1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    И јас сакам рецепт ако може
     
  2. La.RagazzaMisteriosa

    La.RagazzaMisteriosa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    10.844
    Пол:
    Женски
    Повелете рецепт
    Пита од јаболка

    За тестото:
    едно големо јајце (50гр)
    550гр брашно
    10гр сол
    200гр путер
    100гр вода
    100гр шеќер

    За филот:
    1кг јаболки исечкани на кришки
    100гр шеќер
    малку цимет
    25гр пченкарен скроб (може да се замени со 15-20гр брашно)
    сок од половина лимон

    Путерот треба да биде мек, но не стопен. Измешајте го со миксер путерот со шеќерот и солта, потоа постепено додајте ја водата и јајцето. Потоа додајте го брашното и замесете го тестото додека не стане изедначено и еластично.
    Јаболките излупете ги непосредно пред да ги употребите, во спротивно ќе потемнат. Исечете ги на тенки кришки, посипајте ги со шеќер и сокот од лимон, додајте цимет и измешајте.

    Тестото развлечете го во тенка кора: треба да подготвите два круга. Еден поголем со кој ќе обложите едно округло тавче од околу 24-26 цм дијаметар и еден помал кој ќе го употребите како капак. На дното на тортата изронете трошки од леб или од суви бисквити, колку да ја покриете површината.
    Во меѓувреме јаболките кои ги посипавте со шеќер и лимонов сок сигурно пуштиле малку вода. Истурете ја, но не целата. Непосредно пред да ги употребите, посипајте ги со пченкарниот скроб и измешајте добро. Тој ќе ја упие водата која јаболките ќе ја испуштаат за време на печењето и ќе се создаде вкусен густ сируп.
    Ставете ја целата количина јаболки во плехчето обложено со тесто. Поставете го и другиот круг од тесто (пред да го направите тоа не е лошо да го избоцкате со вилушка за да ја пропушта пареата при печење), добро запечатете ги рабовите, премачкајте со стопен путер и посипајте шеќер и цимет. Печете на 180°C околу 1 час.
     
    На StrawberryHeart, Catherayn, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  3. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Давај рецепт за плескавицата, конечно имам време да правам ручек!
     
  4. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.172
    Веднаш @kjukli :D Таман сега вака доцна да ти отворам апетит :D

    Спанаќот свари го, ако готвиш за 2-3, 1 кг ќе ти биде доволно. Откако ќе се свари убаво исцеди го, да не остане вода во него речиси воопшто. На тивок оган запржи во малку масло кромид, лук, магдоноз и додаj зачини и пржи додека да омекне сето тоа убаво. После нарендаj или тенко исецкаj кашкавал, и во сад измешаj го спанаќот, запржката, кашкавалот. Додаj сол, две jајца предходно изматени и лебни трошки по потреба (мене на волкаво кол.смеса ми беа доволни 70тина грама некаде). Убаво се измешаj, и после прави форми и пржи на средна накаj слаба температура, треба да пазиш да не загорат, но и да не почнат да ти се сушат.

    Додаj повеќе кашкавал, повкусно ќе биде, околу 200 гр. на 1-1.5 кг спанаќ.
     
    На anel, kjukli, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
  6. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.046
    Допаѓања:
    71.626
    Пол:
    Женски
    На kjukli, Winter Lady и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  7. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Sekako :)
    6jajca, 1vanila i 300gr seker se matat da bide epten gusta smesata. Potoa se dodavaat 400gr brasno i 1 pecivo i se mesa so lazica. Se stava vo tavceto hartija za pecenje i se stava smesata, se pece na 250, a prethodno rernata da se zagree okolu 5min. Se pece odprilika 15/20min koga ke zamirisa na vkusno testo se vadi :D Se vadi od hartijata i se ostava da se izladi. Vo megjuvreme vo tavceto se stava 500gr hopla (nematena) i se dodava testoto (izladeno) i se posipuva odozgora so 1l ladno mleko. I se premackuva so karamel (go ima vo vero i kam).

    Nema promasaj ;) Bon Apetit!
     
    На Mayyya, Mariangel и macka91 им се допаѓа ова.
  8. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @Winter Lady, @LivingGlam и другите кои беа заинтересирани за „Петок 13-ти“ тортата. Се извинувам што доцнам цела недела. Сега рецептот:

    За тесто е потребно:
    • 5 белки
    • 5 лажици шеќер
    • 5 лажици брашно
    • 5 лажици мелени ореви
    • 2 пакувања ванилин шеќер
    • 1/3 пециво
    • 20 g рендано чоколадо
    Се матат прво белките со шеќерот и ванилите, па потоа се додава брашното со пецивото, па потоа останатите состојки. Се пече во рерна на 180-200оC, зависи колку јака рерна имате. Со чепкалка ќе проверите кога ќе биде готово. После печењето се прелева со малку млеко помешано со рум.

    За фил е потребно:
    • 2 пудинзи од ванила
    • 600 ml млеко
    • 1 маргарин
    • 100 g шеќер во прав
    • 1 шлаг крем, цврсто изматен или 250 ml хопла, по желба
    Пудинзите се варат во млекото и се оставаат да се изладат. Маргаринот се мати со шеќерот во прав, па му се додава изладениот пудинг. Кон смесата се додава шлагот/хоплата.

    *Бидејќи остануваат 5 жолчки, има две опции со нив:
    1. Да се изматат со 5 лажици шеќер и да се додадат кон горниот фил или (ако ви е шубе така)
    2. Да се сварат на пареа со шеќер и да се додадат кон горниот фил.
    Добиениов фил се дели на 2 дела:

    I дел: се додаваат 100 g мелени ореви и 50 g стопена чоколадо (може и бела, да се разликуваат)
    II дел: се додаваат 100 g мелени бисквити, малку рум и 50 g црно чоколадо

    Начин на филување: Врз тестото (пандишпанот) се става прво од чоколадниот фил, се редат 1 ред бисквити натопени во млеко и рум, па потоа се става од филот со мелени бисквити, па се реди повторно ред од натопени биксвити. На крај целата торта се премачкува со шлаг крем од ванила или хопла и се декорира по желба (со рендано чоколадо, со мелени бисквити или со мелени ореви).

    Бон апетит!!!! :^:

    [​IMG]
     
    На vanigogo, StrawberryHeart, Salome и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Ти па шо му се сеќираш мислиш ние одма ке правиме.Ке засукаме рацете.Мрзли сме.Јас кога ке побарам рецепт не е важно и после 1 месец да е важното да го испробам кога тогаш.Да си кажам патем да го испробате тирамисуто на @AngelOfArh јас го направив синоќа и многу го бендисав.Иако го изменив малку.И да се пофалам дека несакајќи ми се избришаа убавите слики наместо да ги префрлам :headbang:.
    12273069_1004840412892285_1858272016_n.jpg 12270040_1004840459558947_1458503350_n.jpg
    Еве и слика од штрудлата со јаболка, морав да ставам портокалово заради приватност.Во телефонот белким ке можам подобро да си исечам сликите. CAM07379.jpg CAM07390.jpg
     
    Последна измена: 19 ноември 2015
    На DVAANGELA, zalosna, Abrakadabra и 3 други им се допаѓа ова.
  10. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
     
    На Slatkarka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    @Mrs.Bass може рецептче од АЧМИ? Ми изгледаа ко кифлички, ама описот ме заинтересира повеќе. :)
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    http://moirecepti.mk/post/ачма-2/

    во потполност према рецептот..моето полнење беше со мсалинки и сирење
    премекиии и преубави...дури денес и за ручек си земав :lol:
     
    На galapce, Abrakadabra, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    @Lady Phoenix До именачкава неколку прашања :mm:

    • Во која бројка тавче го печеше?
    • Може ли од 1 кг. млеко во филот оди 600 мл. а останатото 400 мл. да го ставам врз пандишпанот или мислам дека ќе е многу 100 гр. би биле доволни.
    • Која опција е подобро да се примени со жолчките.Зошто ако се изматат со миксер ќе бидат потечни, а ако се сварат на пареа ќе бидат погусти.Ти како направи.Јс мислам дека на пареа е подобро.
     
  14. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.026
    Пол:
    Женски
    @SuperGirl24 рецепт од веселата торта ако може ?
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    @Val-Dim

    Рецепт за затворената пица? :)
     
  16. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
  17. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Тирамису
    Потребно:
    -чаша кафе
    -4 жолчки
    -100гр шеќер
    -120мл ликер или слатко вино
    -450мл маскарпоне
    -360мл слатка павлака
    -300гр пишкоти
    -какао

    Правиш чаша кафе (јас ставам една ипол лажилка нес и 150мл вода). Жолчките ги ставаш во сад на тивок оган и мешаш додека да омекнат. Го додаваш шеќерот и ликероот. Непреќинато мешаш, да нема грутки. Ја матиш смесата со миксер да се згусне. И го тргаш од оган. Го ставаш да се излади. Маскарпонето го ставаш во подлабок сад и го мешаш со дрвена лажица, да стане поглатко и кремасто. Ја матиш павлаката во друг сад и ја додаваш. Ги додаваш изладените жолчки и мешаш. Пишкотите една по една ги топиш во кафето и ги редиш во чинија. Одозгора го ставаш филот. Редиш пак пишкоти, и ставаш фил. На крај со сеалка посипуваш какао. И тирамисуто го ставаш во фрижидер 4 часа. И потоа е спремно за јадење.
    http://forum.femina.mk/attachments/2015-11-17-14-08-07-jpg.228329/

    Чинијава мене уствари ми е сад во кој што истотака и печам, но може и да се замрнува. Може да биде меко тирамисуто, па да се разлева и затоа го ставам вака да биде обиколено од сите страни, а не во обичен сад за торта.
     
    На Abrakadabra, savana и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    61.354
    @joy1 рецептот е многу едноставен...
    Затворена пица
    1 чаша вода
    1 чаша зејтин
    1 чаша млеко
    3 мали лажички шеќер
    1 голема лажица сол
    1 свеж квасец (1 1/2 сув квасец)
    1 кг брашно
    *** Чашата за мерење на течностите е од 200 мл...
    Се замесува тесто од сите состојки - водата и млекото треба да бидат млаки, а квасецот „стасан“!!! Добро измесеното тесто се дели на топчиња и од секое се расукува кора не многу тенка. На пола од кората се става кашкавал, печирки, шунка, маслинки, кечап, оригано... и се преклопува со остатокот од кората. Се завиткува убаво по краевите за да не „истече“ полнењето, стасува и се пече!!!
    Од истото тесто, ако Ви е многу за пица, можете да свиткате кифлички...
     
    На anel, Abrakadabra, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  19. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    @vickyy90 mila ako mozi recept za vanilicite:)
    @Winter Lady mila recept ako mozi od Eklerite:)
    I @Natali.3 srcko i ti ako mozis da mi napisis recept od gevrecinjata ce bidam cela happy:rofl:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    10.356
    Пол:
    Женски
    @mirandaa како го правеше интегралното лепче?Превкусно изгледа.(y)
     
    На mirandaa му/ѝ се допаѓа ова.