Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Marble

    Marble Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    18.028
    Ели, може рецепт за пастрмајлиите ^_^
    Натали рецепт за панцеротите ако може
    Ии за кукис-ов :smirk:
     
    На simoncelicius, Natali.3 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.876
    Пол:
    Женски
    Тесто
    10 Белки
    прстофат сол
    250г шеќер
    150г мелени ореви
    15г презла

    Фил со кафе
    3 лажици инстант кафе
    200мл жешка вода
    5 жолчки
    20г брашно
    100г шеќер
    100г путер (собна температура)

    Фил со ореви
    100мл жешко млеко
    150г мелени ореви
    100г путер (собна температура)
    100г шеќер во прав

    Фил со чоколадо
    5 жолчки
    100г шеќер
    2 лажици млеко
    100г чоколадни капки (или сецкано чоколадо)
    100г путер (собна температура)

    Декорација
    250мл слатка павлака
    рендано чоколадо
    сецкани ореви

    Белките ги матиме со прстофат сол, постепено додавајќи го шеќерот. Кога ќе добиеме црвст снег ги додаваме оревите и презлата и мешаме убаво со лажица. Го распоредуваме тестото во тенок слој на плех (40х32цм) обложен со хартија за печење и израмнуваме. Печеме во загреана рерна на 180 степени 20-25 минути. Оставме целосно да се олади.
    За филот со кафе го раствораме кафето во жешката вода. Жолчките ги матиме со 20г брашно. Шеќерот го топиме во тенџере на оган. Кафето го додаваме во смесата со жолчки. Кога ќе се карамелизира шеќерот целосно, тргаме од оган и ја додаваме смесата од кафе и жолчки. Враќаме на оган и готвиме со постојано мешање околу 5 минути. Карамелата треба целосно да се растопи и да се згусне смесата. Оставаме покриено со налонска фолија да се лади. Кога ќе се олади додаваме путер и мешаме убаво.
    За филот со ореви ги потопуваме мелените ореви со жешко млеко и мешаме убаво. Путерот го матиме кратко со шеќерот во прав и кога ќе се оладат оревите го додаваме и мешаме убаво.
    За филот од чоколадо ги матиме жолчките со шеќерот. Додаваме 2 лажици млеко и чоколадото и готвиме на пареа (врз тенџере на оган со вода која врие) до целосно растопување на чоколадото. Оставаме да се олади, а потоа го додаваме и путерот.
    Печеното и оладено тесто го сечеме на три еднакви дела (по должина). Ја ставаме првата кора, потоа филот со кафе, па втората кора, па филот со ореви, третата кора, па филот со чоколадо. Тортата ја премачкуваме со тенок слој од филот со чоколадо и од страните. Оставаме во фрижидер најмалку 6 часа или преку ноќ.
    Слатката павлака ја матиме со шеќерот и ја премачкуваме тортата. Декорирав и со малку рендано чоколадо и сецкани ореви.
     
    На Marble му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Значи те напнавме со рецептиве и знам дека мене не ми испаѓа вака прекрасно како кај тебе ама се трудам.
    Можеш за ова рецепт да пишеш?
     
  5. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Кукис

    140 гр брашно
    105 гр шеќер
    85 гр маргарин
    1 јајце
    1 лајче пециво
    1 ванила
    Прстофат сол
    50 гр чоколадо
    (За чоколадни + 1 лајче какао)

    Маргаринот се топи, во него се додава јајцето, се меша, па се додаваат останатите состојки. Целата смеса се меша, се формираат топчина и се редат понадалеку во плехот. Се печи на 190°, 12 - 14 min.

    Панцероти

    Замесувам тесто (1 квасец, малку сол, масло 2 до 3 лајци, 1 чаша кисело млеко, вода и брашно по потреба), го месам и оставам да стаса. Кога ќе стаса, го делам на топчина, ги расукувам и ставам од филот. Ги затворам, одозгора ги премачкувам со жолчка од јајце и наросувам со сусам и оригано.
    ФИЛ: шунка, кашкавал, кечап, босило, оригано, печурки.
     
    На simoncelicius, mal.ecka и Antolinaa им се допаѓа ова.
  6. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    18.028
    Тестото за панцеротите понамеко да е? Иии квасецов на страна го активираш? :tmi:
    Извини што замарам, ама со тесто сме во love-hate relationship. Те го погодувам, те ни мачките со млеко не го јадат фризби можеш да играш :rofl:
     
    На Mother of 2boys, simoncelicius, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Сега го видов ова.
    Темав зелка во тегла од Кипер, ја измив и насецкав.
    Еден кромид, морков насецкани се пропржуваат, па додадов мелено месо околу 400 гр, рендан компир и 2 шољи ориз (претходно потопен кратко во вода и измиен), па додадов зачини, сол, вегета, црн и црвен бибер лук во гранули.
    Настрана зоврев околу 1л вода со скоро истите зачини плус ловоров.
    По правило се реди ред зелка, па ред месо ама јас помешав се, ставив вода и ставив да се пече.
    После за јадење ја мешам со кисела павлака
     
    На simoncelicius и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.876
    Пол:
    Женски
    Немам точно мерки, обично павлова правам кога ќе ми останат белки. Отприлика вака:

    6 белки
    350г шеќер
    1 лажичка густин
    малку сок од лимон
    200мл слатка павлака
    150г смрзнати или свежи јагоди
    (или јагоди во прав)
    Шеќер во прав
    Свежо овошје за декорација

    Белките е најдобро да бидат на собна температура. Се матат додека да почнат да се зацврстуваат а потоа се додава шеќерот, лажица по лажица, со постојано матење. Кога шеќерот целосно ќе се стопи се додава густинот и лимонот. Треба да се добие цврст и мазен снег од белки.
    За конкретнава торта е поделен на три дела. На хартија за печење со моливче си нацртав кругови во три големини. Во круговите со лажица го распоредив снегот од белки, на тој начин да биде плочка со блага вдлабнатина во средина (за фил).
    Плочките се печат во загреана рерна на 100-110 степени околу 90 минути. По печењето најдобро е да ја исклучите рерната и без да ја отварате да оставите да се олади внатре. За филот, јагодите се одмрзнуваат и се пасираат со рачен блендер. Се мати слатката павлака се додава шеќер во прав по вкус и пирето од јагоди. Наместо смрзнати може да се стави 1-2 лажици јагоди во прав. Се филува тортата - најголемата плочка доле, па фил, па втората плочка па фил и на крај најмалата плочка, фил, па свежо овошје за декорација. Може врз филот да се додаде и стопено чоколадо, сецкани јагоди, нутела.. Тортата е доста кршлива и ронлива ама ништо што не може да се корегира со фил и декорација :)
    И сигурна сум дека ќе ти излезе прекрасно :)
     
    На Mantub, mal.ecka и Emotional123 им се допаѓа ова.
  9. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Да понамеко да е, ако лепи на рака, стави му масло малку и остави го да стаса.
    Квасецо го ставам во сад, му турам малку шеќер и млака вода, оставам да се растопи. Во голем сад го турам квасецо, му турам 2 до 3 лажици масло, сол, 1 чаша кисело млеко, 2 чаши вода и брашно по потреба.

    Ништо не е проблем. ;)
     
  10. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.876
    Пол:
    Женски
    @anggell

    Не е само фил, има и малку тесто :)
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.905
    Допаѓања:
    6.669
    Пол:
    Женски
  12. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.876
    Пол:
    Женски
    @anggell

    250г мелени бисквити
    120г стопен путер
    малку овошен сок
    500г крем сирење (собна температура)
    250мл слатка павлака
    300г малини (смрзнати или свежи)
    200г бело чоколадо
    150г шеќер во прав
    1 кесичка желатин
    Ванилин шеќер

    Мелените бисквити се мешаат убаво со стопениот путер и се натапкуваат на дното од калап за чизкејк (24цм). Се остава во фрижидер да се стегне додека го подготвуваме филот.
    Малините (одмрзнати или свежи) се обработуваат во блендер. Добиената смеса е пожелно да се помине низ цедалка за да се отстранат семчињата.
    Чоколадото се растопува и се остава да се олади, а слатката павлака се мати во посебен сад. Желатинот се подготвува според упатството (прво да набабри во помала количина вода, па потоа се растопува во микро).
    Крем сирењето го матиме со шеќерот и ванилата додека да се соединат, се додава стопеното чоколадо, па изматената слатка павлака и на крај растопениот желатин. Филот се дели на два дела. Eдниот дел се истура во калапот врз подготвената основа од бисквити, убаво се израмнува и се враќа во фрижидер. Во другиот дел се додава пирето од малини и убаво меша. Добиената смеса се истура во калапот врз првиот фил и се израмнува. Треба да отстои минумум 6 часа во фрижидер пред да се сече.
     
    На Glowy, anggell и Natali.3 им се допаѓа ова.
  13. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.713
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.577
    Допаѓања:
    60.876
    Пол:
    Женски
    Основа
    1 чаша лешници
    50г какао
    3 лажици агаве сируп
    прстофат сол

    Светол фил
    1 чаша индиски ореви (омекнати во вода преку ноќ)
    30г путер од лешници
    50г кокосово масо (растопено)
    30мл јаворов сируп
    30мл вода

    Темен фил
    2 чаши индиски ореви (омекнати во вода преку ноќ)
    60г путер од лешници
    100г кокосово масло (растопено)
    60мл јаворов сируп
    50г какао
    60мл вода
    прстофат сол

    Сите состојки за основата ги обработуваме во процесор, додека не се сомелат убаво лешниците. Смесата ја натапкуваме на дното од калап за чизкејк (20х10цм) и оставаме во фрижидер.
    Го обработуваме сите состојки за светлиот фил во блендер, додека не добиеме совршено кремаста смеса, без грутчиња.
    Во чист блендер ги обработуваме сите состојки за темниот фил, додека не добиеме сосема мазна смеса.
    Една третина од темниот фил ја истураме во калапот врз основата и оставаме во замрзнувач 1 час. Потоа додаваме половина од светлиот фил, па повторно оставаме во замрзнувач да се стегне околу 1 час. Додаваме уште една третина од темниот фил, па светлиот и завршуваме со темниот фил на истиот начин. Оставаме во замрзнувач преку ноќ.
    Откако ќе се стегне, може да стои во фрижидер, не мора да се враќа во замрзнувач.
     
    На tambelina и Miss_S им се допаѓа ова.
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    8.556
    Пол:
    Женски
    Жени рецепти дајте.
    И не знам за вас ама мене темава ми е хаотична.
    Можеби е најпаметно на посложените јадења од типот на торти колачи и се што не е обични прженици или секојдневни ручеци, да се пишува под слика во спојлер кога се става самата слика?
    Или овде со рецептот да се постира и сликата?
    Затоа што има еден куп цитати темава, рецепти а појма немаме кој е за што.
     
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.936
    Допаѓања:
    123.502
    @simoncelicius моево е омлет:)
    На нелеплива тава редев сланина да се запече , па брокула, јајцата ги полеав, па нарендав кашкавал и сиренце :)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Може за ова рецептче?
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.668
    Допаѓања:
    167.973
    Пол:
    Женски
    1. Ги рехидрираш во топла вода 10-15 минути.
    2. Во меѓувреме смати презла со зачини. Јас ставив: шарена сол, пипер, чили, сув магдонос, босилек, мајоран, рузмарин.
    3. Можиш од вода да цедиш и да ги валкаш во презлата. Или смати јајце и макај ги прво таму. Можи и друга течност, пример ( растително) млеко.
    4. Deep fry.
    IMG_20221115_174921.jpg
    Сосчето е лајца ( посен) мајонез, лајче сенф и кисели краставички мешани.
     
    На Цунами и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    46.177
    Пол:
    Женски
    Кој имаше рецепт за Поп Кек? Ќе ја тагнам @Love 83 мислам дека беше :wasntme:
     
    На Love 83 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  20. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    18.028
    IMG_20221119_105451.jpg
    Само немам запишано дека откако ќе се испече се прават дупчиња со поголема сламка или дрвена лажица, па после се става глазурата.
    Рецептов од форумов ми е, ама од кого не памтам :lol:
     
    На Maraya✓, Anika55, Love 83 и 3 други им се допаѓа ова.