосно, се поросува со шеќер во прав.
Основа 200г бадеми 200г лешници 4 лажици овесни снегулки 2 лажици меласа 2 лажици агаве сируп пола лажичка цимет Фил 400г индиски ореви (омекнати во вода преку ноќ) 2 конзерви кокосов крем (црвстиот дел) 12 лажици јаворов сируп сок од половина лимон 400г пире од тиква 1 лажичка ванила арома 1 лажичка цимет на врв на лажичка мелено каранфилче пола лажичка мелено морско оревче Најпрво ги мелеме лешниците и бадемите. Потоа ги додаваме и останатите состојки за основата и обработуваме се добро во блендер или процесор за храна. Добиената смеса ја натапкуваме на дното на калап со димензии 20х30цм. Го оставаме калапот во замрзнувач. Во блендер ги додаваме омекнатите индиски ореви, јаворовиот сируп, сокот од лимон и ванилата. Обработуваме трпеливо, додека да добиеме кремаста смеса. Го додаваме кокосовиот крем и обработуваме до соединување. Половина од смесата ја истураме во калапот врз подготвената основа. Го враќаме калапот во замрзнувач. Во остатокот од филот го додаваме пирето од тиква и зачините и обработуваме до целосно соединување. Добиената смеса ја истураме во калапот. Израмнуваме и оставаме во замрзнувач преку ноќ. Пред послужување, оставете го калапот на собна температура барем 20 минути. Исечете на коцки, а потоа чувајте ги во фрижидер (нема потреба да стојат во замрзнувач).
Урмите се сечат од една страна, се вади семката и се полнат по желба. Јас им ставив крем од сусам. Ги затвораме и ги ставаме во фрижидер да се стегнат убаво. После ги мацкаме во стопено чоколадо и може да се декорораат по желба
Едно од подобрите благи што сум ги направила 5 белки (од поголеми јајца) 250гр шеќер 15гр густин 1 капаче бел оцет 250гр маскарпоне 150мл слатка павлака 2 лажици шеќер во прав Ванила Овошје +малку шеќер во прав Белките се матат додека да станат пенести, постепено се додава шеќерот и се мати во цврста смеса. После се додава густинот и оцетот и се мати кратко додека да се соединат. Се пече во загреана рерна на 150° 25-30', на плех од рерна (поголем плех), на намрсена хартија за печење. На друг лист хартија се наросува шеќер во прав и кога е готова кората со горната страна се става на хартијата во шеќерот. Слатката павлака се мати но не премногу цврсто. Посебно се матат маскарпонето со шеќерот во прав и ванилата, па се соединуваат. Се премачкува кората со филот и се става овошјето, па се мота во ролат. Преубаво е, лесно за правење и многу освежително. + големо излегува, се исплати
200г мелени орео колачиња 100г стопен путер 1 лажичка инстант кафе 20г густин 1 лажица какао прстофат сол 1 лажичка инстант кафе 60мл слатка павлака 400мл млеко 100г шеќер 120г темно чоколадо 1 голема лажица путер (исецкан ситно) 180мл слатка павлака 20г шеќер во прав струганици од чоколадо Мелените орео колачиња ги мешаме со 1 лажичка инстант кафе и го додаваме растопениот путер. Кога ќе добиеме смеса слична на мокар песок, ја натапкуваме на дното и од страните на чинија/калап за пита (20цм). Оставме во фрижидер. Густинот го мешаме со какаото, солта и кафето. Додаваме 60мл слатка павлака и разматуваме убаво со жица (да нема грутки). Во тенџере на оган, го ставаме млекото со шеќерот и чоколадото. Загреваме додека чоколадото целосно се растопи. Тргаме од оган и дел од смесата со млеко ја додаваме во садот со густин и какао. Мешаме убаво и потоа целата смеса ја враќаме во тенџерето и на оган. Готвиме уште неколку минути со постојано мешање (додека да згусне). Тргаме од оган и додаваме 1 лажица путер (и ванила арома по желба). Мешаме додека се растопи путерот. Го додаваме филот врз подготвената основа, покриваме со најлонска фолија (да го допира филот за да не се создаде кора). Оставме во фрижидер најмалку 6 часа, најдобро преку ноќ. Пред да дегустација изматете слатка павлака со шеќер во прав и додавајте ја врз филот. Врз слатката павлака декорирајте со струганици чоколадо (или рендано). За чизкејкот: